Tag Archives: Одговорност

Тетовци излегуваат на протест за херој-докторот Бобан, кој е обвинет за страшниот пожар во модуларната болница

Во понеделник – 16.01.2023 година, со почеток од 09.00 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, а заради (не)правдата кон др. Бобан Вучевски.

Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте.

Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.

ОДЗЕМЕНА лиценцата за работа на Беса Транс, КОЈ ИМ ДОЗВОЛИЛ да возат !?

За автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници. Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради што на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење на дејност, информира Министерството за транспорт и врски.

– После официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата „Беса Транс БТБ“, кое учествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија, Министерството за транспорт и врски утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници. Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски, соопшти ресорното Министерство.

Притоа, напоменуваме, се вели во соопштението, дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса Транс БТБ“, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив.

– Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност. Притоа, фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски, велат од Министерството.

Дополнително, додаваат, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот „Беса Транс БТБ“.

-Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции и стои на располагање со целокупната база на податоци, нагласуваат од Министерството.

Арифи: Да имав институционална одговорност за изгорената болница, сега немаше да седам тука како кандидат

Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат, изјави кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи од ДУИ во емисијата 24 анализа. Според нејзе, тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите.

– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаи. Институциите се тие кои повикуваат на одговорност. Одговорно за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат – рече Арифи.

Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите.

„Само во Македонија за ИЗГОРЕНИ ЛУЃЕ КАБЕЛ може да биде КРИВ, но никако МИНИСТЕР“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Чашка, нагласи дека СДСМ и Зоран Заев немаат програма бидејќи како што истакна тој таа подразбира план и визија.

-Никој од Заев не виде програма. Сеат магла и ги повторуваат буквално истите лаги. Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија. Тие немаат визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси. Заев нема програма затоа што таму ќе остане напишано тоа што ќе излаже, излажаното. Нема програма затоа што и тоа им тешко да го направат и ќе станат мерливи и ќе може да се споредат дека се имаат излажано, а  ништо немаат направено, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Заев и СДСМ се надеваат дека народот кога ќе заокружува зад параваните на 17ти октомври нема да се сети дека Македонија е најкорумпирана држава во Европа, но и дека е единствена земја во која живи горат 14 луѓе а виновен за тоа е кабелот.

-И мислат дека народот кога ќе заокружува зад параваните нема да се сети на тоа дека сме најкорумпираната држава во Европа. Дека сме  први по смртност во Европа поради Ковид кризата и дека 14 луѓе живи гореа, а одговорност за тоа нема, кабелот бил виновен, рече Мицкоски од Чашка.

,,По пожарот во Констанца после НЕКОЛКУ ЧАСА оставки, кај нас и по 24 ДЕНА од тетовската трагедија сеуште бараме ОДГОВОРНОСТ”

Статус на денот 👇

Во Романија, во Костанца, пред неколку часа избувна пожар во болница. Има и загинати.

Веднаш по стабилизирањето на пожарот, паднаа и првите оставки.

Кај нас поминаа 24 дена, откако изгоре модуларната болница во Тетово и загинаа 14 пациенти. Ние сеуште бараме моларна одговорност – пишува медицински работник на Фејсбук.

Линк од објавата:

https://www.facebook.com/1259845921/posts/10227538703754103/

Тендерската документација ја лоцираше одговорноста за безбедноста за Тетовската болница, власта си ја префрла топката де локално де централно

Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници, покажуваат документите до кои дојде Дојче веле.

Документите насловени „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавени во октомври 2020 година во подробности ги опфаќаат фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно. 

Додека се чекаат резултатите од истрагата која треба да одговори на многу прашања во врска со смртта на 14 пациенти и нивните роднини во тетовскиот ковид-центар на 8 септември годинава, истражувањето на ДВ во документацијата за проектот расчистува некои дилеми во однос на надлежноста и одговорноста за контролата на изградбата, функционалноста и заштитните механизми. 

Директорите – изведувачи и инспектори 

Според овие документи, надлежни за спроведување на проектот во делот на институционалните договори биле тим- лидерот од Светска Банка и лице од проектната канцеларија на Светска Банка при Министерството за труд и социјална политика како проект-менаџер. Во делот на имплементацијата, за тетовската модуларна болница надлежни биле две лица од Министерството за труд во делот на заштитниот надзор. Директорот на тетовската болница Флорин Бесими фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор. Бесими, кој повеќе од 11 години беше в.д. директор на Тетовската болница, во меѓувреме понуди оставка на функцијата, исто како и економскиот директор на клиниката Артан Етеми- кој не се споменува во документацијата. Никој од засегнатите, кои ги контактираше ДВ, во моментов не смее да коментира ништо во врска со случајот поради тековната истрага. 


Повеќе детали во факсимилот: 

Факсимил од описот на надлежностите за проектот од кој може да се види дека директорот на тетовската болница бил наведен како изведувач, одговорно лице за локалната супервизија и инспекција.

Од тетовската општина тврдат дека тие немале никаква надлежност во врска со модуларната болница за ковид-пациенти. Ја префрлаат одговорноста врз Министерството за здравство.

Од Општина Тетово тврдат дека тие немале надлежност ни за противпожарната заштита во ковид-центарот, ниту пак за водоводот и канализацијата во него. Сето било надлежност на централните власти и на изведувачот. Објаснувањето е дека модуларната болница била објект од прва категорија за која, согласно посебниот закон за нејзина изградба, инспекцискиот надзор требало да го врши „Државен инспекторат врз основа на Член 128 став (2) од Закон за градење”. 

Повеќе – Дојче Веле

Даниловски без влakна на јазик: Ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака!

Универзитетскиот професор д-р Драган Даниловски вели дека македонското здравство личи на башибозук.

Тој во изјава за ТВ 24 утрово потсети дека Македонија е на врвот во светот по смртност од Ковид.

-Треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика – рече Даниловски.

Богоевски: Венко покажа одговорност, која ужасно недостасува во политиката

Поранешниот пратеник Павле Богоевски, кој се повлече своевремено од функцијата пратеник заради скандалот со аудио снимката поврзана со договарање за набавка на психотропни супстанции, вчера вечер во врска со понудената оставка на Венко Филипче истакна:

Сите си ја сакаат функцијата, но малкумина ја почитуваат доволно за да отстапат кога тоа го бара интегритетот на истата.

Венко денес покажа одговорност, која често и кај многумина во македонската политика ужасно недостасува.

На хејтерите, ќе им кажам само дека политичка одговорност и вина се две сосема различни работи. Ама не очекувам дека ќе сфатат – никогаш го немаат почуствувано ниту едното, ниту другото. Браво, другар!! – напиша Богоевски.