Tag Archives: невакцинирани

Се пpeдлага со закон да се забpaни влез на невакциниpaни и непpeлежани лица во затвopeни обjeкти

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието – пишува “Република.мк”

Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест.

Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест.

Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот.

-Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а.

Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.

Макрон сака да ги тормози и нервира невакцинираните: Ќе им го направам животот тежок

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во разговор за весникот Le Parisien дека сака да ги изнервира Французите кои сѐ уште не се вакцинирале против Covid-19 и, колку што е можно повеќе, да им го ограничи простапот до јавниот живот.

„Сакам да ги изнервирам невакцинираните. Тоа и натаму ќе го правиме, докрај. Таква е стратегијата“, вели Макрон, додека истовремено во францускиот парламент продолжува жестоката расправа за предлог-законот за потврдите за вакцинираност.

Франција минатата година воведе потврди со кои на лицата со негативен PCR тест и на вакцинираните им овозможува влез во рестораните, кафулињата и во други објекти, што владата сега сака да го промени и да воведе само потврди за вакцинираност.

Макрон вели дека не се залага за нервирање на Французите, но кога станува збор за невакцинираните нив сака да ги изнервира.

„Не сакам да ги испраќам во затвор, не сакам да ги присилувам на вакцинирање. Ним треба да им се каже: од 15-ти јануари веќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалак, на кафе, во театар, во кино…“, додава францускиот претседател.

Овие изјави на Макрон, кандидатот на крајната левица на претседателските избори во април Жан-Лук Меланшон од Непокорена Франција ги оцени како „запрепастувачки“.

Според кандидатката на крајната десница Марин Лепен од Национален собир, претседателот на земјата не би требало така да зборува.

„Гарантот на единството на нацијата упорно сака да ја дели и сака невакцинираните да ги претвори во граѓани од втор ред. Емануел Макрон не е достоен за својата функција“, оцени Лепен.

Функционерот од конзервативната партија Републиканци, Бруно Ретејо тврди дека „нема таква здравствена институција којашто би ги оправдала таквите зборови“.

Макрон во споменатото интервју ја отфрли можноста од воведување нови мерки за сузбивање на Covid-19, наведувајќи дека одлуките донесени минатата седмица остануваат на сила.

Во разговроот за Le Parisien, Макрон вели и дека би сакал да се кандидира на претседателските избори кои би требало да се одржат за четири месеци, но и овојпат јасно не потврдува дали тоа и ќе го стори.

НОВИ РЕСТРИКЦИИ, ама само за невакцинираните – Комисијата заседава утре

Комисијата за заразни болести утре ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки кои ќе се однесуваат на невакцинираните.

Според министерот за здравство Венко Филипче новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните затоа што тие најмногу ги оптоваруваат болниците.

– Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем, изјави Филипче.

Посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Пановски: Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат!

Микробилогот, проф. д-р Никола Пановски апелира до здравствените власти да не ги малтрерираат прележаните со Kовид-19.

Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат. До сега за 18 месеци од почетокот на пандемијата починле 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани, пишува проф. д-р Пановски во колумната на платформата „Окружење“.

Тој повикува на разумно користење на вакцините против Kовид-19.

Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги „врвните експерти” кои ве убедија во таа глупост. Користете ги вакцините разумно за здравје, за имунитет, не ги потценувајте вакцините, тие не заслужуваат да се вбризгаат со исклучива цел за добивање аусвајс, пишува д-р Пановски.

Владиката Петар: Невакцинираните лица се потенцијални самоубијци и нема да влезат во царството небесно

Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот, рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

Разбирам луѓе кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, додава владиката, но како што вели, не може да ги разбере оние луѓе на кои животот им е под знак прашалник, а упорно не се вакцинираат.

-Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше, истакна владиката Петар

Американска студија: Невакцинираните имаат 11 пати поголеми шанси за да починат, отколку вакцинираните луѓе

Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата. Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.

„Студијата, која следеше на 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да починат, отколку оние кои биле целосно вакцинирани“ пренесува Гласот на Америка.

Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од над 75 години.

Луѓето се уште се со поделени мислења околу вакцинацијата, за едни таа претставува враќање на живтот во нормала, други пак тврдокорно ја одбиваат неверувајќи во ефикасноста на постоечките вакцини. Како во светот, така и кај нас властите преку кампањи и рестрикции се обидуваат луѓето да се вакцинираат во што поголем број, но многумина сметаат дека вршењето притисок преку рестрикциите не е демократски чекор.

И покрај тоа што речиси никаде пандемијата не е стивната, ширум светот секојдневно се организираат протести против рестриктивните мерки.

Австрија воведува КАРАНТИН за НЕВАКЦИНИРАНИ

Австрија ќе воведе „локдаун“ само за невакцинирате против Ковид-19. Австрискиот канцелар, Себастијан Курц го објави фокусот на новите мерки кои ќе важат оваа есен и кои се наменети токму кон оние кои досега немаат примено вакцина.

