Tag Archives: мутација

За заштита од Oмикрoн сојот можеби ќе биде потребна и четврта доза од вакцините

Две дози од оваа вакцината „Pfizer/BioNTеch“ не претставуваат силна заштита од новата омикрон варијантата на коронавирусот, па затоа се препорачува и засилувачка доза, а првите луѓе на американскиот фармацевтски гигатн „Pfizer“ соопштија дека можеби ќе биде потребна и четврта доза за заштита од овој сој.

Дополнителната ткн „бустер“ доза од вакцината би помогнала да се сконтролира сојот, иако и две дози даваат некаква заштита од сериозна форма на коронавируснта болест Covid-19 предизвикана од омикрон варијантата, покажале лабораториските тестови, пишува весникот The Washington Post.

Меѓутоа, Алберт Бурла, извршниот директор на „Pfizer“, за американските медиуми изјавил дека четвртата доза би можела да биде потребна 12 месеци по третата, а можеби и порано.

„Верувам дека третата доза ќе даде добра заштита, но мислам дека ќе ни биде потребна и четврта доза за заштита од омикрон. Со овој сој ништо не се знае, мораме да почекаме и да видиме што ќе се случува, бидејќи имаме многу малку информации. Можеби четвртата доза ќе треба да се прими и за помалку од 12 месеци по третата“, изјавил Бурла за телевизиската мрежа CNBC News.

Во САД досега се регистрирани 40 случаи на сојот омикрон, а повеќето од заболените се со поблаги симптоми. Откако првично беше идентификуван во земјите во јужна Африка, новата мутирана варијанта заочна забрзано да се шири и во европските земји, но и натаму претставува мистерија за научниците, бидејќи нема доволно информации за него.

Омикрон дојде на Балканот, првиот случај на новиот сој во Грција

Грција го потврди првиот случај со сојот Омикрон. Новиот сој стигна и на Балканот. 

Генетичарите велат дека потребно е време да се дознае колку новиот Омикорн ќе биде опасен со симптомите. Професорката Марија Гњатовиќ од Инстиутот за примена на нуклерана енергија е во Скопје каде со Инситутот за имунологија почнуваат соработка и истражување поврзани со ковид. Таа и професорот Петличковски се согласуваат дека кај новиот сој омикрон вакцината ќе штити во некоја мера но и колку ќе штити и природниот имунитет.

– Има повеќе од десет промени во однос на делта сојот, но не се знае како ќе влијае на преносливоста, но дали ќе предизвика потешки симптоми или не. Најголемата грижа е дека настанале промени на S протеинот кој клучен основ за развој на сите вакцини кои досега е применуваат и може вакцините да бидат помалку ефикасни за тој нов сој, но тие испитувања сега се работат и првата инфорамција ќе биде за неколку недели,вели проф. др. Александар Петличковски институт за имунологија и генетика..

Гњатовиќ со нејзин тим и тим од Иниституот за имунологија почнуваат проект каде ќе се испитува важноста на антителата и кои тестови ќе бидат потребни во иднина за подобро решение за мерење на антителата.

„ Антителата не се единствен начин на проверување на имунитетот и не може само на основ на нив да докажуваме и да тврдиме дека е потребна трета доза, но секако нивото на антитела укажува на тоа дали се добро сме одговориле на вакцината или на природната инфекција“, вели Гњатовиќ.

Светот и науката се пред нов предизвик во наредните недели ќе се знае дали ќе се добие „супер“ вакцина кој ќе штити од сите досегашни соеви и нови мутации.

Д-р Даниловски апелира Македонија да го следи примерот на Израел и да ги затвори границите

И Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се забави инвазијата на новата варијанта, вели епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Даниловски вели дека нема да можеме да го спречиме омикрон да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

Сега веќе повторно доаѓа предвид повторно строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите, вели епидемиологот, според кого Македонија треба да го следи примерот на Израел.

Оваа земја ги запре воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци во земјата.

Ова се симптомите на новата МУТАЦИЈА, светот се затвора заради новиот сој

Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка која ги предупреди властите за пациентите со новата варијанта на коронавирусот – омикрон, изјави за британски „Телеграф“ дека симптомите на новиот вид се необични, но благи.

Д-р Коици истакнала дека првпат забележала дека е можно да се појави нова варијанта кога во ноември во нејзината приватна ординација во Преторија почнале да доаѓаат пациенти со симптоми на ковид-19 кои на почетокот немале смисла, пишува британски „Телеграф“.

