Tag Archives: ОливераНаковскаБикова

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: Параолимпијката Наковска-Бикова со голем успех на Светското првенство во стрелаштво

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри.

Наковска Бикова во квалификациите на Светското првенство, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја одржи до последниот куршум.

Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување – Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд. (МИА)

Македонската претставничка Наковска-Бикова освои шесто место на Параолимпијадата 👏🏅

Единствениот македонски претставник на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска – Бикова, која влезе во финалето како осмопласирана, настапот го заврши со резултат од 147.9 кругови.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио ја очекуваат уште два настапи, в четврток во дисциплината спорт пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри, в сабота.