Tag Archives: напад

(Видео) Излегов да берам дренки кога пред мене излезе мечката и ме нападна

Седумдесет и шестгодишниот Минче Рамчески од Пласница вчера излегол да бере дренки кога пред него се појавила мечката и го нападнала.

Мечката го загризала за левата слабина. Беспомошен барал помош и во пресрет излегле ловци кои почнале да пукаат во воздух. Мечката побегнала.

Во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Рамчески зборуваше за нападот.

„Полека со стапчето појдов и стигнав до Горно Село, тоа старо село е. Тука барав дренки, најдов понекоја и седнав на патот. Го оставив стапчето и запалив цигара. Така си седев, кога одеднаш, не знам како се најде тука, пред мене се појави мечката. Ме турна, ме легна долу. Сакав да ѝ дадам отпор, ама не можев. Се исплашив многу“, раскажа мажот.

https://youtu.be/pgypXXyeQhk

Почнал да бара помош, па дошле ловци кои случајно биле во близина.

„Викав ‘Помош, помош’. Ловците пукаа. Им Благодарам што ме спасија. Ви благодарам и вас што дојдовте да ме снимите“, вели човекот.

https://youtu.be/MN43S1aDEBM

Рамчески рече дека годинава наишле на многу места каде што имало стапала од мечки, а видел и мечка на голема далечина.

(Видео) Терор на аеродромот во Тел Авив: Патниците во страв

На аеродромот во Тел Авив е снимена сцена на апсолутен терор каде голем број граѓани се заглавени и поради сирените за ракетни напади лежат на земја и ги покриваат главите во страв од најлошото сценарио.

Се чини дека се е застанато, авионите се заглавени, а патниците со секоја измината минута се загрижени дека никогаш нема да можат да ја напуштат воената зона.

Уште поголема ескалација е забележана во последните неколку минути во Појасот Газа. Палестинската организација Хамас започна нов бран ракетни напади, лансирајќи 150 ракети кон Тел Авив, после израелскиот напад врз палестинската кула во Газа.

Всушност, Хамас излезе со соопштение на Телеграм, потврдувајќи го продолжувањето на жестоките напади со последниот офанзивен потег на Палестинците.

Во израелските воздушни напади претходно беа уништени три згради во населбата Ал Ринал во градот Газа, рекоа новинарите на АФП кои ги видоа трите кули високи над десет ката, се уриваа една по друга по експлозиите.

Израелската војска соопшти дека погодила „две високи згради“ со воздушни напади, обвинувајќи ја „терористичката организација Хамас“, која е на власт во Газа, дека ја штити својата воена инфраструктура „во срцето на населението“ на палестинската енклава.

Армијата нагласи дека ги предупредила жителите пред нападите и „побарала од нив да ја евакуираат областа“.

Во меѓувреме, бројот на загинати драстично се зголеми во Појасот Газа, при што израелските жртви достигна 200, како и кај Палестинците 200. Четворица Палестинци, вклучително и едно 13-годишно дете, беа убиени претходно на окупираниот Западен Брег, како што објави Ал Џезира. На мрежата Х се објавени деталите за малолетното дете.

ДРАМИ ВО КОСОВО: НАПАД од триесет вооружени лица!

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица.

„Како што многупати кажав, нападите врз косовската полиција продолжуваат, има најмалку 30 тешко вооружени луѓе, војска и полиција, кои се опколени од косовската полиција и кои ги повикувам да се предадат на нашите сили“, рече Курти на вонредна прес-конференција, пренесе „Еуроњуз“.

Тој го обвини официјален Белград дека ги финансира и раководи со постапката.

„Нашите полицајци, откако беа попречени на патот, беа нападнати со различно оружје, вклучително и рачни бомби. Денеска е тежок ден за нашата земја. Го осудуваме овој терористички напад. Злосторството е финансирано од официјален Белград. Ние го штитиме и спроведуваме законот и независно Косово“, додаде Курти.

Тој рече и дека сторителите и поттикнувачите на нападот ќе бидат фатени и казнети.

„Ги повикувам граѓаните да останат смирени и да покажат разумност дозволувајќи им на институциите да си ја вршат работата“, додаде тој.

Претходно беше објавено дека еден косовски полицаец бил убиен.

