Tag Archives: мраз

Мраз се чисти од улици во ова германско градче во сред лето (Видео)

Силно невреме го погоди германскиот град Ројтлинген во провинцијата Баден-Виртемберг, каде за краток временски период паднаа над 30 сантиметри град, поради што теренот мораше да се чисти со собирачи за снег.

Во комбинација со лисја и отпад, парчиња мраз ги блокираа одводните цевки, кои поплавија гаражи, подруми и станбени згради, јавуваат локалните медиуми.

Нивото на реката во овој град набрзо се покачило за 1,50 метри, но за среќа не се излеало од коритата. Техничките служби и пожарникарите имаа полни раце работа, а на улица излегоа и багери.

ДВЕСТА МИЛИОНИ Американци во студ и мраз ќе ги дочекаат празниците

– Повеќе од 200 милиони луѓе во САД се засегнати од студот и невремето проследено со мраз и снежни виулици што го зафати континентот во деновите пред престојните празници.

Мразот и опасните услови го пореметија одвивањето на сообраќајот во поголемиот дел од земјата, со откажани илјадници летови.

Во многу сојузни држави условите се премногу опасни за возење, предупредуваат властите, бидејќи милиони Американци излегуваат на патиштата и се упатуваат кон аеродромите за да ги прослават престојните божикни и новогодишни празници.

Со денеска на пладне се регистрирани повеќе од четири илјади откажани летови, а најпогодени се аеродромите во Сиетл на северозапад, Њујорк, Чикаго на север и Детроит.

Во округот Ири во американската сојузна држава Њујорк беше прогласен и полициски час.

Повеќе од милион Американци денеска напладне останаа без струја во сојузните држави Северна и Јужна Каролина, Конектикат и Тексас.

Проценките на Американското здружение на возачи се дека околу 112 милиони луѓе треба да поминат најмалку 80 километри во периодот од денеска до 2 јануари.

Неколку држави прогласија вонредна состојба, како што се Њујорк, Оклахома, Кентаки, Џорџија и Северна Каролина.

Интензивни врнежи од снег се регистрирани во северните делови на САД, особено во регионот на Големите езера.

Oтштета ако се повредите при паѓање на снег или мраз на неисчистени улици или тротоари?

Снегот кој е присутен деновиве во Македонија не ги изненади локалните власти. Дел од улиците, тротоарите, главните патишта се расчистени, дел се затрупани со снег и мраз. 

Скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете се регистрираат после секое веење на снег како последица на замрзнати неисчистени тротоари, патеки и улички. 

Неисполнувањето на законските обврски и должности од општините за расчистувањето на снегот претставува нарушување на правата на граѓаните, особено во поглед на правата кои произлегуваат од уставно загарантираните права за животната средина и опкружувањето. 

Настраданите граѓани од нерасчистените снег и мраз може да поднесат тужба против локалните власти и локалното комунално претпријатие од општината во која живеат, бидејќи според Законот за јавна чистота, таа одговорност им припаѓа ним. Ако тужителот го добие спорот против тужениот субјект од локалната самоуправа, потоа оди во граѓанска парница, т.е. покренува спор пред надлежниот граѓански суд, за надомест на штета.

Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи. Во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите“, се вели во Законот за јавна чистота.

Глоба од 1.000 евра следи за правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред објектот, а од 4.000 евра за правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови. Исто така, глоба во висина од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице следи и за одговорното лице во правното лице.

Цел текст на skopjeinfo.mk