Tag Archives: ОленаЗеленска

Олена Зеленска: Ова не е нормално, децата не можат да си го видат татко си, ниту јас сопругот

Првата дама на Украина Олена Зеленска даде интервју минатата година за украинската „Рада ТВ“ со својот сопруг Володимир Зеленски.

Ова е само втор пат парот да биде виден заедно од почетокот на војната, бидејќи Зеленска била скриена поради своја безбедност.

„Најлошата мака е војната што започна. Не можам да кажам дека нешто значајно се променило од почетокот на оваа војна. Володимир беше и останува сигурен човек. Неговото гледиште не се промени. Нашето семејство, како и сите украински семејства , сега е одвоено“, рече Зеленска и додаде:

“Никој нема да ми го одземе сопругот, дури ни војната. Тој живее на работа, едвај го гледаме. Воопшто не сме го виделе два и пол месеци, само разговаравме на телефон. Досега имавме неколку шанси да се видиме“.

Сопругата на Зеленски – украинскиот претседател, вели дека тешко е да му објасни на син ѝ каде е неговиот татко, таа во интервју за Си Ен Ен вели дека нејзината врска со сопругот е „на пауза“ поради војната со Русија и дека „чекаат повторно да се обединат“ со своите деца.

Првата дама откри дека долго време не го видела својот сопруг, украинскиот претседател Володимир Зеленски и вели дека „не е нормално“ нивните деца да можат да разговараат со својот татко само по телефон.

Двајцата одбија да ја напуштат Украина кога руската армија започна напад на 24 февруари, а наместо тоа останаа во Киев да ја водат земјата во воени околности. Тие добија пофалби од целиот свет за нивниот решителен пркос на рускиот претседател Владимир Путин.

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на првата дама на Франција Брижит Макрон и на сопругите на другите лидери кои помогнаа да се сочуваат болните деца. Таа им се заблагодари и на другите Европејци кои се грижеа и им помагаа на украинските бегалци, велејќи дека тие ја заслужуваат Нобеловата награда за мир.

„Сакам да им се заблагодарам на сите Европејци кои сега им помагаат на нашиот народ“

Во интервју за „Ле Паризиен“, Франција, Олена Зеленска рече дека апелирала за поддршка до првите дами во светот кога Русија почна да ја напаѓа Украина. Брижит Макрон беше една од првите што одговори, откри таа, а нивниот однос беше топол и пријателски, додава таа.