Tag Archives: општини

Алтернатива бара ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ во Македонија

Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку, соопштуваат од Алтернатива.

„Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, па испаѓа дека таа заедница е во духот на западните вредности. Многу добро. Да направиме и ние во Македонија една таква заедница во тој западен дух.

Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина.

Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?!

Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Македонија и српскиот јазик во Косово“, стои во соопштението.

Арачиново со 12 676 жители за 1 година УКРАЛЕ струја која ја трошат жители во 14 општини во Македонија !

На тема Арачиново и крадење струја илустративно граѓаните сеуште реагираат по социјалните мрежи. Погледнете ги реакциите:

Косовската полиција го отcтрани билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“

Вечерва, припадниците на косовската полиција го тргнаа и билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“, што беше поставен во Ранилуг, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
„Очигледно, Албин Курти започна отворена конфронтација со Заедницата на српски општини и Бриселскиот договор, чие прекршување доведе до криза на северот на Косово и Метохија“, напиша Петковиќ на Твитер.