Tag Archives: ноле

(ВИДЕО) Пркосен и горд, истраен – НАЈДОБАР ! Како Србите му се заблагодарија на Новак?

Честитки пристигнуваат од сите страни, а меѓу нив беше и „белградската“ кула која се наоѓа на шеталиштето Сава, а блескаше во чест на најдобриот српски тенисер.

Веќе нема дилема. Новак Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Тоа уште еднаш го потврди освојувајќи ја јубилејната 10-та титула на Австралија опен, а воедно и 22-риот Грен слем во својата богата кариера.

Новак ечеше низ Мелбурн. Ниту повредата на задната ложа, ниту силно мотивираните противници, кои ги „пореди“ како на лента, не можеа да направат ништо за него. Последен во низата беше Стефанос Циципас, кого Ноле го совлада во финалето, со фантастични 3:0 во сетови.

„Ноле, те сакаме! Дојди во Скопје!“ (Видео)

„Ноле те сакаме! Дојди во Скопје!“, во еден глас испратија порака учениците од Основното општинско училиште „Вера Циривири“, од Општина Карпош. 

Заедно со градоначалникот на Општината, до славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, испратија заедничка покана за тенисорот да го посети Скопје и Општината. 

-Заедно со учениците од ОУ Вера Циривири се одлучивме да му испратиме заедничка покана на Новак Ѓоковиќ да го посети Скопје. Се надеваме дека ќе ни успее оваа покана затоа што е спортски пример за сите дечиња во Македонија. Уште еднаш Новак, повели биди гостин на Општина Карпош ќе ни биде чест да те пречекаме! – истакна градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.