Tag Archives: ОтецЃорги

Отец Ѓорги до Филипче: Како смееш да побараш за Велигден да останеме дома!

РЕАКЦИЈА И АПЕЛ (Од група на верници)

Во врска со изјавата на Министерот Филипче: Верските лидери да апелираат до верниците да седат дома за празниците, објавена на ден 09.04.2021г, како православен христијанин чувствувам одговорност да го изнесам следново:


Во пресрет на најголемиот и најрадосниот празник – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – средиштето, смислaта и суштината на нашата вера, како православни христијани се чувствуваме загрозено, незаштитено и дискриминирано. Повредени се нашите уставнозагарантирани права а истовремено повредени се и нашите верски чувства. Правото на вероисповед е неприкосновено право загарантитано со Уставот на РМ ( чл.9 и чл.19), Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група ( чл.4) како и со Универзалната Декларација за човекови права и Европската Конвенција за човекови права. Нагласуваме дека согласно чл.54 од Уставот на РМ и во вонредни околности тоа право не може да биде ускратено.Ограничувањето на слободите и правата неможе да се однесува на слободата и правото на вероисповед.
Во контекст на сето горенаведено бараме на сите граѓани од православна вероисповед да ни биде овозможена непречена посета и учество на сите црковни богослужби и секако најпосакуваната – ВОСКРЕСНА СВЕТА ЛИТУРГИЈА.

Во смирен православен дух бараме да не бидеме лишени од нашата насуштна потреба и најголема радост и достојно да го прославиме Христовото Воскресение.
Овој апел го упатуваме до сите релевантни институции на државата и секако закрила и застапништво бараме во нашата МПЦ – ОА.


Да не заборавиме светата православна вера и Црква низ вековите биле стожер и бедем на македонскиот народ кој со Божја помош ги надминувал сите искушенија, така нека биде и овојпат.
Зашто Господ е Сила , Здравје и Живот!
За многу години!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Со почит
Верни чеда на МПЦ -ОА

НЕДЕЛА НА СВ.ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК 4-та Недела од Великиот пост Окрилени со силата на крстот, го продолжуваме своето…

Posted by Otec Gjorgi Mitev on Saturday, April 10, 2021