Tag Archives: Охрид

Адвокатот што доби пријава за Сонцето од Кутлеш: Аирлија нека е, ние Македонците не се плашиме на нашите душмани

Адвокатот Тони Менкиноски кој вчера доби пријава од СВР Охрид за истакнување на огромното знаме со сонцето од Кутлеш на Водици не се кае за што што го сторил ниту се плаши од обидот на власта да го заплаши.

Менкиноски кој е бранител на македонските здруженија во Бугарија со кои има добиено десетина предмети во Стразбур порачува дека треба да се плашат тие што сакаат да го забранат македонскиот симбол а не Македонците.

,,АИРЛИА НЕКА Е !!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав Македонското сонце кое е симбол на мојот народ ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец !!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние што сакаат да ни го забранат или премолчат Македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот , Егејот, Вардарот, Гора , Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици , само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ”, порачува Менкиноски упатувајќи до јавноста синтагмата – Македонија на Македонците!!!

,,Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас”, заклучува Менкиноски.

Менкиноски предходно го истакна огромното знаме со сонцето од Кутлеш и во центарот на Скопје но таму не доби пријава од полицијата.

Дилерско-криминална пресметка? – На Пендиков му ја скршија вилицата, а пред еден месец бил ФАТЕН СО КОКАИН

Синоќешното претепување на охриѓанецот Христијан Пендиков во кафеана во градот, во кое тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата, наликува на дилерско-криминална пресметка, и покрај тврдењата на бугарските власти дека Пендиков бил претепан затоа што е секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“, пишува „СДК.мк“.

Повредениот Пендиков, според билтенот на охридската полиција, бил приведен на 17 декември минатиот месец во близина на селото Лескоец, кога добил и кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. Од полицијата велат дека тогаш на Х.П. (22) од Охрид при преглед му бил пронајден кокаин.

Според СДК, и тепачите кои синоќа му ја скршиле вилицата на Х.П., ѝ се познати на полицијата во градот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, и тоа во повеќе наврати.

Бугарското МНР најави протестна нота поради инвидентот со Пендиков, тврдејќи дека тој бил нападнат поради тоа што е секретар на бугарскиот клуб. Повредениот попладнево со авион на бугарската влада е пренесен во Бугарија на лекување. Тројцата напаѓачи се уапсени.

Според очевидци во охридската кафеана, синоќа околу 22.30 часот прво избувнала расправија меѓу тројцата напаѓачи и Пендиков, кој веќе бил во локалот кога дошле тие. Веднаш штом влегле во локалот, Х.П. почнал да ги пцуе и навредува, по што тие го извадиле надвор и во свој стил, познат и на полицијата, и на охриѓани, го натепале и му ја скршиле вилицата, велат очевидците, додавајќи дека не бил кажан ниту збор за политика, Македонија, Бугарија, а немало ни говор на омраза на овие теми.

За 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш во Охрид – МВР му напиша прекршочна пpиjaва

За малку избегнат инцедент за најголемниот христијански празник Богојавление, 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур. Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува што точно се случило:

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата, од нивното себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.

Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.

Инаку за ицидентот со знамето Алфа побарала став од полицијата, прашале зошто полицијата инсиситрала тоа да се тргне? Во соопштението кое МВР го испратија стои дека вчера околу 10 часот на малиот плоштад, од страна на Т.М.(49) од Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон. Од страна на полициските службеници, изготвен е записник за констатиран прекршок.

Ден на рибарите во Охрид (Фото)

На денешен ден на Сараиште, старите рибари ги оставале мрежите да се „пает“, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите.

Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во одреден период престанала да се практикува, но повторно се обновила.

Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото.

Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини.

Охриѓани се потсетуваат дека во минатото, фрлањето на чесниот крст било забрането.

На 20-ти завршувал „Татиљот“ или забраната за риболов. Рибарите го искористувале денот, наместо да ловат риби скришно да скокаат по крстот без притоа некој да се посомнева. На најстариот рибар му се давало „бочка“ со вино, па затоа во нивна чест се фрлаат бурињата со вино, со што всушност се продолжува старата традиција, раскажуваат.

Џиновско знаме на Македонија за Водици (Видео)

Џиновското знаме со сонцето од Кутлеш на адвокатот Тони Менкиноски денеска беше развиорено во Охрид, на големиот празник Богојавление Водици.

Ова знаме со сонцето од Кутлеш Менкиноски претходно го развиори во Скопје, преку целата зграда во која се наоѓа неговата канцеларија, како поддршка за учесниците во протестот против францускиот предлог за бугаризација на Македонија.

