Tag Archives: надзор

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека na 27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се нергаивни.

Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.

Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.

ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Фирма која досега произведувала долна облека доби 8,3 милиони евра за да врши надзор

Фирмата „Електра солушн“ која до сега не работала надзор, туку главна дејност ѝ била производство на долна облека, доби најголем дел од 22,3-милионскиот тендер за надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, објави „360 степени“.

„Електра солушн“ добила 8,3 милиони евра, додека „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ, за кого има обвинение во Ерменија, 7,1 милиони евра од тендерот.

Од останатите пари, 4,1 милиони евра одат кај „ИРД Инженеринг“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеска „Ептиса“, се предвидени 400.000 евра.

Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена.

360 Степени: 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер – за Коридор 8 и 10 (Видео)

Цените на услугите на надзорот, патем, се пред се за ангжман на домашни експерти. Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг, пишува во своја сторија 360 степени мк.

Во прилог видеото:

Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА – Електра Солушн – Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д, бара Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на прес конференцијата порача:

1. Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, тендерот го добива Конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта – Велес, на Сотир Ампов, договорот се раскинува, затоа што Конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција, поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати.

2. Власта објавува нов тендер.

3. Во ек на постапката за доставување на понуди фирмата Електра Солушн на Андон Ампов, син на Сотир Ампов вади лиценца за надзор, префрлајќи вработени од фирмата на татко му, кај која во првиот тендер е востановена руска врска.

4. Рокот за доставување на понуди се продолжува за 8 дена. Се сѐ вклопува совршено Електра Солушн да може да поднесе документи.

5. Покрај продолжување на рокот за поднесување на понуди, се менува и условот фирмите кои ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА, да поднесат, која влегува во Конзорциум со Електра Солушн, Евро Консалтинг и ИРД. Овој Конзорциум го добива тендерот.

6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека истите се направени за ИРД – ЕПТИСА – Евро Консалтинг – Електра Солушн.

7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески.

8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите ќе имаат увид во работата на Бехтел и нивната технологија.

9. ЕПТИСА, е фирмата во чиј Конзорциум заедно со Савеж во Ерменија, бил ангажиран Бранимир Димитријевиќ, сопственик на Евро Консалтинг, третата фирма во Конзорциумот. Бранимир Димитријевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милиони долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.

Фирмата на Димитријевиќ во Македонија ќе врши надзор, за криминал на иста работа во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на Конзорциумот Савеж – ЕПТИСА.

Ермениска шема Димитријевиќ – ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови кои се присутни и во двата договори еднаш преку Институтот за патишта во Велес, еднаш преку Електра Солушн го земаат тендерот од 22 милиони евра.

Ако ова не се доволни индиции за отворање на истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител.