Tag Archives: Обдукција

Морбидни резултати од обдукцијата на двегодишното девојче од Србија, претепано до смрт од очувот-монструм

Јавноста во Србија е шокирана од бруталното убиство на двегодишното девојче од Зајечар, Србија, откако очув монструм го претепа до смрт пред очите на мајката. Сега на површина излегоа нови, уште пострашни детали, пишува Новости.

Обдукцијата на телото е завршена. Таа покажала дека детето има повеќе повреди на главата, од кои едната била фатална.

Констатиран е и расцеп на црниот дроб, а повредите не можеле да бидат предизвикани од пад, како што изјавил очувот, кој е осомничен за ова брутално злосторство.

Полицијата во Зајечар го уапси Милош Н. (25) поради сомнение дека го претепал двегодишното дете на неговата партнерка, односно за кривично дело семејно насилство со смртен исход. Уапсена е и мајката на девојчето, Јелена Т.

Милош Н. е осомничен дека вчера во изнајмен стан во Зајечар неколку пати по главата и телото ја удрил двегодишната ќерка на својата невенчана сопруга, при што тешко ја повредил, а детето е пренесено во Здравствен дом во Зајечар, каде што починало.

Мајката со повреди го донела детето во болница. Само еден час по приемот, детето починало.

Според неофицијални информации, осомничениот Милош и претходно се однесувал насилнички. Но, она што е сигурно е дека во споменатото семејство нема пријави за насилство.

„Во досегашното работење со семејството немало пријави за занемарување и злоупотреба на деца, ниту пак некој од родителите бил пријавен за семејно насилство врз децата“, соопштија претходно од Центарот за социјална работа.