Tag Archives: Нуклеарка

Американците направија НУКЛЕАРЕН ЅВЕР од 550 МИЛИОНИ ДОЛАРИ (ВИДЕО)

Американската компанија за воздухопловна и одбранбена технологија „Нортроп Груман“ го претстави својот нов авион Б-21 „Рајдер“, прв во новата флота на стелт нуклеарни бомбардери со долг дострел наменети пред се за потребите на американското воено воздухопловство.

Б-21 Рајдер беше претставен на церемонија во Палмдејл, Калифорнија, каде посетителите можеа да го видат новиот бомбардер, објави Ројтерс. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека тоа не е само уште еден авион, туку показател за решителноста на САД да се бранат. Б-21, кој има облик на крила во лет, е сличен на неговиот претходник Б-2 и ќе може да носи конвенционално и нуклеарно оружје.

Авионот е првиот новодизајниран стратешки бомбардер на Америка во повеќе од 30 години, и речиси секој аспект од развојот на програмата е класифициран. Пред 12 години се предвидуваше дека еден таков авион ќе чини 550 милиони долари, но со инфлацијата денес чини 750 милиони. Воздухопловните сили на САД планираа да купат најмалку 100 од овие авиони и да почнат да ги додаваат во флотата за да ги заменат бомбардерите Б-1 и Б-2. Во 2015 година „Нортроп“ ги победи на тендерот „Боинг“ и „Локид Мартин“, која настапија заедно.

Нортроп го нарекува Б-21 авион од шестата генерација, со оглед на можноста за лесно поврзување со други авиони и лесното интегрирање на идното оружје во неговите системи. „Б-21 е поиздржлив, помалку видлив на радарот благодарение на стелт материјалите кои бараат помалку одржување и трошоците за неговата употреба се сведени на минимум“, рече Даг Јанг, потпретседател на Нортроп Груман. Шест од овие авиони, кои за прв пат треба да летаат кон средината на следната година, се во различни фази на производство.

ЗАГРИЖУВАЧКО ВИДЕО: Експлозија на нуклеарна бомба порака до противниците!?

NTV, која е во сопственост на руската гасна компанија „Гаспром“, објави застрашувачка репортажа за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оружје, со снимки од „печурки“ кои се креваат по падот на нуклеарната бомба.

Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, додека пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оружје за масовно уништување, пренесува Вечерњи лист.

Се наоѓаме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот – коментира во прилог Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.

Русија пред нykлeapнa xaвapија: Иcклучен руски нykлeaрен реактор, испуштал пареа

Нуклеарен реактор на југот на Русија е исклучен бидејќи е откриено дека испушта пареа, но тоа не предизвикало зголемување на радиоактивното зрачење.

Како што наведува Розенергоатом, подружницата на руската нуклеарна агенција Росатом, реактор број 2, од четири што ги има електраната во близина на Ростов на Дон, на југот од земјата, мораше да се затвори поради поправки, бидејќи синоќа во 23.55 часот по средноевропско време беше откриено дека испушта пареа. „Причината е неисправен спој на цевката од 18 милиметри преку која не-радиоактивна вода оди до генераторот на пареа на реакторот“, наведува Розенергоатом.

Портпаролот на Розенергоатом рече дека инцидентот не е опасен и дека се ќе се среди за два дена, откако ќе се излади цевката. Русија е меѓу најголемите производители на нуклеарна енергија во светот. Росатом има 38 реактори изградени главно во советската ера, во 11 електрани низ целата земја.