Tag Archives: Нерези

Стефчо Јакимовски свечено пушти во употреба џамија во Карпош

Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези.

На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.

„Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.


За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук, пренесува Вечер.мк

Скопско Нерези вечерва грмеше во чест на роденденот на татковината 🇲🇰 (ВИДЕО)

Додека Македонија утре го прославува роденденот на нашата татковина, вечерва по тој повод буквално „гореше“ скопско Нерези.

Жителите на населбата Нерези вечерва го прославија роденденот на нашата земја Македонија на комитски начин.

На видеото може да се забележи дека жителите се наредени низ целото спортско игралиште и во исто време ги палат баклите во чест на празникот 8 септември.

На крајот од видеото има и огномет со кој тие уште еднаш докажаа како се сака нашата татковина МАКЕДОНИЈА.