Курц објаснува дека целта на новите мерки е да се зголеми подготвеноста за вакцинација и повеќе контроли.

Отсега натаму неделната индиценца нема да се следи како индикативна вредност за носење мерки. Наместо тоа, ќе се следи идниот капацитет на единиците за интензивна нега.

Што се однесува до локдаунот, Курц рече дека, доколку се потребни „заштитни мерки“, тие повеќе нема да бидат за целата земја, туку само за невакцинираните.

Кога станува збор за вакцинација, тој објави дека сака да продолжи да се дава третата доза, и дека целта останува да се зголеми стапката на вакцинација на населението.

Курц, исто така, најави зајакнување на контролите, не само за да ги убеди луѓето да се вакцинираат, туку и затоа што има се повеќе лажни потврди за вакцинација, а правилата за короната не се почитуваат насекаде. Тој исто така најави и отворање на училиштата.

Пописот почнува во НЕДЕЛА: Ако не сакате да примите НЕВАКЦИНИРАН попишувач, ќе ви пратат ВАКЦИНИРАН

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.

– Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните, рече премиерот.

Заев рече дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти граѓани над 40 години се исто така вакцинирани.

– И попишувачите се вакцинирани во значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, истакна Заев при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Пописот ќе почне во недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До денеска до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани.

ХАОС вo Грција: Сycпeндиpaни близу 6000 невakциниpaни лeкаpи и мeдицинcки пepcoнaл❗

Илјадници вработени во јавното здравство во Грција, кои не примиле вакцина против Ковид – 19  во рамки на владината рамка за вакцинација, од вчера се суспендирани и не одат на работа.

Според првите податоци, заклучно со вчерашното попладне, биле издадени 5.895 суспензии за невакцинирани вработени во болниците. Оваа бројка е без вработените во здравствените центри и Итните медицински служби.

Првичните проценки од Министерството за здравство покажуваат дека околу 10.000 вработени во јавните болници, здравствени центри и други агенции на Министерството за здравство ќе бидат суспендирани од платен работен однос се’ додека се невакцинирани.

Меѓутоа, надлежните служби синоќа очекуваа точна бројка, по вкрстената проверка на податоците, со оглед дека многумина и вчера побрзаа да се вакцинираат. Индикативен е случајот со Народната болница , каде што од 1.450 вработени, 110 биле невакцинирани до завчера, од кои најмалку 20 биле вакцинирани вчера. Како што изјавиле за „Катимирини“ високи функционери на Министерството за здравство, денот вчера поминал без проблеми и застои во работењето на клиничките одделенија на болниците.

Во меѓувреме синдикатите организираа протестни собири на персоналот во многу болници низ земјата, додека Министерството за здравство предупреди дека медрката е задолжителна и треба да се спроведе. Од Министерството упатија апел до невакцинараните да се вакцинираат.Синдидатот ПОЕДИН и за денеска закажа прекини на работата во повеќе здравствени установи низ цела Грција. Од таму велат дека работата трпи од суспензијата на здравствените работници.

Претседателот на синдикатот  Михалис Јанакос, како пример ја истакнува болницата во Митилена, која со суспензијата останува неврохирург и лекар, потоа болницата во Кефалонија без лекар, додека во болницата – здравствениот дом на Наксос 50% од микробиолошкиот персонал не е на работа поради мерката. Според него, во последниве денови многу болнички работници побрзаа да се вакцинираат, додека исто така многумина планираат за наредните денови. Сепак, тоа ќе значи да бидат надвор од најмалку 15-20 дена.

Во меѓувреме, се зголемуваат голем број судски одлуки со кои се отфрлаат барањата за укинување на мерката за задолжителната вакцинација.  Со цел да се надомести суспендираниот персонал, вчера попладне беше активирана платформата за поднесување апликации за вработување помошен персонал, освен лекари.

Шварценегер им се налути на невакцинираните: Глупави сте што не носите маска и по ѓаволите со вашата слобода!

Познатиот глумец Арнолд Шварценегер ги нарече невакцинираните луѓе глупави во свое интервју за Си-Ен-Ен, а веднаш по емисијата беше „отпуштен“ од својот спонзор „Редкон 1“ кој по 10 му ја откажа поддршката поради неговите „антиамерикански“ изјави, јавува МИА.

– По ѓаволите со вашата слобода – викна Шварценегер и налути многу луѓе во Америка. А на тоа, веднаш одговори неговиот спонзор „Редкон 1“:

– Секој што вели „по ѓаволите со вашата слобода“ – не е американски патриот! – нагласи Арон Сингерман, основач на фирмата.

Според Сингерман, „Редкон 1“ е „патриотски бренд“ кој поддржува „слобода на избор“. Компанијата го финансираше Шварценегер во многу настани меѓу кои и шоуто „Арнол Класик“ – натпревар во бодиблинг кој ќе се одржеше следниот месец во Охајо ако Шварценегер не ја дадеше кобната изјава.

Погледнете го видеото од интервјуто каде на 2:12 Шварценегер вели „по ѓаволите со вашата слобода“: