Tag Archives: обложувалници

„Дај ги парите или ќе те убијам“: 16-годишно момче од Мралино со секира крадело во обложувалница

Шеснаесет годишно момче од село Мралино, општина Илинден со секира во рака влегло во спортска обложувалница и се заканувало дека ќе ја убие вработената ако не му ги даде парите. Инцидентот, според Министерството за внатрешни работи се случил пред неколку дена кога малолетникот влегол во обложувалницата во Петровец каде извршил разбојништво.  

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба, вчера во 04:30 часот, лишиле од слобода малолетникот.

Во службен раговор во полициска станица, во присуство на родител, тој го признал делото, а биле пронајдени и дел од предметите поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР. 

Како што информираат од таму, малолетникот се сомничи дека на 30 април 2023 извршил кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во село Петровец, при што со закана од вработената одзел пари.

ПОПУСТО се избираат претставниците за Евровизија 2023 – Во обложувалниците УКРАИНА Е ВЕЌЕ ПРВА (Видео)

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни да ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на уметникот, пренесува Индекс.

На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а убедливо води Украина. Букмејкерите и даваат на украинската група ТВОРЧИ и песната Heart of Steel дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.

Шведска, која исто така не избра песна, има импресивни 10% шанси за победа.

Украина избра претставник за Песна на Евровизија во декември во подземната станица во Киев претворена во воено засолниште.

ТВОРЧИ е електро поп дуо, основано во 2018 година во Тернопил. Музичарите се запознале додека студирале фармација во западна Украина. Тие беа избрани да ја претставуваат Украина на Евровизија и ова е нивниот најголем успех досега.

Победник на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија беше оркестарот Калуш од Украина. Киев го доби правото да го емитува Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, но поради безбедносни грижи предизвикани од руската војна, Британија ќе биде домаќин на настанот.