Tag Archives: Најдобар

(ВИДЕО) Пркосен и горд, истраен – НАЈДОБАР ! Како Србите му се заблагодарија на Новак?

Честитки пристигнуваат од сите страни, а меѓу нив беше и „белградската“ кула која се наоѓа на шеталиштето Сава, а блескаше во чест на најдобриот српски тенисер.

Веќе нема дилема. Новак Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Тоа уште еднаш го потврди освојувајќи ја јубилејната 10-та титула на Австралија опен, а воедно и 22-риот Грен слем во својата богата кариера.

Новак ечеше низ Мелбурн. Ниту повредата на задната ложа, ниту силно мотивираните противници, кои ги „пореди“ како на лента, не можеа да направат ништо за него. Последен во низата беше Стефанос Циципас, кого Ноле го совлада во финалето, со фантастични 3:0 во сетови.

Ресторанот на тетовчанецот Реџепи е избран за најдобар во светот (ФОТО)

Ресторанот НОМА на нашинецот од Тетово, Рене Реџепи, синоќа беше избран за најдобар ресторан во светот, пишува Алсат.

Веста беше објавена преку социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм, од официјалната веб-страница на самиот ресторан. На сликите што беа претставени на социјалните мрежи, се гледа персоналот на ресторанот НОМА, која ја слави оваа голема победа.

Ресторанот на Рене Реџеп беше избран прв меѓу 50-те најдобри ресторани во светот, долгоочекуван кулинарски настан кој е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана. Настанот се одржа во Антверпен каде што започна на 3 октомври, а заврши синоќа со големото финале и победата на Реџепи.

Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во Џепчиште, комбинирајќи го со Данска во остатокот од годината. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Во 2011 г. е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторанот „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишленови ѕвездички. Во 2012 г. е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“.

A видеото како прославија погледенте го на следниот линк со клик ТУКА, а повеќе фотографии од самиот ресторан можете да погледнете во продолжение: