Tag Archives: навивање

(Фото) Мистер Бин навива за Македонија!

Македонската „Фаланга“ ги обои улиците на Краков во „црвено-жолта“ боја. Градот од пред неколку дена го доби посакуваниот импулс и тоа благодарение на Македонците. Се пејат македонски песни, се вејат македонски знамиња, се е во знакот на нашата земја.

Центарот на Краков е прекрасен, нуди секаква забава, а она што дефинитивно плени е фигурата на Мистер Бин низ уличките на овој град. Нема Македонец, кој не направи фотографија на тоа место, а се чини наоргиналната слика доаѓа денеска – Мистер Бин веќе е македонски. Ова дело е на Македонската „Фаланга“ од Виена, редовен поддржувач на нашите репрезентативци.

Извор: sportmedia.mk

Навивачката група „Балисти“ славеше јубилеј со извици „Каурски пи*ки!“

„Каурски пи*ки!“ – со ваквите етнички навреди со сексуални алузии, повеќепати извикувани, како и „Косово“, „Албанија“, вечерва навивачката група „Балисти“ од Тетово го „прослави“ својот јубилеј 30 – години од постоењето, изведувајќи марш од трговскиот центар „Палмамол“ низ улиците на градот до плоштадот во центарот.

Ова е видно и може да се чуе од видео-снимката, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, кој ја објави следната вест: „Навивачката група Балисти денеска полни 30 години. На овој 30-годишен јубилеј прославија како никогаш досега. Тетово изгледа само црвено-црно. И во овие моменти Тетово е блокирано од црвено-црните бои и од балистите, кои извикуваат и пеат разни песни за празниците на Ноември“.

Вечерва беа испукани и огномети. Полицијата го обезбедуваше „славеничкиот марш“ на навивачката група „Балисти“ низ улиците на Тетово.


Во Македонија изразот каурин се користи за навредливо именување на немуслиманите како неверници. Изразот пи*ка е популарен назив за женски полов орган но и за означување на некој што е плашлив. Линк до видеото https://www.facebook.com/tetovasot.mk/videos/885350995791072/

Македонски навивач експлодираше од радост на Олд Трафорд – го развеа знамето од Кутлеш веднаш зад Роналдо (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но потоа следуваше феноменален пресврт по кој камерите зумираа навивач кој еуфорично ја славеше победата. Излезе дека е наш човек.

Се работи за скопјанецот Александар Зелениковски, инаку член на фан-клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија, објавува ОФФНЕТ.

На толку многу навивачи кои беа синоќа во бројка од преку 70.000 на Олд Трафорд, режисерот во преносот го улови токму Македонецот кој беше пресреќен после голот на Роналдо за 3:2.

Јасно се гледа во кадар и на оваа снимка направена од трибина со знамето на Македонија. Роналдо и компанија славеа пред негови очи.

(Видео) Македонија се сака и кога победува и кога гyби: Фалангата со овации ги испрати македонските фудбалери

Со овации и солзи во очите Фалангата ги испрати македонските репрезентативци по мечот со Украина. Десет минути по крајот на натпреварот, трибините ечеа во чест на нашите фудбалери, кои херојски се бореа на теренот. Фалангата громогласно ги поздрави хероите кои ги оставија срцата на теренот и покажаа дека Македонија се сака и кога победува, и кога губи.

Македонија за прв пат настапи на Европското првенство во фудбал. Досега одигра два меча, со Австрија и со Унгарија. И двата, заж, завршија со пораз на македонската репрезентација.

Пpилеп гopи: Moќна нajaва во пpecpeт на пpвиот натпpeвap на Maкедониja (Видео)

Mоќна најава од Прилеп во пресрет на историскиот настап на Македонија на Европското првенство во фудбал.

Мартин Пресилски и Петар Јанкоски направија нешто специјално во пресрет на првиот дуел на Македонија против Австрија, кој вечерва се игра во Букурешт.

Љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат нашите херои да истрчаат на теренот и одново да ја израдуваат нацијата.

Погледнете го ова видео кое дополнително ќе го разгори навивачкиот дух во секој еден од вас:

Спортски: „Зига, зага, Македонијо“ ечи среде Букурешт (Видео)

Во центарот на главниот град на Романија ечи „Зига, зага, Македонијо“, со знамиња и со навивачки песни весела атмосфера во Букурешт, Спортски.мк ја пренесува моменталната атмосфера:

Бeз кoмeнтap: Haвивaчитe на Македонија дoбиja зaбpaнa зa пaтyвaњe вo пpecpeт нa ЕП

За разлика од Букурешт, македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија.

Оние кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, нема да можат да патуваат во Амстердам затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.

-Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

И покрај ова се очекува Македонија да има навивиачи кои ќе ја бодрат во Амстердам, таму ќе можат да одат Македонци кои живеат и работат во ЕУ.

Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.