Tag Archives: Населба

Кај Живојно откриена досега НАЈСТАРАТА НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА во Македонија – ВЛАХО датира од 64-от век пред новата ера !

Д-р Гоце Наумов археолог и едукатор во музеј на Македонија со голема радост објави дека пелагонскиот локалитет Влахо кај Живојно е најстарата неолитска населба во Македонија, основана дури 300 години порано од останатите.

Како што тој самиот наведува резултатите од лабораториските анализи потврдија датирање во 64-от век пред новата ера, што го прави и еден од најраните неолитски локалитети во Европа, објавува Бабам Битола.

Поопширно за Влахо има во Патримониумот објавен на АКАДЕМИА каде е преставен првиот труд за Влахо, после кој ќе следуваат уште неколку труда во еминетни светски археолошки списанија. Со оглед на тоа што Влахо е на различни начини интересен и специфичен локалитет, најавува дека и понатаму ќе ни ги преставува сознанијата од оваа велелепна неолитска населба.

Ова е еден мал извадок од Патрониумот за Влахо.

Основана на падините на планината Ниџе, односно 1,40 километри јужно од селото Живојно на плочеста платформа формирана од реките Базик и Богат Дол, оваа ранонеолитска населба имала клучна улога во процесот на неолитизација, како во Пелагонија, така и во Македонија. Поради тоа во 2020 година започнаа мултидисциплинарните истражувања на локалитетот Влахо во соработка меѓу Центарот за истражувањена предисторијата и Завод и музеј – Битола, а во кого се вклучени повеќе стручњаци и студенти од Завод и музеј – Прилеп, Универзитетот во Базел, Шпанскиот национален совет за наука, Институтот за старословенска култура од Прилеп, Универзитетот во Белград, Институтот за археологија од Тирана, Археолошкиот музеј на Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Овие проучувања континуирано овозможуваат нови податоци за хронологијата, архитектурата, материјалната култура, земјоделството, сточарството и природната околина. Истражувањето на овој исклучително важен локалитет станува уште понеопходно со најавите за можно експлоатирање на јаглен во рамки на неговиот простор, што секако може да доведе до негово оштетување и долгорочно уништување. Затоа, во оваа пригода ќе се направи краток преглед на теренските, кабинетските илабораториските истражувања на Влахо спроведени во 2022 година, додека во следните публикации ќе се приложат дополнителни сознанија од тековното проучување на материјалната култура, хронолошките секвенци, просторното уредувањена населбата, нејзината околина и исхраната нанаселението што живеело во неа. Теренско истражување на Влахово 2022 година Неолитската населба на археолошкиот локалитет Влахо кај село Живојно претставува масивна развлечена тумба со површина од околу 4,5 хектари, додека остатоци од бронзеното време и доцно античкиот период што се регистрираат околу неа, зафаќаат дополнителен простор од ова наоѓалиште. За разлика од 2021 година когаистражувањата на Влахо беа насочени кон утврдување на обемот на неолитската населба и нејзината стратиграфија, во 2022 година ископувањетосе фокусираше на архитектурата и активностите во последните фази на локалитетот, како и надлабочината и густината на археолошките слоевиво нејзиниот централен дел. Овој пристап беше направен со цел да се види на кој начин се организирал животот при крајот на населбата и темелно да се споредува со ситуациите во пораните фази. Затоа, овогодишните ископувања беа поинтензивни во јужната периферија на локалитетот, каде во 2021 година се направија две контролни сонди и се добија информации за целосната стратиграфија во овој дел од населбата. Благодарение на овој претходен увид можеше да се очекуваат архитектонски појави дури и во слоевите веднаш после ораницата. Ваквото присуство на ранонеолитски културни хоризонти после рецентниот слој е мошне ретка појава во Пелагонија, но и воопшто во Македонија, бидејќи локалитетите вообичаено имаат елементи кои може да припаѓаат и на други периоди од предисторијата, а не ретко и на антиката исредниот век. Во случајот со Влахо вакви појави, барем во истражените сонди не се регистрираа, а дури ни рекогносцирањата во рамки на неолитската населба не упатуваат на интензивно присуство на материјал од подецнежните периоди,освен концентрација на бронзено добна и доцноантичка керамика во северната и источната периферија на локалитетот. Поради тоа не изненадува присуството на неолитски архитектонски елементи и материјална култура уште во најгорните слоеви на истражуваните сонди, како во 2021, така и во 2022 година…

Повеќе и извор Академиа

Секоја чест за Д-р Гоце Наумов и неговиот тим

Многу пати го менувала своето име – Оваа скопска населба била посебен град, а се стигнувало со воз (Фото)

За разлика од останатите скопски населби во западниот дел на градот, кои датираат по ослободувањето 1944/1945 година или по скопскиот земјотрес од 1963 година, Ѓорче Петров бил посебен град и седиште на истоимената општина.

