Tag Archives: независност

Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)

Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.

Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.

Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.

Браво за дечињата од Прилеп

Маркукуле.мк

Среќен 4-ти јули ! – На денешен ден усвоена е Декларацијата за независност на САД

На денешен ден, 4 јули 1776 година, на континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Декларацијата за независност на САД е државотворен документ на САД со која се прогласило дека тринаесетте американски колонии кои во тоа време биле во војна со Велика Британија повеќе не се дел од Британската Империја. Декларацијата требало да биде формално објаснение за причините поради кои Конгресот на 2 јули изгласал независност од Велика Британија, после повеќе од една година војување. Националниот празник на САД – Денот на независноста – се слави на 4 јули, денот кога е усвоена оваа Декларација.about:blank

Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776.

Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее:

„…сите луѓе се создадени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права меѓу кои правото на живот, слобода и потрага по среќата.“

Среќен роденден Татковино! Нека ни е честит 8-ми септември, 31 година самостојна Република Македонија📢

 На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.

„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!

Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.

Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честито 31-та година, самостојна и независна Македонија!“

Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци, АРМ – дел од програмата за независноста (Фото галерија)

Со интонирање на државната химна, почна официјалниот дел од церемонијата по повод јубилејот – 30 години независност на државата што се одржува во центарот на Скопје, пред Парламентот.

Филхармонијата ја изведе Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Овој дел од програмата ќе се затвори со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке“ во изведба на Влатко Стефановски.

Следуваа обраќањата на на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери кој ќе зборува преку видео врска, како и на премиерот Зоран Заев.

Музичката програма која предвиде сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници кои живеат во Република Македонија, во изведба на Вера Милошевска – Јосифовска, Јехона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски.

Во рамките на културно-уметничката програма потоа, следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Церемонијата почна во 17.30 часот со изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на овој значаен јубилеј. Симфонијата ја изведе Филхармонијата под диригентство на Бисера Чадловска.

Потоа свечено продефилираа здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и културно-уметнички друштва, како одраз на нашата мултикултурна традиција и европска определба,  приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани.  

(ВО ЖИВО) Прослава за 30 години независност на Република Македонија

Настанот за одбележување 30 години независност на Република Македонија претставува високо-церемонијална државна манифестација кој се одвива пред Собранието на Република Македонија и која го отсликува историскиот референдум на 8 септември 1991, кога граѓанките и граѓаните на Република Македонија го потврдија илинденскиот и асномскиот континуитет и масовно го дадоа својот глас за независност на нашата држава како суверен меѓународен субјект и за меѓународно признавање како рамноправна членка на заедницата на народите.

Настанот предвидува специјално дизајнирано празнично осветлување на Собранието, паркот и некои од околните објекти.

Целиот настан проследете го тука:

Котеска: Неписмени, недоучени и слават фејк њуз за 30 години „Северна“

Професорката Јасна Котеска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје реагира за честитката од премиерот Зоран Заев за Денот на независноста 8 Септември.

„Неписмени, недоучени и слават фејк њуз за 30 г. Северна. А ќе рече човек – премиер е…“, коментира Котеска.

Референдумот на кој 95,09 отсто од народот гласаше „ЗА“ Независна, Самостојна и Суверена Република Македонија

Тоа беше референдум, на кој македонскиот народ и граѓаните на Македонија масовно излегоа на гласање и се изјаснија за независна и самостојна Република Македонија.

На денешен ден, 8 септември 1991 година во Република Македонија се одржа успешен референдум по кој беше прогласена независна Република Македонија, која дотогаш беше во рамките на СФРЈ.

На референдумот граѓаните се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Учествува 1,2 милиона Македонци и други граѓани на Македонија, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија.

Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава.


Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот.

Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на референдумот изрази само Унијата на албанската интелигенција. Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание.

Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина…

Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година, формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.
Сенка врз настаните во темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца ПЈРМ (поранешна југословенска Република Македонија).

Република Македонија воспостави дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име ја признаа најголемиот број земји меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Русија и САД.

Извор: Денешен.мк

На прославата за „30 години независност“,може да дојдат само ВАКЦИНИРАНИ и ПРЕЛЕЖАНИ граѓани

Владата ги поканува граѓаните на Македонија да учествуваат на централната манифестација по повод јубилејот „30 години независност“, 8 Септември – Денот на независноста, која ќе се одржи утре во 17 часот пред Собранието на Македонија.

Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на корона вирусот. За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат здравствените протоколи, се наведува во владината информација.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните кои ќе се регистрираат на следниот ЛИНК.

Според протоколот, бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила. Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Македонија најдоцна до 16:30 часот, појаснуваат од владата.

Скопско Нерези вечерва грмеше во чест на роденденот на татковината 🇲🇰 (ВИДЕО)

Додека Македонија утре го прославува роденденот на нашата татковина, вечерва по тој повод буквално „гореше“ скопско Нерези.

Жителите на населбата Нерези вечерва го прославија роденденот на нашата земја Македонија на комитски начин.

На видеото може да се забележи дека жителите се наредени низ целото спортско игралиште и во исто време ги палат баклите во чест на празникот 8 септември.

На крајот од видеото има и огномет со кој тие уште еднаш докажаа како се сака нашата татковина МАКЕДОНИЈА.

Пoчecнa apтилepиcкa cтpeлбa пo пoвoд Дeнот на нeзaвиcнocтa на Македонија

По повод 8 – Септември, денот на независноста на Македонија, утре во касарната „Илинден ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека во 16 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм).

Вечерта на 7 септември во време од 18:30 до 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија хаубица 105 мм.