Tag Archives: невеста

Tројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија (Видео)

Emperor Productionпред три недели го објави трејлерот за новиот македонски филм, сатиричната комедија „Te Dua, жими мене“.

Станува збор за независен филм работен во 2019 година, а премиера ќе има на 21 септември во киното „Синеплекс“ каде ќе продолжи да се прикажува на редовен репертоар.

„Te Dua, жими мене“ е приказна за тројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија.

Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, а сценариото е на Никола Кузелов.

Валентин Видовиќ ја направи оригиналната музика за филмот, а кинематографер е Александар Карпузовски.

Главните улоги ги играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а во останатите улоги ќе ги видиме: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Исмаил Касуми, Мими Таневска, Владо Јовановски, Мирсад Абази, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Елдин Широки и Береда Решит.

Модната блогерка Александра Шијакоска се омажи за својата љубов: „Пред една година мислев нема да преживеам и да бидам невеста“

Модната блогерка и инфлуенсерка Александра Шијакоска и нејзиниот партнер Едмонд Весели го кажаа судбоносното „да“ и тоа на роденденот на Едмонд.

Парот кој е заедно 12 години ја прослави својата долгогодишна љубов со мала забава во куќата каде што живее, во Битола, на која присуствувале најблиските.

Александра заблеска во елегантна венчаница со голем бел цвет на десната страна, а Едмонд носел бело сако, маичка и панталони. Целата прослава била во знакот на белата боја, па така и останатите гости биле облечени во бели комбинации.

„Не правиме свадба, туку мала прослава со пријателите. Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме. Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф. Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, напиша Шијакоска претходно на Инстаграм.

За потсетување, во февруари минатата година Александра објави емотивно видео во кое откри дека ѝ бил дијагностициран тумор на главата, поради кој мораше да се подложи на 4 операции.

Невестата во ЦРНО: Објавени фотографии од тајната венчавка на Дарко Лазиќ и убавата Катарина

Фолкерот Дарко Лазиќ и го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Катарина.

Цело време тоа го чуваа во тајност, а сега на социјалните мрежи ја сподели првата фотографија од нивната тајна венчавка.

Дарко и Катарина беа облечени во црно, а венчавката се одржа во општината. Популарниот пар објави и фотографија од нив со кумовите, кои изгледа се единствени кои присуствувале на законското стапување во брак.

Двајцата изгледаат навистина убаво иако несвојствено за невеста, Катарина е цела облечена во црно.

Велешанката која наместо со сопругот ја венчаа со сведокот… 😂

Една анегдота која се вртеше пред една година се врти низ велешката чаршија, за која немаме потврда дали навистина се случила, но секако, дури и како анегдота, е одлична за почеток на следната анализа за коронакризата, наталитетот и бројот на бракови и разводи.

Имено, пред една година, на некоја регистрација во матично, се венчале момче и невеста, која била во веќе поодмината бременост. Сè поминало во најдобар ред, сите мерки за заштита од коронавирусот се почитувале, младите среќни дека почнале ново поглавје во нивните животи, се родило и бебето. И тука почнале проблемите.

Во моментот кога требало да го запишат во матичната книга на родени, им кажале дека бебето им е вонбрачно, односно родено во врска која не била крунисана со брак. Како, кога младите пред извесно време, најлегално се венчале? Но, дилемата била брзо разрешена, кога забележале дека во изводот ов венчаните, невестата била венчана – со сведокот. Грешката се случила кога бракот бил заведен во книгите на венчани. Во графата „сопруг“, наместо младоженецот, по грешка било запишано името на сведокот, случајно или не :).

Сеуште не знаеме дали бракот се поништил или веќе слават годишнина со сведокот :)))

Приказната за дедото кој „купил“ млада невеста, има 12 ќерки и 36 внуци

Во куќата на Фазли Реџепи постојано излегуваа и доаѓаа гости да честитаат затоа што после 14 девојчиња му се родило машко дете и тоа на 71 година.

Договорените бракови помеѓу Албанците датираат уште од многу одамна, но приказната за овој човек е навистина неверојатна. Реџеп Кастрати од село во Призрен, кога наполнил 61 година, решил повторно да се ожени во 2013 година. Купил млада Албанка и на локалните медиуми изјавил дека за сопругата дал 3000 евра.

Сепак, очекувал како што вели, жена од 35 години, а му дале девојче од 19 години.

Оваа приказна е интересна, затоа што овој дедо со сопругата која му починала во 1980 година има 12 ќерки, а не сакал девојчињата да ги остави без ниеден брат, па решил повторно да се жени.

Десет негови ќерки се мажени, тие имаат 36 деца, значи дедото има 36 внуци само.

Желбата му се исполника со новата сопруга Валентина, со која го добил првиот син и го нарекле Дијамант, кој сега би требало да има 8 години.

Само невестата и младоженецот ќе можат да играат на свадбата?

Само невестата и младоженецот ќе можат да танцуваат, додека гостите на свадбата ќе даваат аплауз од масите, ова го тврди организатор на овие веселби за ТВ21.

Свадбите ќе се организираат само на отворен простор со најмногу 100 гости. Сопствениците на свадбени салони не се задоволни со овие протоколи и препораки. Љуљзим Хасани вели дека предлагањето нови мерки е дискриминирачки бидејќи 80 отсто од местата за свадби немаат летни тераси и отворен простор.

„Тоа е дискриминаторска одлука затоа што не ги вклучува сите наши објекти што се занимаваат со оваа активност. Овде олеснувањето се прави само за објектите што имаат тераси, односно тоа се отворени објекти, додека овде во нашиот регион во Тетово има само 1 или 2 објекти кои имаат таква можност, додека во другите објекти сме повторно затворени “, рече сопственикот на ресторан.

Хасан додава дека е апсурдно да се има музика додека гостите не можат да танцуваат. Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека е дозволена музика на отворен простор, додека за затворени простори, како што рече, во следните две недели ќе бидат подготвени соодветни протоколи.

Инаку, овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести и за да стапат во сила, се очекува да бидат одобрени од Владата.

ДРАМА: Бега од венчавка – младата трча колку што ја држи силата, младоженецот се обиде да ја спречи (ВИДЕО)

Сигурно сте слушнале дека невеста рекла „не“ на свадбата или дека побегнала од церемонијата, но ретко кој може да замисли дека тоа навистина се случува.

Најдовме видео на социјалната мрежа ТикТок, во кое невестата бега од венчавката, па влегува во автомобилот во кој ја чека возачот и бега, додека младоженецот трча по неа, но тој не успеа да ја стигне. Сè што успеа да стори е да го фрли чевелот кон автомобилот во кој таа побегна.

Ова видео е направено како смешна скица, а автор е девојче по име Нина Драма на ТикТок, а нејзиното вистинско име е Нина Мари Даниели.

@ninadrama

What would u do? 😳 POV in @brittneyraeallday page 👰🏻💔 #wedding #weddingdress #fail #valentinesday #ninadrama #funny

♬ original sound – Nina Marie Daniele