Tag Archives: Настап

Со шеснаесеткаркото македонско знаме в раце, накитен со бакшиш како невеста, српскиот пејач во Македонија седна на гозба

Српската фолк ѕвезда, Џани, кој важи за неприскосновен крал на бакшишот, зашто покрај редовниот хонорар на своите тезги, пејачот заработува енормно големи суми бакшиш, беше во Македонија. Џани пеел на една приватна веселба, а потоа и имал свој концертен настап во еден локал.

Патем, пејачот му беше специјален гостин на еден познат македонски бизнисмен, кој за цело време од пречекот до испраќањето беше негов добар домаќин.

Џани и овој пат не остана покус за заработката, за што сведочат и фотографиите каде пејачот како по обичај го накитија со богат бакшиш како невеста. Овој пак не остана должен и со песната, ама и со патриотсата постапка, откако го зема македонското знаеме  в раце и тоа она вистинското со 16 кракото сонце од Кутлеш, направи вистински џумбуш. Џани е мајстор за создавање добра атмосфера, па веселбата била навистина на ниво.

Концерниот настап подоцна ништо помалку добар и атрактивен, што ја воодушевило публиката… И онаа пред и онаа зад сцената.

ЖЕШКА И БЛЕСКАВА – РИТА ОРА ЈА ЗАПАЛИ СЦЕНАТА (ВИДЕО)

првата полуфинална вечер на Евровизија 2023, популарната пејачка Рита Ора ја забавуваше публиката за време на паузата за гласање.

Рита настапи во секси костим од латекс со длабоко деколте, над кој на почетокот имаше здолниште од тул, кое го соблече за време на настапот.

Видео:

https://youtu.be/vUUeb0qLDsQ

аа ги изведе своите хитови „Ritual“, „Anywhere“, „I Will Never Let You Down“, „Praising You“, а на сцената и се придружија и танчери.

Рита е родена во Приштина во 1990 година, а кога имала само една година, нејзиното семејство се преселило во Лондон поради, како што еднаш изјавила, прогонот на Албанците по распадот на Југославија.

Симон Трпчески добил јајце откако во Кина ја свирел „На Струга дуќан да имам

Со голем ќеиф и гордост зборува македонскиот виртуоз Симон Трпчески за неговиот проект „Македонисимо“, кој вели во превод значи „Ептен македонски“. По бесплатните концерти пред македонската публика, проектот кој не наиде на разбирање и поддршка од институциите, ама затоа пак го воодушевува светот, Трпчески со дел од музичката екипа со која настапува, отсвири дел од овие песни во студиото на „Еден на Еден“.

На божиќниот специјал, кој ќе биде прикажан во недела, 18.30 на „Канал 5“, Трпчески зборува и за своите многубројни настапи низ светот. На еден од нив, во Кина, веднаш по изведбата на „На Струга дуќан да имам“, го изненадил Македонец.

Гледам излегува човек од публика, доаѓа и ми носи јајце. Велигденско јајце на сред Кина, си велам бреееј јаки сме, раскажува Трпчески за концертот за православниот Велигден.

https://fb.watch/hXxHwr7Lrb/

Погледнете го настапот на Славица Ангелова кој го разигра жирито на „Ѕвездите на Гранд“ (Видео)

Оваа сабота од изминатиот викенд на Канал 5 телевизија се емитуваше втората епизода од новата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Меѓу натпреварувачита од целиот Балкан застана и 20 годишната струмичанка Славица Ангелова која го воодушеви жирито.

Имено, таа беше во придружба на мајка си, а се претстави со „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска и Лутка за бал“ од „Парни ваљак“ и импресионираше соп својот талент.

Прв за неа даде глас Ѓорѓе Давид, потоа Вики Миљковиќ, Цеца Ражнатовиќ, а следеа и останатите, па дури и Босанац кој со стартот на актуелната сезона не е расположен за давање гласови.

Уште на 15 години пеел со ангелски глас: Првиот настап на Тоше на 15-годишна возpacт во прилепскиот ресторан “ЧЕ” (Видео)

Нашиот најпознат пејач и легенда Тоше Проески својот талент кон музиката никогаш не го криеше, а едно такво видео говори и за неговиот ангелски глас кој го поседувал уште на 15 годишна возраст.

На видеото се гледа како Тоше настапува во прилепскиот ресторан “ЧЕ” во 1996 година на само свои 15 години.

Погледнете:

Владо Георгиев го маѓепса Скопје: Волшебна ноќ на неодоливиот шармер (Видео)

Како што гласеа и најавите за неговиот настап, балканскиот романтичар, кршачот на женски срца, неодоливиот шармер и една од најголемите музички ѕвезди во регионот, единствениот Владо Георгиев викендов  навистина направи незаборавна предновогодишна “afterwork” концертна журка во живо во  „Дежа Ву – Ист Гејт“ во Скопје.