Градот бил создаден во 1916 година, кога започнала изградбата на железничката пруга до Охрид. Тогаш, таму биле изградени живеалишта за работниците на пругата, а потоа, постепено израснала населбата. Притоа, населбата била наречена Железничка станица „Генерал Жостов“, според генералот на бугарската армија Константин Жостов, кој бил иницијатор за градење на пругата.

По Првата светска војна, населбата била преименувана во Генерал Хенри (Хенриево), според францускиот генерал. Во 1923 година била доградена пругата од Скопје со Хенриево, со што била завршена пругата Скопје-Охрид-Ташмаруништа. Со развојот на железничкиот сообраќај, набргу во населбата било формирано друштвото „Соко“, со 250 членови, кое имало секции за гимнастика, пинг-понг, музика, драма, а во летните месеци имало и пливачка секција. Во состав на друштвото постоел спортскиот клуб ХАСК, како и Друштвото на кнегињата Љубица, на чело со Радмила Миленковиќ. Ова друштво постоело до 1941година.

Во Хенриево имало седум кафеани, иако населбата имала помалку од 1.000 жители, но, во населбата немало електрична енергија и ниту една чешма. Хенриево добило струја дури во 1938 година, кога била изградена електричната централа „Св. Андреа“. Во 1941 година населбата повторно паднала под бугарска окупација, со што било вратено старото име, Генерал Жостов. Во тој период, во населбата биле изградени објекти за сместување на Германците од фирмата „Тот“ кои ја експлоатирале хромната руда од „Радуша“, со што започанала да се формира населбата Хром. Населбата била ослободена од бугарската окупација на 14 ноември 1944 година.

По ослободувањето, населбата го добила името Ѓорче Петров. Така, во информацијата испратена до Општинскиот народен одбор на селото Хенриево од 17 септември 1945 година се известувало за промената на името. Во овој период, низ населбата поминувала пинерска железничка линија, која во 1952 година била продолжена кон Матка и се поврзала со теснолинијката за Охрид. Во 1950 година започнала изградбата на пругата со нормален колосек до Охрид.

Од земјотресот наваму, железничката станица ја загубила важноста. До првата деценија од ослободувањето на Македонија, градот Ѓорче Петров не влегувал во состав на градот Скопје, за дури некаде по земјотресот, со изградбата на населбата Влае, градот Ѓорче Петров станал дел од новоникнатата општина Карпош. Истовремено, по земјотресот од 1963година, населбата се проширила значително, бидејќи биле поставени бројни бараки како помош за настраданите, и тоа: 140 бараки за Ѓорче Петров 1 и 700 бараки за Ѓорче Петров 2.

Ѓорче Петров е населба со околу 18 700 жители од кои 94,5% се Македонци, 2% Срби, 2% Роми, 1% Албанци (претежно во западниот дел односно Ѓорче Петров II или Дексион) и 0,5% останати (претежно Власи и Бошњаци). Карактеристично за населението на Ѓорче Петров е тоа што потекнува од Западна Македонија (Тетово и тетовските села, Поречието, Гостивар и гостиварските села, Прилеп и прилепските села).

Во време кога настанала населбата, поврзувањето со Скопје одело со познатиот воз кој денес се наоѓа во реонскиот парк кој населението го вика „Пампурче“. Возот инаку се обраќал од Охрид до Скопје, движејќи се со помалку од 10 километри на час, па патувањето траело дури 20 часа. Од меѓуградски сообраќај возот е исклучен во 1952, кога продолжил да се обраќа на релација Гратски Парк-Ѓорче Петров-Матка.

Погледнете како ќе изгледа елитната населба во Сарај со 142 луксузни вили (Фото)

На 150.000 метри квадратни, во близина на Скопје, во Општина Сарај, се градат 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина.

На Фејсбук страницата на комплексот, стои дека работите почнале во ноември лани, со план првите 32 куќи да бидат готови до пролетта оваа година.

Во првата фаза од изградбата беше отворен патот и ќе продолжи со планирање на градежното земјиште, веднаш со изградбата на првите 32 куќи, објавуваат инвеститорите.

Во населбата се планирани шест различни типови куќи, според потребите на купувачите, ќе има дополнително 400 паркинг места, а во близина најавуваат парк од 5.000 метри квадратни кој ќе служи на сите граѓани, а во склоп на комплексот планирана е изградба на хотел и фитнес и спа-центар.