Tag Archives: НефиУсеини

Нефи Усеини од ДУИ со пцовки кон новинарка на Телма!

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“.

Ова се зборови на контроверзниот охридски функционер и бизнисмен Нефи Усеини употребени во телефонски разговор со новинарка на Телма.

Телевизијата се обидува да добие изјава за бизнисите на Усеини но тој вебално ги напаѓа новинарите на Телма им се заканува.

Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Нефи Усеини, објави Телма.

Ослободителна пресуда добија Нефи и брат му за претепување на Топалоски

Советникот  на ДУИ во Охридскиот Совет и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда  за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред еден охридски хотел.

Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно оти двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи  и со снимки од видео надзорот, сепак, поради контрадикторните изјави на Топаловски, судот не утврдил дека тој е оштетен.

И сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе.

Иако на снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што го кажа во Обвинителството.