Менкиноски е правен застапник на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

Богојавление-Водици спектакуларно одбележан во Охрид (Фотогалерија)

Охриѓани масовно и на спектакуларен начин го одбележаа верскиот празник Богојавление-Водици. Силниот ветер и брановите не ги спречија илјадниците верници од Охрид, земјава и во мал број од странство да присуствуваат на положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро, по кој запливаа околу триста млади лица. Најсреќен беше 19-годишниот, Васко Довлев, кој за прв пат го фати крстот…

Силниот ветер кој дуваше со брзина од 15 метри во секунда, односно преку 60 километри на час не ги спречи охриѓани повторно на уникатен начин да го одбележат големиот верски празник Богојавление-Водици. Уште од раните утрински часови црковните храмови се исполнија со верници кои по богослужбите во литии се упатија на Градското пристаниште за да присуствуваат на Богојавленскиот водосвет. По црковниот церемонијал со кој раководеше надлежниот архијереј, митрополитот Тимотеј, светиот крст беше положен во разбрануваното езеро, а по него запливаа околу 300 младинци и младинки. Највешт и најсреќен беше 19-годишниот Васко Довлев од Варош кој за прв пат го фати крстот.

„Чувството е многу убаво, некако чувствував дека едноставно во раце ми дојде, чувствував дека е за мене. Не ми дојде во раце, падна до мене и само ја пуштив раката. Јас едноставно чувствував, со верба во бога, одев и во црква и постев, и кога ќе има верба сè ќе биде. Најбитно здравје, среќа, љубов на сите“, вели Довлев.

„На фаќачот на крстот му посакувам да има успешна година, како и секој оној што успеал да го фати и се надевам дека уште многу, многу години ќе успееме да во ваква форма да го празнуваме овој празник којшто за Охрид и охриѓани е дефинитивно најголем“, рече Кирил Пецаков- градоначалник на Охрид.

И покрај лошите временски услови на Градското пристаниште присуствуваа повеќе илјади верници од Охрид и земјава меѓу кои беа и претставници на власта и опозицијата, како и помал број странски туристи.

„Русинка сум ама мажена сум тука. Прекрасно, многу убаво, кај нас нема таква традиција. Овде е супер, секојпат е интересно, секоја година“.

„Во Охрид и еднаш во Грција. Овде е најдобро во Охрид, има многу атмосфера, многу веруваат. Бог се јави, среќен празник“, вели гостин од Италија.

Иако температурата на водата беше 9 степени, а на воздухот околу 10-от степен, силниот ветер и брановите придонесоа спасителите на Црвениот крст, нуркачите и медицинските екипи да имаат поголем број интервенции.

„Преку 20 интервенции имавме, што во вода, што на копно. Еве веќе ги згрижуваме сите коишто се со исеченици и некои мали повреди. Значи голем предизвик, драго ми е што немаше ништо, некој поголем инцидент“, вели Сашо Точков, претседател на Црвен крст- Охрид.

По црковниот дел од манифестацијата присутните ги исполнија рестораните и кафетериите долж брегот каде што уживаа во греаната ракија и виното зачинети со убава охридска староградска музика. Богојавленските празнувања продолжуваат утре на празникот Свети Јован Крстител, кој во Охрид се слави и како Ден на рибарите.

(Видео) Бадникова поворка во Охрид – дечињата пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог”го најавуваат Христовото Раѓање

По двегодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, денеска во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во земјава илјадници деца ќе чекорат во бадникови поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

Видео:

https://fb.watch/hTVqsqcdxG/

ТРАДИЦИОНАЛНО НАКИТЕНА ЕЛКАТА во Охридско Езеро (ФОТО)

По 21 пат Охридското езеро доби подводна елка во пресрет на Новата година.

Традиционално, секоја година, нуркачите им ја посветуваат на децата со ретки болести со желби за нивно здравје, успех и среќно детство.

Иоваа тим нуркачи од охридскиот нуркачки центар „АМФОРА” од Охрид, во Музејот на вода во близина на плажата „Градиште” ја накитија подводната елка во Охридското езеро.

Сите посетители на Музејот на вода, ќе имаат можност да ја видат елката од денес па се до крајот на јануари.

Кафиќ во Охрид ја заклучи вратата од тоалетот – САМО СО ФИСКАЛНА СМЕТКА

Сликата која се шири на социјалните мрежи според авторот направена е во кафуле во Охрид. За да го користите тоалетот мора да имате фискална сметка, на која стои кодот за во тоалет, пренесува Прес24

Кафулето работело со систем на самопослужување па нема да мора да го чекате келнерот за да му ја платите сметката.

ВИДЕО од демолирањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од инцидентот во кој масикрани лица го демолираат бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Може да се забележат три лица како го кршат клубот со тврди предмети.