Tag Archives: наркотици

ФИЛМСКО АПСЕЊЕ на автопатот Гостивар-Тетово: Бегале со 30 килограми марихуана – Полицијата пукала во возилото!

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица –  31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама наркотична дрога марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Страшно! Почина 20-годишно момче откако проголтало голема количина кокаин

Од преголема количина кокаин починало 20-годишното момче кај кое полицијата најде марихуана по извршен претрес во неговиот дом.

Момчето го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата, а сега обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам.

Од болницата за велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

„На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана“ – информираа од МВР.

Инфлуенсерка и ќерка на политичар од Македонија уапсена на Миконос за дилање наркотици

Познатa инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар е уапсена на Миконос за учество во криминална банда која дилала кокаин и марихуана во дискотеки на овој грчки остров, објави грчка Прототема.

Во групата на Миконос, како што открива грчкиот медиум, покрај 21-годишна девојка, учествувал и 34-годишниот водач на скопскиот картел и неговата десна рака и 35-годишник, уапсен е и познат либански диџеј од добро ситуирано семејство, кој постојано живее во Атина, а во летните денови се сели во Миконос, тој купувал кокаин од скопската банда.

Според информациите на protothema.gr, полицијата извесно време ја следела бандата. Она што е јасно е дека членовите на бандата од Скопје имале различни улоги.