Меѓу нив имало млади луѓе од различно потекло и националност кои се пожалиле на чувство на интензивен замор, но и едно шестгодишно дете кое имало многу забрзан пулс. Сепак, ниту еден од нив немал губење на сетилот за вкус или мирис.

„Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што порано сум ги лекувала“, рекла д-р Коици, општ лекар со 33-годишно искуство.

Кога на 18 ноември четворица членови од едно семејство биле позитивни на тестот за ковид-19, а од симптомите имале само целосна исцрпеност од симптомите, таа го информирала советодавниот комитет за вакцини за исходот.

Д-р Коици истакнала дека околу две десетини од нејзините пациенти се позитивни на коронавирусот со симптомите на новата варијанта. Главно, тоа биле здрави мажи кои кај неа доаѓале жалејќи се на „неопислив замор“. Таа додала и дека приближно половина од нив биле невакцинирани.

– Имавме еден многу интересен случај, дете на околу шест години, со температура и многу висок пулс. Прашав дали треба да го хоспитализирам. Но, кога го испратив случајот два дена подоцна, беше многу подобро – раскажала докторката.

Д-р Коици нагласила дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но е загрижена дека варијантата омикрон би можела лошо да влијае на постарите луѓе, со придружни болести, како што се дијабетесот или срцевите заболувања.

„Она за што сега мора да се грижиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, ќе видиме многу луѓе со тешка форма на болеста“, рекла таа.

Варијантата B.1.1.529, наречена омикрон, првпат беше идентификувана во Боцвана на 11 ноември, а досега е откриена во Јужна Африка, Велика Британија, Израел, Холандија, Белгија и Хонг Конг. Тоа е најмутираната форма на ковид-19 досега откриена, со 32 мутации во спајк протеинот (шилецот), а научниците се загрижени дека мутациите би можеле да овозможат да ги избегне постоечките вакцини (односно тие да бидат помалку делотворни) и брзо да се шири..

Судејќи според она што го рекла д-р Коици од Јужна Африка, првиот и основен симптом е огромен, неопислив замор, а потоа појава на температура и забрзан пулс.

Поради омикрон многу земји од петокот воведоа нови рестрикции за патување, а фармацевтските компании се во трка за да утврдат дали новите вакцини против ковид-19 се ефикасни. Научниците велат дека ќе трeба неколку недели за да се дефинира типот на болеста што ја предизвикува новиот сој, да се утврди колку е заразен и колку е проширен.

Некои забележуваат дека и други варијанти, како бета, прво беа откриени во Јужна Африка, но со време ги замени делта. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее.

Но најголемото прашање останува дали ќе издржи заштитата на вакцините – скоро 8 милијарди дози се примени во цел свет. И дали оние кои прележале ковид ќе бидат имуни од зараза со омикрон? Експертите не знаат и дали омикрон ќе предизвика потешка или полесна форма на болеста од другите соеви. Но, научниците немаат дилема дека вакцинацијата треба да остане приоритет, оти сепак ќе дава заштита до извесен степен. Исто така, секој треба и понатаму да носи маска, да избегнува гужви, да ги проветрува просториите и да мие раце.

Светската здравствена организација (СЗО) официјално го именуваше новиот сој омикрон, и соопшти дека има многу мутации, а првичните сознанија сугерираат зголемен ризик од реинфекција. Првичните студии покажуваат дека степенот на репродукција на омикрон е 2 – што значи дека секој заразен ќе го пренесе на уште двајца. Но омикрон има над 30 мутации во делот на вирусот кој што го напаѓаат постоечките вакцини. Експерименталните антивирусни таблети, како паксловид на „Фајзер“ и молнупиравир на „Мерк“, ги напаѓаат деловите на вирусот кој не е сменет со омикрон, така што овие таблети може да станат уште поважни ако има закана за имунитетот стекнат од вакцините.

Д-р Мехмедовиќ: Новиот сој се шири и до 500 отсто повеќе

Новата мутација на коронавирусот наречена „омикрон“ има сериозни карактеристики коишто треба да бидат причина за нашата загриженост, вели за Канал 5, д-р Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје.

