Tag Archives: награди

Злато, сребро и две бронзи за македонските математичари на Интернационалната математичка олимпијада

На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, кој годинава се одржува од 2 до 13 јули во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација освои еден златен, еден сребрен и два бронзени медали, како и две пофалници, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија.

Оттаму додаваат дека златен медал освоил Дамјан Давков, додека сребро освоил Алексиј Тасиќ. Никола Цветановски и Никола Спировски освоиле бронзени медали, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници.

-Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина – заклучуваат од СММ.

За потсетување, на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада, која се одржа минатиот месец, Македонија беше единствената земја што освои златен медал со максимален број на поени. Златниот медал го освои Дамјан Давков. Покрај златниот медал, на ЈБМО сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен медал освои Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.

Претходно, на јубилејната 40. Балканска математичка олимпијада, која се одржа во мај во Турција, македонските математичари освоија шест медали, меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали. Златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот Дамјан Давков, а бронзените – Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

WOW за Каролина ! – Фасцинираше со најсекси комбинација до сега (Видео)

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева вчера пееше на MAC наградите, па покрај настапот, таа воодушеви и со стилот со кој се појави на сцената. Каролина ја отпеа песната „Од небо до дно“, препеана на српски „Ти си мој“. За црвениот тепих таа избра проѕирен долг фустан со висок шлиц, а во очи паѓаше длабокото деколте и беспрекорниот накит.

Во исклучително секси комбинација таа во интервју за српските медиуми откри дека планира да се врати на српската музичка сцена, но и дека снима нов албум со поп-музика. За време на настапот, пак, кој го имаше на церемонијата, Каролина се пресоблече во краток црн фустан со долги ракави.

Видео од целата манифестација можете да погледнете:

Наша Каролина ги засени останатите со својата убавина и изглед, изгледаше фантастично:

Теодора од Битола гордо го виори македонското знаме и ги собира сите награди надвор од Македонија (Видео)

15-годишната Теодора Мицевска од Битола е девојче со ангелски глас. На јавноста и стана позната по прекрасната изведба на песната “Вечниот Бог” во пресрет на минатогодишниот Божик, но Теодора зад себе има и голем број успеси и награди од светски и интернационални фестивали како единствен претставник од Македонија.

Со пеење се занимава од својата десетта година и каде и да се појави досега освојува гранд при награди.

Од 24 до 31 август Теодора ја претставуваше Македонија на фестивал во Бугарија, каде освои две први места и беше победник во номинацијата фолклор.

За мене ова доживување. Беше нешто што во мене уште повеќе го разгори огнот на љубовта за изворната стара музика. Фестивалот се одржуваше од 24 до 31 Август. Атмосферата беше прекрасна, настапував во категоријата фолклор. Имаше учесници од целиот свет. Конкуренцијата беше голема, ама успехот излегува на виделина. Исто така добив награда за најубав костим на целиот натпревар. Настапував со едни од моите најомилени песни “Зајди Зајди” и “Изглегов да се расшетам”, кои ги испрезентирав со солзи во очите. Осумчленото жири беше воодушевено и со солзи во очите го поздрави мојот настап, со што ми дадоа голема желба и мотив за понатамошни натпреварувања. Иако ова ми беше едно од многуте натпреварувања што ги имам поминато, сепак кај мене остави сентиментално приврзување за прекрасното настапување, вели Теодора.

Проследете го настапот на Теодора во продолжение👇

Маркукуле.мк

Талентираните млади музички амбасадори на Македонија – со нови меѓународни успеси

Младите музички амбасадори, Софија и Ада кои се ученички во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во текот на минатата недела освоија нови награди и остварија нови меѓународни успеси.

Деветгодишната Софија Петковска која свири на пијано, под менторство на професорката Марија Диманин Богоевска освои првото место на Меѓународниот натпревар „International youth music competitions“,  прво место на Меѓународниот натпрвар „Polihimnia“ и второ место на Меѓународниот натпевар „Angel Voice classic Srbija“.

Додека, десетгодишната Ада Богевска која свири виолончало под менторство на професорката Александра Јаневска освои прво место на Меѓународниот натпрвар „Polihimnia“, прво место на Меѓународен натпевар во Словенија и награда – Лауреат „Angel Voice classic Srbija“.

Освоените награди се уште една потврда за талентот, амбиција и посветеноста на младите македонски музички таленти.

Скопје инфо