Храбро девојче од Флорида преживеа напад од ајкула, морскиот ѕвер доби тупаница (Видео)

Девојче од Флорида преживеално напад од ајкула долга околу 1,8 метри и притоа се здобила со неколку повреди по телото.

Ела Рид е 13-годишното девојче кое било нападнато од ајкула на плажа во Флорида и при блиската средба со крволочната морска ѕверка успеала да и удри тупаници.

https://youtu.be/XiHemkZUn2Q

Опишувајќи го моментот на нападот, 13-годишното девојче, кое притоа се здоби со повреди на стомакот, рацете и нозете и и требаа 19 конци, рече дека била во вода до половината кога ги добила „силните“ каснувања од ајкулата.

Храбрата тинејџерка од Флорида ја сподели својата приказна со Local 10 News по примањето во болница и по санирањето на нејзините повреди.

Ајкулата, всушност, се вратила и покрај тоа што по првиот удар се повлекла: „Не ме пушташе, па ги користев раката и дланката и ме касна и таму“, продолжили да раскажува 13-годишната девојка.

Први кои притрчале да и помогнат на младата жена биле нејзиниот брат и нејзината мајка. „Беше лудо бидејќи беше облеана во крв од глава до пети, па не можев да кажам што се случува. Се тресеше, но беше кул“, изјави нејзината мајка за локална телевизија.

Според проценката на девојчето, ајкулата што ја нападнала била бик-ајкула од околу 1,8 метри, при што таа вели дека „на почетокот не чувствував никаква болка бидејќи адреналинот ѝ скокнал највисоко.

Државата Флорида се смета за „престолнина“ на нападите на ајкули, бидејќи од 57 регистрирани напади во САД во 2022 година, 16 се случиле на нивните плажи.

Полицаецот кој со пендрек го нападна Талески преземал физички мерки ?

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

Видео:

https://fb.watch/kw_HSUWrKw/?mibextid=Nif5oz

Ученици во Србија ќе задушеле наставничка: И предизвикале напад на астма

Во основно училиште во Бољевци кај Сурчин во Србија, поведена е дисциплинска постапка против ученици од седмо одделение, бидејќи кон крајот на минатата недела и се заканувале по животот на наставничка од тоа школо. Наставничката Борка Милошевиќ рече дека не знае што е мотивот за таквото однесување на учениците и кажа што и е најтешко.

Минатиот четврток наставничката по руски јазик Борка Милошевиќ доживеала непријатност, јавува РТС.

Знаејќи дека е во лоша здравствена состојба, дека меѓу другото е астматична, двајца ученици ја испрскале целата училница и нејзиното биро со спрејови и дезодоранси, поради што, како што пишуваат српските медиуми таа добила тежок напад. Интервенирала и Брза помош – за среќа, навреме. Наставничката се вратила на работа.

Наставничката Борка Милошевиќ за РТС изјави дека сега е добро и дека ја користи пумпата за астма почесто од порано. Рекла дека и било тешко и дека не може да дојде до воздух.

„Учениците и колегите велат дека дури и ја сменив бојата. Тоа беше силен напад, во еден момент сакав да се откажам, да не се борам за воздух бидејќи бев уморна. Беше неописливо, никогаш не сум имал таков напад, десет години сум астматичар“, изјави Милошевиќ.

„Родителите на момчето што го донесе тој парфем на училиште ми донесоа пумпа затоа што заборавив дека ја имам мојата во џеб и ја користев пет пати, додека не дојде брзата помош, ме ставија на кислород и ми дадоа лекови, а потоа бев многу подобро“, изјави Милошевиќ.

Милошевиќ вели дека никогаш претходно немала проблеми со тие ученици, ниту го знае мотивот.

Момчето кое го донело парфемот се пофалило со него, а друг ученик кој учествувал во инцидентот рекол дека ќе го испрска низ училницата за да види дали наставничката Борка ќе се задуши.

СКАНДАЛ – Нападнат македонскиот свештеник Царкњас во Грција – го блокирале со две возила, па му го искршиле автомобилот

Осумдесетгодишниот македонски православен свештеник, архимандритот Никодим Царкњас, бил нападнат во Грција од страна на група млади Грци.

Со реакција за нападот се огласи Обединета македонска дијаспора (ОМД), која соопшти детали.

„Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози. Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат. За среќа, архимандритот Царкњас успеал да избегне дополнителна повреда и ја напуштил областа што е можно побрзо“, велат од ОМД.

Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите.

