Tag Archives: оливерспасовски

,,Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство”

 Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Loading…

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

-Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме – ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

-Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме – утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

Спасовски најави поголеми плати за вработените во МВР – Но, расветлувањето на случаите до каде е ?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми го најави зголемувањето на платите на вработените во МВР во бруто износ од 3.086 денари.

Во стилот на старата мудрост ‘тивка вода брег рони’, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство.

Со денешната одлука на 140 седница на Владата, зелено светло доби предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април” соопшти Спасовски.

Тој потсети дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5% за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 беа издејствувани зголемувања на платите за сите вработени. Покрај ова, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

“Истовремено, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, досега доброволно исплативме бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е прибирањето на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40% на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари.

Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е императив за ова раководство на МВР. Продолжуваме да го развиваме концептот ‘Задоволна полиција – безбедни граѓани’, кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал”, истакна министерот Спасовски на социјалните мрежи.

Албанец се пријавил за„Тигрите“, ама го одбиле зашто НЕ ЗНАЕЛ ДА ПЛИВА – Спасовски тврди дека нема етничка дискриминација

„Во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ не е важна етничката припадност, туку кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на „Алсат“, запрашан за застапеноста на Албанците во оваа единица.

Тој посочи и пример за еден кандидат-Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но на крајот не успеал, бидејќи не знаел да плива.

„Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги започна проверките и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите отстапка во овој дел“, рече Спасовски.

Тој најави дека најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, објасни Спасовски.

Спасовски: Подготвени сме да ги прифатиме беглаците од Украина

Државата е целосно подготвена доколку има каква било потреба за прифаќање на укр аинските бегалци, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека државата има активирано Директива за привремена заштита и покрај тврдењата на Здружението на млади правници дека Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина ја немаат активирано таа директива.

– Не, ние имаме активирано таков механизам како држава. Целосно сме подготвени. Имаме влез на околу 21 илјада украински државјани на територијата на државата, пред се, кои се во роднински или пријателски врски со наши државјани, а дел од нив работат во ИТ компании кои доаѓаат тука. Има мал број на лица коишто поднеле барање и им се издава престој од хуманитарни причини. Меѓутоа, како држава сме целосно подготвени доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, изјави Спасовски.

Зоран Дранговски од Македонско здружение на млади правници посочи дека располагаат со бројка од неколку илјади украинци, кои претстојуваат и оти се соочуваат со сериозни потешкотии во земјава.

– Земјите од ЕУ ја активираа т.н Директива за привремена заштита која ја има и во нашиот Закон за меѓународна заштита, меѓутоа Република Македонија не ја активираше таа заштита и практично бегалците од Украина се оставени сами да се снаоѓаат со решенија во однос на нивниот статус. Еден дел од нив веќе аплицираа за привремена заштита, еден друг вид заштита кој се дава согласно Законот за странци, не е заштита од типот како за бегалци наменета, бидејќи со оваа заштита тие неможат да работат, да користат здравствено осигурување, освен ако не си плаќаат сами приватно, не можат да добиваат бесплатно образование итн, рече Дранговски.

Најголем дел од нив државава ги третира како туристи.

– Тие се влезени тука согласно тој престој од три месеци, немаме информации дали сите регулирале престој или не, но нема државата посебен систем кој ќе овозможи заштита на бегалците од Украина. Иако постои редовната постапка за добивање на право на азил, мал број се одлучиле да побараат азил, според информациите со кои ние рапсолагаме, и не знаеме од кои причини, можеби се уште се во очекување на една ваква колективна заштита која Македонија треба да им ја пружи на овие бегалци, додаде Дранговски.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити информира дека во Република Северна Македонија се присутни околу 250 до 300 лица од Украина.

– За нив комплетно се грижи Црвениот крст во смисла на помош и поддршка во делот на хуманитарните потреби и здравствената грижа. Подготвени сме имаме обезбедени средства и луѓе, до крај да им излеземе во пресрет. Работиме на проширување на нашите услуги кон нив, подготвуваме просторија за децата укра инци да пристапиме на еден поинаков начин, да ги задоволиме нивните потреби на таа возраст, рече Саити.

Во однос на бројката од над пет милиони бегалци, кои се наоѓаат на територијата на Турција, министерот за внатрешни работи Спасовки посочи дека се потенцијален проблем и за нашата држава, но и за регионот и за Европската унија.

– Затоа е од исклучителна важност како ќе функционира договорот ЕУ и Турција. Јас се надевам дека како и досега успешно ќе се менаџираат тие односи се со цел да не се предизвикаат поголеми предизвици пред сите нас да стојат во делот на справувањето со миграцијата. Сакам да напоменам дека сите овие мерки коишто ние ги преземаме се мерки за справување со последици од миграцијата. Ова не се мерки за решение на проблемот. Проблемот со миграцијата треба да се решава од изворот, нагласи Спасовски.

Според министерот, низ територијата на нашата држава од 2015 до јануари 2016 година поминале околу 1.100.000 лица.

Пензиониран полицаец се заканил дека Оливер Спасовски ќе биде yбиeн

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.

Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​