Tag Archives: пајак

Пајак и Теодора на егзотична „Летна авантура“ (Видео)

Пајак и Теодора Џехверовиќ имаат летна авантура, но не љубовна, туку музичка.

Токму „Летна авантура“ е насловот на нивната нова песна за која извадија и спот кој е егзотичен и модерен.

Христијан Настески или попознат по уметничкото име Пајак се потпишува како автор на музиката и текстот, додека аранжанот и миксот го работеше Иван Јованов.

Станува збор за летна песна со весел и лесен ритам за уво,а препознатлив за музичкиот израз на Пајак.

Она што денешните млади го сакаат, Пајак знае да го направи, а веќе и српските ѕвезди „намирисаа“ каде се хитовите, па тргнаа во реализација на дело.

Претходните соработки на Пајак со Лара Иванова и Антониа Гиговска достигнаа милионски прегледи на Јутјуб, а најновата со Џехва веќе брои над 870 илјади.

Еве како звучат и изгледаат Пајак и Џехва во овој македонско-српски спој на „Летна авантура“:

Пајак и Џехва имаат дует: Македонскиот трапер и познатата српска пејачка со заедничка песна и спот (ФОТО и Видео)

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ.

Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати.

Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната.

– Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичнатабројка од над 16 милиони прегледи на одличната макфестовска дует песна „Bella“.

Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…


На кратко тизер од снимањето на спотот и песната можете да слушнете тука:

„Бугари, Македонци … нека Бог не пази, друго се` се политички игри“ – Феноменот „BELLA“ со одлични реакции и 13 милиони прегледи (Видео)

На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и речиси насекаде низ Балканот.

Пајак и Лара нема ден а да не постираа видео каде некое момче или девојче се имаше снимено како ја пее оваа песна или танцува на истата.

До денес, видеото кое што е постирано пред четири месеци денеска има над 13 милиони прегледи, од цел Балкан.

Изобилуваат коментарите од цел свет, но највидливи се чини се коментари од Бугарија, па се чини дека само преку песна може да се разбереме 🙂

Погледнете ги дел од реакциите:

Град Скопје му го крена автомобилот на Апасиев тој врати: Ако може пајак да ја дигне зградава

Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.

Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса.

Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот.

За службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз. Град Скопје сака да верува дека заложбата на пратеникот за почитување на законите не е само декларативна и дека истиот мисли дека законите важат за сите, па и за пратениците – велат од таму.

Пратеникот Апасиев на Фејсбук објави слика од зграда во општина Аеродром со наслов: „Златко Марин ако може да дојде да ја дигне зградата паркирана е на тревник“

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3721013011297343