Прво и основно, пресметките се дека новата мутација „омикрон“ има висок степен на преносливост во однос на делта-варијантата. Ние досега сметавме дека многу долго време нема да може да се појави варијанта којашто ќе биде посилна од делта-варијантата, меѓутоа, новиот сој укажува на тоа дека преносливоста може да биде и повисока. Иницијалните пресметки што ги направи Институтот за молекуларна биотехнологија во Австрија, укажуваат на тоа дека омикрон-сојот може да биде и до 500 отсто попренослив од делта-сојот. Само да потсетиме дека делта-варијантата беше 60 отсто полесно пренослив од алфа-варијантата, а омикронот е 500 проценти попренослив од делта-сојот, објаснува д-р Мехмедовиќ.

Тој вели дека сè уште се разгледуваат карактеристиките од омикрон-варијантата, а една од карактеристиките којашто иницијално сè уште не е потврдена, е дека може да го избегнува и имунитетот стекнат од вакцините против коронавирусот.

Каде е детектирана новата ОПАСНАТА МУТАЦИЈА на коронавирус ОМИКРОН, загриженост во Европа и СЗО

Новата мутација е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг Конг (еден).

Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата варијанта кај две лица.

Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.

Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот. Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург. Од вкупно 600 патници, 61 се позитивни на ковид, и се прави секвенционирање да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот сој.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ во соработка со земјите членки ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.

СЗО побара од земјите да го направат следново:

Да се ​​подобрат напорите за секвенционирање со цел следење на ширењето на новиот вид.

Да се​​доставуваат целосни геномски секвенци и поврзани метаподатоци до јавно достапна база на податоци, како што е GISAID.

Да се пријават првични случаи / кластери поврзани со инфекција со Омикорн

СЗО порачува дека би било добро да се спроведат теренски истражувања и лабораториски проценки каде што постојат капацитети и во координација со меѓународната заедница да се подобри разбирањето на потенцијалните влијанија на сојот Омикорн врз епидемиологијата на Ковид.

СЗО повикува на сериозност, ефективност на јавно-здравствените и социјалните мерки, како и соодветни дијагностички методи.

Hajoпacниот coj на кopoнавиpyc пpиcтигнa вo Србија?

Директорката на ковид болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, утрово изјави дека е забележано мало намалување на бројот на пациенти и дека во моментов во таа установа се лекуваат 825 пациенти (на 30 марти мало 915).

Аџиќ Вукичевиќ изјави за РТС дека во претходниот период имало 80 до 90 приеми во болница дневно, а сега таа бројка е половина помалку.

На прашањето што влијае на намалувањето на бројот на пациенти и хоспитализирани, таа посочи две работи – вакцинација и почитување на мерките.

Таа додаде дека сè уште не може да даде никакви оптимистички изјави кога станува збор за коронавирусот и пандемијата.

Иако масовната вакцинација е во тек, иако мерките се почитуваат, сепак нема место за опуштање, бидејќи во болницата има луѓе зад мене со многу тешки клинички слики. Има многу млади луѓе без претходни болести кои се на апарати за вештачко дишење – истакна Татјана Аџиќ Вукишевиќ.

Вукичевиќ посочи дека, според податоците на домашните вирусолози, британскиот вид на вирус претежно циркулира и дека се карактеризира со висока преносливост, потешка клиничка слика и поголема смртност.

Таа наведува дека постојат индикации дека бразилскиот сој се појавил кај населението во Србија.

Исто така им порача на граѓаните да одговорат на програмата за имунизација, бидејќи само така може да се запре вирусот.

Вукичевиќ вели дека има и такви кои биле вакцинирани со двете дози, и кои биле хоспитализирани, но забележува дека во 99 проценти од случаите се враќаат дома, и дека за жал мал дел од нив завршуваат мртви. Сепак, додава дека ваквите податоци ги има во сите земји во светот.

Д-р Аџиќ Вукичевиќ додаде дека дури и по вакцинирањето, мора да се почитуваат мерките и да се носат маски во затворен простор.

Amaн вeќe: Oткpиeн нoв двojнo myтиpaн вид нa кopoнaвиpycoт во Индија

Откриен нов вид на коронавирус во Индија, покрај останатите варијанти што претставуваат загриженост.

Индиското Министерство за здравство денеска соопшти дека е откриен нов вид коронавирус во земјата, покрај многуте други варијанти што се предмет на загриженост, а се откриени во странство, пренесуваат британските медиуми.

Министерството за здравство соопшти дека „иако алармантните видови и новата двојно мутирана варијанта се пронајдени во Индија, тие не се пронајдени во бројка доволна за да се утврди директна врска или да се објасни брзото зголемување на случаите во некои држави“.