Tag Archives: Надрилекар

Со валкана рака ми ја отвори раната, ДОБИВ СЕПСА, ЕДВАЈ ПРЕЖИВЕАВ (ВИДЕО)

Претходните денови регионот го вчудоневидија исповедите на бројните жртви на надрилекарот во Србија, а една од нив е и Марија Блежиќ, која реши да им застане на патот на лажните анестезиолози и хирурзи поради кои многумина нема уште долго време да можат да живеат нормално.

Имено, Марија отишла на операција за зголемување на градите и поставување импланти на приватна белградска клиника. Операцијата траела шест часа, подолго од вообичаеното, но сè било во ред на отпусната листа.

– Имав постојано отворена рана по отстранувањето на конците, која траеше два месеци. Хирургот со гола валкана рака буквално ми ја отвори раната. Мислам дека веќе имав висока температура во тој момент и по неколку денови дома изгубив свест, вели за ТВ Прва Марија Блежиќ.

Таа била итно примена на Воено-медицинската академија, по што лекарите утврдиле дека нејзиниот живот виси на конец.

„Дијагнозата беше потврдена, имав сепса, мојот CRP беше 300. Добив најсилна можна терапија што го уништува организмот, но ми го спасија животот“, истакнува Марија.

Кога два месеци подоцна отишла кај невропсихијатар, тој се посомневал дека анестетикот довел до сериозни компликации. Марија отишла на споменатата клиника каде што била оперирана и побарала да ги добие деталите за оперативниот тек.

Сепак, сопственикот на клиниката започнал да ја навредува, заканувајќи и се дека ќе ја избрка и велел дека треба да биде среќна што била на таа маса „затоа што некој некогаш не станува“, вели таа.

Операцијата чинела 3.500 евра, а анестезиологот бил претставен како некој со 40 годишно искуство, додека, како што вели Марија, таа е едвај има 35 години.

„Се сомневам дека воопшто не е анестезиолог“, вела Марија и додава дека после ова не верува во експертизата на другите вработени на оваа клиника, која ја посетуваат голем број познати личности.

https://youtu.be/xO7WWM6zwis