Tag Archives: новинар

Новинарот Петровски ја запроси својата девојка во аптека (Видео)

Новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа ја запроси својата девојка.

Тоа го направи на спектакуларен начин – ја побара за жена својата девојка во аптека со повеќе камери.

Секако има причина за овој уникатен начин на запросување. Како што ни откри Матеја, тие баш во аптека се запознале, таму за првпат се виделе, па затоа решил ова прекрасно изненадување да го направи на истото место.

Погледнете како изгледаше ова изненадување кое Матеја и го подготви на својата сакана.

На новинар од Прилеп му бил понуден стан за да не објави вест

Во најновата емисија “Нешто конкретно” на Снеже Велков и’ гостуваа младите новинари Матеја Петровски, Кристина Атовска, Љупчо Златев и Сунаи Сабриоски.

Меѓу повеќето интересни прашања, водителката ги праша и дали на некој од нив некогаш му биле понудени пари за да не напише нешто, при одговорот беше: “На сите реално” .

Интересно беше тоа што новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски, рече дека пари не му понудиле, но дека му бил понуден стан.

Сабриоски потоа кажа дека ја одбил понудата.

Целата емисија можете да ја погледнете ТУКА

(ВИДЕО) Додека известуваше за земјотресот, удри и втор, новинарот едвај остана на нозе

Новинар на агенцијата Demirören Haber Ajansi во живо известуваше од Кахраманмарас, Турција, за последиците од земјотресот во раните утрински часови што го погоди југот на оваа земја и соседна Сирија, а токму додека известуваше во живо за програмата, градит беше погоден од втор земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Паника настана меѓу луѓето кои ги пребаруваа урнатините зад него, некои луѓе скокнаа од урнатините, а новинарот едвај остана на нозе.

Погледнете ја снимката:

(ВИДЕО) Каква брука – Новинарот Исмаили му даде леб и фискална на Ковачевски

Новинарот на Алсат, Мефаил Исмаили за време на денешната прес конференција во Владата, му даде леб и фискална на премиерот Ковачевски со цел да се увери дека и покрај намалувањето на цената на горивата и покрај тоа што одредени компании добиваат субвенционирана струја, основните прехранбени производи не се намалени.

Премиерот со одговор: Ние не рековме дека се намалени, туку дека ќе се намалат за 10 проценти!

Американски новинар приведен на стадион во Катар поради маичката која ја носел (ФОТО)

Американскиот новинар Грант Вал, кој работи за „CBS Sports“ и има напишано книга за Дејвид Бекам, бил приведен на стадион во Катар поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан.

– Кога дојдов на стадионот облечен во маичка со виножито за поддршка на ЛГБТ заедницата, редарите ми забранија да влезам. Ме задржаа 25 минути и бараа да ја соблечам маицата. Твитнав за тоа. Еден момент подоцна, еден од чуварите насилно ми го грабна телефонот од раце. Помина речиси половина час. Чуварите одбија да ми го вратат телефонот и рекоа дека мојата маица е „политизирана“ и бараа да ја соблечам. Јас одбив.

Мојот пријател Ендрју Дас, новинар на „Њујорк Тајмс“, минуваше и му кажав што се случува. Го уапсија и него. На крајот чуварите ме натераа да станам и да се свртам кон безбедносната камера. Еден од чуварите праша: „Дали сте од Велика Британија? Јас одговорив: „Од Њујорк“. Ова почна да ме нервира. Конечно го ослободија Енди.

И тогаш ми пријде шефот на обезбедувањето. Тој рече дека ме пуштаат и ми се извини. Се ракувавме. Еден од редарите ми кажа дека само се обидуваат да ме заштитат од навивачите внатре кои би можеле да ме повредат поради носењето на маицата. Подоцна ми се извини и претставникот на ФИФА. Но, оваа епизода ме натера да размислам како им е на обичните Катарци кога целиот свет не гледа во нив, напиша американскиот новинар на својата веб-страница.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе забрана за било какво носење симболи или пароли, од страна на националните тимови, новинарите но и навивачите, за поддршка на ЛГБТ-популацијата, почитувајќи ги законите на земјата домаќин на Мундијалот.

Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим плоштадот (Видео)

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.

Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.

Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

Софијанова му се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала 3000 евра месечно (Видео)

Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала  како директорка и доктор.

Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 3000 евра месечно од клиниката а огромен дел одтоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.

Кога Салију и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува
Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот.

Видео:

https://fb.watch/g8cIf-nVC1/

Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.

Видеото завршува со закана од Софијанова дека  ќе се јави некаде од каде Салиу треба да биде дисциплиниран.

Бугарски новинар го нарече северномакедонец- не може да ме попиташ, може да те пошљакам! (ВИДЕО)

Ја имаме легендата на протестите во Скопје кој им кажа колку е саат на новинарите од бугарска телевизија кои провоцираа среде протести нарекувајќи ги Македонците, северномакедонци.

Новинарот му вели, може да те попитам, а граѓанинот му одговори дека може да го пошљака.

Погледнете ја урбенесната конверзација:

Кинески новинари во околината на Киев не нашле докази за руски злосторства

Кинески новинари кои биле во околината на Киев во истражување за руски злосторства против цивилите, велат дека не нашле докази за такво нешто.

Како што велат во извештајот, наместо злосторства, локалните жители им кажувале дека Русите им дале храна.

https://t.me/intelslava

(ВИДЕО) Се степаа украински новинар и политичар

Украинскиот новинар Јури Бутусов и членот на Платформа за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата „Слобода на говорот“ на Савик Шустер.

Тепачката избила кога Шуфрич истакнал дека „Платформата за живот“ е втората најсилна во парламентот, а народот на Украина ја поддржува неговата страна, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, по што тој ги обвини за ширење на руската пропаганда во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека судот треба да одлучи дали некој е предавник.

Само неколку моменти подоцна Бутусов притрча до Шуфрич и го удри во лицето, по што изби тепачката.

Кога ситуацијата малку се смири, Шуфрич го напушти студиото на неколку минути, за да се врати и да му каже на својот ривал дека е обичен провокатор, а и дека се „гребе како девојче“.