Tag Archives: новороденче

Почина уште едно новороденче во болницата во Битола

Во текот на вчерашниот ден уште едно бебе починало во болницата во Битола, по изведен царски рез. Информацијата за „Слободен печат“ ја потврди директорката на болницата Елизабета Ивановска.

Според неа станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта, но според информациите од Ивановска, бебето било родено мртво.

Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река

Новороденче чудесно успеало да преживее откако било ставено во ранец еднаш по породувањето и било фрлено од мост во река. Очевидци за полицијата изјавиле дека виделе маж како фрла ранец во реката Капибарибе во Сан Лоренцо да Мата во Бразил. Сè се случило утрото на 17 ноември.

Двајца рибари под мостот го спасиле бебето откако виделе како чантата паднала во реката и го слушнале плачот на бебето, пренесува „Дејли „мејл“.

Кога го отворив, внатре имаше бебе. Почнав да плачам, рекол за бразилските медиуми еден од рибарите.

Тие веднаш повикале полиција, која го однела бебето во болница. Според локалните медиуми, бебето се родило само неколку часа претходно, а папочната врвца не била правилно исечена. Бебето е во стабилна состојба, но останува на опсервација во болницата.

Абортусот е нелегален во Бразил, а за кршење на законот следи затворска казна.

Медицинскиот персонал во ШОК – Новороденче проодело! (ВИДЕО)

Медицинската сестра, непосредно по завршувањето на породувањето, се обидела да го избања бебето, но тоа цврсто одлучило да го одбегне тоа, па почнало да ги прави своите први чекори.