Локалот беше претесен да ги прими сите заинтересирани, зашто резервациите беа продадени уште првиот ден пред од објавата дека тој ќе гостува во Скопје. Држејќи до себе и своето музичко реноме, нивото на звукот, светлосните и видео ефекти, воопшто целиот аудио-визуелен перформанс беше на концертно ниво, како да настапува во голема сала, а интимната атмосфера и топлината на просторот направи ѕвездата буквално да се сплоти со својата публика, во која како и секогаш предничеа преставничките на понежниот пол.

Уште со првите звуци на неговото пијанино и шестчелениот придружен бенд, беше јасно дека тоа ќе биде ноќ за паметење.  Забавата која траеше цели два часа, као што почна, така и заврши…

Владо Георгиев беше еден од првите кои го обои просторот во атрактивнот скопски локал со љубовна магија, со емотивен набој, но и опуштена атмосфера и забава, која на сите нас,  последниве месеци, па и години, толку многу ни недостасува.

Извор: Вистина.мк

Починал среде настап – Млад човек починал на сцена за време на фолклорен концерт во Србија

Член на Културно уметничко друштво од Краљeво, 21-годишен млад човек почина вчера вечер на пат кон болницата во Чачак, откако му се слоши за време на настапот на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци.

– Го следевме концертот и еден млад човек кој свиреше на еден од инструментите само одеднаш се сруши на сцената. Брзата помош веднаш пристигнала на лице место, била извршена реанимација и младиот човек бил сместен во амбулантата. Потоа слушнавме дека починал на пат кон болница, изјави еден од очевидците за РИНА.

Портпаролот на таа здравствена установа, д -р Билјана Кочовиќ, за РТС потврдила дека младиот човек бил донесен во болницата во Чачак без витални параметри и по долго реанимација без одговор.

Како што пишува РТС, станува збор за младо момче, член на ансамблот „Ризница“ од Краљево.

По информацијата дека младиот човек починал, програмата веднаш била прекината.

Точната причина за смртта ќе биде потврдена по обдукцијата.

На Таровиќ и излезе експлицитно видео, па и рипна цената ! Заработува по 10 илјади евра од настап❗

Младата фолкерка од соседството, Теа Таровиќ, деновиве го заврте вниманието кон себе со експлицитно видео кое наводно и ја зголемило цената за настап – па сега зема по неверојатни 10 000 евра.

– Теа е букирана до половината на септември! Има закажани настапи по Србија, Босна, Македонија… Мног е барана и на приватните прослави на кои зема голем бакшиш, рекол извор за српски Курир.

Најмногу ја „кителе“ додека го пее новиот хит „Хајде“, а досега, односно до пред да се појави спорното видео земала по 3000 евра за настап, а сега по 10 000.

ДАРИА МИЛОШЕСКА влезе во финале со „Ако Згрешам Нека Изгорам“ од 1.350 ученици од 24 земји

Ученичката од 8-мо одделение на ПСУ „Јахја Кемал“ Дариа Милошеска се пласираше во финалето со нејзината песна „Ако Згрешам Нека Изгорам“.

Дариа ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката да биде прва и да ја направи нејзината земја попозната.

24 ученици се пласираа во финалето од вкупно 1.350 ученици и кои ќе се натпреваруваат за прво место на натпреварот за песна “Colors of Voices”, кој ќе се емитува во сабота, 26 јуни во 20:00 часот по македонско време и истиот ќе може да се гледа на каналот на (IFLC)  на YouTube.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC), организира разни натпревари и сценски представи од областа на уметноста, ќе ги продолжи годинашните настани со специјални натпревари за песна.

Во полуфиналето учествуваа 1.350 ученици.

Финалето на натпреварот за песна “Colors of Voices”, ќе биде изведено со величествен настан.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) оваа година ќе користи целосно дигитални фази, 2Д-3Д визуелни ефекти и техники на зелен екран на аудио-натпреварот.

Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и жири комисија составена од професионален тим.

Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање која ќе се дели по завршување на натпреварот.

Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа.

Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) ќе се организира по 19-ти пат онлајн поради пандемијата.

Во овој период, оние кои сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди.

Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.

Марија од Битола повторно со необичен настап – По змијата, сега излезе во лудачка кошула (Видео)

Учесничката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска (23) која доаѓа од Македонија со причина ја носи титулата најестравагантна учесничка.

Со смели комбинации и до детаљ осмислени настапи, Марија од Битола не престанува да ги изненадува гледачите и жирито. Последен пат ги шокираше сите кога на сцената се појави со змија, а овој пат ги надмина сите очекувања откако се појави со сценски перформанс за песната „Денес сум луда.

Груевска, начинот на кој размислуваш е фасцинантен. Твоите пејачки интервали се толку точни, одлично го изведе ова, истака Ѓорѓе Давид.

-Ти си иднината на Ѕвездите на Гранд, ти благодарам на новата димензија на ова шоу, истакна Мили.

Останатите членови на жирито истакнаа дека таа секогаш предизвикува силна реакција со своите настапи што е многу важно, поважно и од тоа дали ќе биде сфатена нејзината порака или изведба.

Видео:

https://youtu.be/E8Bcl5yrYvE