Очигледно, ова не бил случаен напад, туку планирано и намерно заплашување на постар човек, соопшти ОМД.

Од тука ги повикаа грчката Влада, Европската Унија и сите соодветните меѓународни организации за човекови права да го истражат и да го прекинат заплашувањето на македонските малцинства во Грција.

Од македонската Влада бараат да го осуди нападот и да воспостави политика на нула толеранција за малтретирањето на македонските малцинства и нивните основни човекови права во соседните земји и во светот.

„ОМД со почит апелира до грчката Влада, странските делегации во Грција, Хелсиншкиот комитет во Грција и Европскиот суд за човекови права, да стават крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција. Бараме грчките власти да ги осудат членовите на групата што го изврши нападот и да дадат пример со гонење на сторителите до целосна мерка на законот“, велат од организацијата.

Хакери го „киднапираа“ системот на ФЗО и сега бараат откуп од 2.000 Биткоини!

ИТ системот на Фондот за здравство е хакиран со помош на вирусот „ransomware“, а хакерите бараат откуп за да го ослободат. Ова го откри премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес конференција.

-Се работи за напад со ransomware. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи, рече премиерот.

Ransomware е малициозен софтвер кој користи шифрирање за да ги заклучи информациите на жртвата и потоа за нивно ослободување да се бара откуп. Критичните податоци на корисникот или организацијата се шифрираат за да не можат да пристапат до датотеки, бази на податоци или апликации. Потоа се бара откуп за да се обезбеди пристап. Ransomware често е дизајниран да се шири низ мрежата и да таргетира сервери за бази на податоци и датотеки, и на тој начин може брзо да ја парализира цела организација.

Откуп од 2.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), дознава МКД.мк од свои неофицијални извори од оваа институција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат. Според нашите информации во оваа институција е хаос за да се средат податоците, а наводно хакерите побарале огромни суми во виртуелна валута за да ги вратат сите податоци. Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.

ДВА НОВИ НАПАДИ ОД КУЧИЊА во Струга, АМА Општината бара од граѓаните да престанат со говор на омраза

Продолжува проблемот со кучињата скитници во Струга. Активистите известуваат за нови напади врз кучињата и пишуваат за нивното масивно труење.
Од друга страна се почести се нападите од кучиња скитници врз граѓаните. Вчера околу 7 часот наутро камера го снимила моментот кога шест кучиња напаѓаат граѓанин кој се движи на улица и за среќа се спасува без ниту едно каснување.

Ова не завршува тука бидејќи пред неколку дена девојче е нападнато од глутница кучиња во Струга. Нела Стојаноска заврши во болница со повреди во рамото и ногата.

Општина Струга преку Фејсбук објава им се обрати на граѓаните да престанат со говорот на омраза бидејќи, како што пишуваат, состојбата ја загрижува и општината.

„Сосема сте свесни за состојбата со кучињата скитници во нашиот град, особено последниве денови, кога бевме сведоци на агресивни напади од овие животни врз граѓани, млади и стари, без разлики. Општина Струга е ангажирана на повеќе насоки за што поскоро решавање на овој проблем. Сепак, многу внимателно ги следиме печатените и електронските медиуми, како и социјалните мрежи и забележуваме една многу сериозна појава. Секаде читаме и слушаме говор на омраза, со многу висока доза. Се разбира, не можеме да ја изгасиме или блокираме емоцијата на граѓанинот, кој во многу случаи е сосема во право, а понекогаш и ние се согласуваме со него. Сепак, ние во никој случај нема да дозволиме институцијата општина или градоначалникот да бидат цел на поединечни изливи, или пак место каде што некој од вас сака да го изрази својот највалкан можен речник. Не дозволуваме да не нарекувате убијци и платеници, со крвави раце, место на ужасот, бескрупулозни, големи кучиња на општината, и што ќе ви дојде при уста!“, се вели во соопштението од Општината.

Вознемирувачка снимка од Тетово: Старец нападнат од кучиња, лежи среде улица !

На социјалните мрежи се појавија шокантни снимки од Тетово на кои се гледа дека е нападнат постаро лице кое се движи низ центарот на Скопје.

Совладан од кучињата повозрасниот човек паѓа среде улица во центарот на градот, се додека поголема група на граѓани кои посведочија на нападот не ги растераа кучињата.

Погледнете ја оваа вознемирувачка снимка: