Tag Archives: НАТО

Демонстрација на изведување на мисијата на НАТО за ВОЗДУШНО ПАТРОЛИРАЊЕ над Македонија

Скопје, 9 декември 2021 (МИА) – На Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град денеска ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Македонија.
 
Како што соопштија од владината прес-служба, за време на планираната активност, медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат за начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.
 
На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
 
По завршување на настанот, обраќања ќе имаат министерката Шекеринска и генералот Де Ла Круз.
 
Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање

HATO доби yлтиматум – има 24 часа да реагира инаку српска вojcка влегува на Косово – Вучиќ во моментов е во посета на вoeна база на југот на Србија

Доколку НАТО не ги заштити Србите на Косово и Метохија во рок од 24 часа, на кои им се заканува погром по последниот упад на специјалните сили на РОСУ на северот на Косово и Метохија и ранувањето на Србин во Звечани, тоа ќе го стори српската армија, дознава Informer.rs !

По драматичните сцени во Косовска Митровица и упадот на единиците на РОСУ, што кулминираше со ранување на Срби од албанските специјални сили, српскиот претседател Александар Вучиќ одлучи итно да се сретне со претставници на српскиот народ на Косово и Метохија.

Како што дознаваме, претседателот на Србија и Владата на Србија денеска ќе донесат одлука дека доколку НАТО, односно КФОР не реагира во рок од 24 часа и не го заштити загрозеното српско население на Косово и Метохија, тоа ќе го направи српската армија !

Претседателот Вучиќ пристигна во гарнизонот на Војската на Србија во Рашка, каде ги посети војниците, а потоа ќе ги посети единиците на жандармеријата во таа област.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како гостин во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк на 26 септември, веќе зборуваше за таква можност.

Претседателот додаде дека Србија нема да влезе во Косово и Метохија со своите војници и дека ќе чека НАТО да реагира 24 часа во случај на погром. Ако НАТО не реагира, Србија ќе реагира.

Прва НАТО вежба во Македонија – Заштита и спасување во урбани средини (Видео)

Голема НАТО вежба за спасување и заштита во урбани средини изминативе три дена се одржува во Охрид и Струга. Вежбата „ Македонија 2021“ e во организација на НАТО Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и македонскиот Центар за управување со кризи (ЦУК).

Ова е прва цивилна НАТО вежба во Македонија, којашто поради состојбата со пандемијата од ковид-19 истовремено ќе се одвива и теренски и штабно.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и на кампањи за лажни вести.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести. (Фото: Ѓ. Личовски)

– Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто покрај Република Северна Македонија учествуваат 27 земји, и е прва НАТО вежба во земјава од ваков размер. Вклученоста во НАТО вежбата претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации, велат од Центарот за управување со кризи.

Во склоп на вежбата ќе биде организиран дводневен научен симпозиум , со дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите – партнери, меѓународни и невладини организации.

Шекеринска доби МЕДАЛ за лидерство и личен ангажман за влезот на Македонија во НАТО (Фото)

На Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, министерката Радмила Шекеринска доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

“Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката.

“Шекеринска имаше витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт. Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство” е пораката од Вермонт.

Заблагодарувајќи се на медалот, Шекеринска преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека истиот го посветува на сите граѓани на нашата земја. „Моите заслуги се и нивни заслуги“, порача министерката – се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски вети дека ќе продолжи да менаџира со сите човечки и материјални ресурси на Армијата, одговорно и со голем ентузијазам и проактивност во остварување на мисиите и задачите на Армијата, но и државните стратегиски цели во интерес на граѓаните. Тој им оддаде признание и благодарнсот на сите учесници во кризата со мигранти, пандемијата и пожарите, како и на сите доктори, медицински персонал, пожарникари, припадници на МВР….

Во рамки на свеченоста, беа доделени медали од Командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Грегори Најт. Медал за истакната служба на државата Вермонт доби министерката за одбрана Радмила Шекеринска за извонредни постигнувања во изминатиот период, а медал за заслуги доби генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Признанија од началникот на ГШ на Армијата им беа врачени на министерот за здравство Венко Филипче, директорката на Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ, директорот на ГОБ „Осми Септември“ – Скопје Христијан Костов, директорот на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими, командантот на баталјонот за воено-медицинска поддршка потполковник Елизабета Наумовска Петрески. Беше доделена Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка на персоналот од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје д-р Илир Демири, д-р Крсто Гроздановски, д-р Билјана Петреска, медицинската сестра Мамудије Ибраими и новинарот од МТВ Милчо Велевски.

Од министерката за одбрана Радмила Шекеринска беа доделени признанија запосебно и пожртвувано ангажирање и квалитетно извршување вонредни задачи заради отстранување на последиците од елементарните непогоди предизвикани од огнените стихии што ја зафатија земјава. Со Плакета на МО е наградена Командата за операции, а благодарници добија Град Скопје, Министерството за култура, Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје, МНТ, јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Водовод и канализација“…  Пофалени беа повеќе наредници, доктори и повеќе медицински лица

НАТО ќе се брани и од напади во вселената 👽

Лидерите на НАТО ја проширија примената на клаузулата за колективна одговорност, односно на членот 5 од основачкиот договор на НАТО „сите за еден, еден за сите, за членките на Алијансата да бидат спремни да одговорат и на напади во вселената“, изјави денес генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Членот 5 на основачкиот договор на НАТО вели дека напад врз кој било од 30 сојузници ќе се смета за напад врз сите нив.

До сега тоа се применуваше само на традиционалните воени напади на копно, море или во воздух, а од неодамна и во сајберпросторот, пренесува Асошиејтед прес.

Околу Земјата кружат речиси 2.000 сателити, а со повеќе од половина управуваат членки на НАТО, покривајќи речиси сè – од мобилните телефони и банкарските услуги до временските прогнози.

Самитот на НАТО се одржува во Брисел, каде ќе бидат утврдени приоритетите на Северноатлантската алијанса за следните 10 години. Ова е прв Самит на кој Северна Македонија учествува како полноправна членка.

(Видео) HATO вojници yпaднаа во бугарска фабрика – Радев ифpит лyт

Бурна реакција од страна на претседателот Румен Радев предизвика упадот на НАТО војниците кои по грешка влегоа фабрика во близина на градот Пловдив, при што предизвикаа страв кај сопственикот и вработените.

– Апсолутно е недопустливо животот и спокојството на бугарските граѓани да бидат изложени на ризик од страна на воените формации, без оглед дали се припадници на бугарската или на странска армија – изјавил денеска Румен Радев на средба со министерот за одбрана Георги Панајотов и на генерал-потполковник Љубчо Тодоров.

Причината за средбата бил упадот на американски војници за време на вежба во производствена работилница во близина на селото Чешнегирово.

Бугарскиот претседател побарал истрага за да се идентификуваат одговорните за немилиот настан.

– Вежбите со нашите сојузници на територијата на Бугарија треба да придонесат за поголема безбедност и доверба во колективната одбрана, а не да создаваат тензии меѓу бугарските граѓани – нагласи шефот на државата.

Xapaдинај пак се зakaнува со Голema Албаниja: Ако не влезeme во ОН и HATО, ќе се приклучиме кон Албанија

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска изјави денеска доколку Косово не стане членка на Обединетите нации или НАТО, ќе се приклучи на Албанија.

Ако не го добиеме заслуженото место во ОН и НАТО, нема да останеме сами, нема да останеме без семејство, ние сме албанска нација, ќе се приклучиме кон нашето албанско семејство, рече Харадинај за време на посетата на Глодјан во општина Дечани.

Харадинај додаде дека Косово има долга историја и дека илјада години им припаѓа на неговите граѓани, како него.

„Прва промена на профилна слика, откако сме членка на НАТО“

По промената на Фејсбук профилната слика на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, граѓаните во коментари и во постови го исмејуваат фактот дека „е прва промена на профилната слика на минисерката, откако сме членка на НАТО“.

На Твитер мрежата имаше исмејуваше и шегување со насловот објавен од некој македонски портал кој вели: „Активности на министерката: Шеќеринска денеска ја смени профилната слика на Фејбук“.

Министерката на новата профилна собра дури 1.700 лајкови, а фрчат и срциња 🙂
Коментарите се следни: