Tag Archives: Обраќање

(Видео) Путин: Некои луѓе се спремни да ја продадат и сопствената мајка, само да им се дозволи да седат во ходникот на “вишата каста” – Европската Унија

Таквите луѓе се подготвени да ја продадат сопствената мајка, само да им се дозволи да седат во ходникот на оваа „виша каста“ – вели рускиот претседател Владимир Путин кој навести дека Западот се обложува на „петтата колона“.

Во неговиот говор Путин нагласи дека:

– Ако руските трупи дејствуваат само во Донбас, тоа нема да доведе до елиминација на заканата, таму би лежела нова линија на фронтот, вели тој.

Путин напоменува дека оние кои ја турнаа во војна Украина се западните сили.

-Западните газди го туркаат Киев на крвопролевање со снабдување со оружје и испраќање платеници, додава тој.

За санкциите вели дека тие се сериозен удар за целата глобална економија, а САД и ЕУ всушност не ги исполнија обврските кон Русија, замрзнувајќи ги нејзините резерви.

Путин напомена дека Русија, за разлика од западните земји, ќе го почитува правото на приватна сопственост, додавајќи дека сега знаеме кој кукавички ги изневери сопствените сојузници и партнери.

Погледнете го видеото во продолжение:

Се обрати Путин: „НИКОГАШ нема да се откажам“

Додека траат преговорите меѓу руската и украинската страна, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се ист народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит“, рече Путин, додавајќи дека руските трупи за време на украинската операција делуваат храбро „како вистински херои“.

Путин најави поддршка за семејствата на загинатите и ранетите за време на специјална операција во Украина:

“На сите членови на семејствата на загинатите војници во специјалната воена акција ќе им биде обезбедено осигурување и еднократна отштета предвидена со закон – 7 милиони 421 илјади рубли. На секој член од семејството на починатиот ќе му се исплаќа месечен надоместок. Покрај тоа, сметам дека е неопходно да се воспостави дополнителни исплата на секое семејство на војник од Министерството за одбрана, службениците и вработените во други агенции за спроведување на законот вклучени во операцијата во износ од 5 милиони рубли. Сите војници повредени во операцијата, исто така, ќе добијат соодветни исплати.“

„АПУ и националистите држат заложници и поставуваат опрема во станбените населби“, рече Путин на состанокот на Советот за безбедност.

„Националистичките и неонацистичките групи, вклучително и странските платеници, вклучително и оние од Блискиот Исток, ги покриваат цивили како жив штит. Има апсолутно објективни податоци, фотографии од нив како ставаат тешка воена опрема во урбаните станбени населби. Тие, исто така, зедоа заложници странски државјани , вклучително и илјадници студенти кои студираа во Украина. 3.179 индиски државјани беа задржани на железничката станица во Харков повеќе од еден ден“, рече тој.

„Нашите војници обезбедија коридори во сите области на конфликт без исклучок, обезбедија транспорт за цивилите, странските државјани да имаат можност да одат на безбедно. Би сакал повторно да нагласам дека националистите не дозволуваат тоа да се случи“, рече рускиот претседател.

„Покрај тоа, тие сега упатуваат странските граѓани да се пријават кај нивните власти, а тие за возврат ќе треба да се пријават во Министерството за надворешни работи на Украина. Всушност, луѓето се фрлени во оган“, рече тој.

Оваа генерација е најсветото нешто, генерација која ја обедини Македонија 🇲🇰

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација… Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев на својот Инстаграм профил.