Tag Archives: пациент

Пациенти тепаат новодојден пациент во „Бардовци“ (Вознемирувачко видео)

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи.

На видеото се слуша како еден од пациентите бара од човекот да се претстави, а потоа им дава насоки на другите во просторијата да го тепаат.

„Седи тука, воспитни! Така се пречекуваат новите гости“, се слуша на видеото.

СТРАШНО ! Пациент почина во ходник во тетовската клиника!

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави вечерва порталот на албански јазик Тетовасот. Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

-Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час, изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот.

Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

-Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот, изјави директорот Плумб Вела.

Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е само неколку дена односно од 28 март.

Пациент со цистична фиброза моли за терапија: Ние имаме право на лек

Млад пациент со цистична фиброза, хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, ги моли надлежните да ја набават потребната терапија… 

Молкот од институциите причина за 31-годишниот Игор Пехчевски од Берово борбата за терапија за болните од цистична фиброза да ја води на социјалните мрежи. Со фотографија од болнички кревет и транспарент „Имаме право на лек“ в раце, ги моли надлежните што побрзо да го набават лекот трикафта.

За Игор, но и за останатите околу 130 пациенти со цистична фиброза лекот „трикафта“ буквално живот значи бидејќи не ги ублажува само симптомите, туку го лекува самиот причинител на болеста и го продолжува животниот век на пациентите.

Редовни прегледи, медикаменти, инхалации – секојдневието на Игор не е нималку налик неговите врсници. Поради неговата состојба принуден е неколку пати годишно по десетина дена да се хоспитализира на Клиниката за пулмологија, каде што е и во моментов.

Од Министерството за здравство нема одговор на прашањата од Канал 5 дали и кога се планира набавката на оваа терапија. Инаку во светски рамки лекот трикафта успешно се користи веќе три години, а достапен е и во некои од земјите од соседството како Србија, Бугарија и Грција. Асоцијацијата за цистична фиброза настојува на брза набавка но и бесплатно лекување на пациентите бидејќи без поддршка од Фондот, 30-дневен третман за едно лице чини 18.000 евра.

СРАМОТА – Вработена во болница одзела картичка од пациент и си пазарела со неа!

Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката.

Во службениот разговор таа го признала делото

СП: Доктор Горан Балевски: Пациент ја фати за врат и почна да ја дави 62-годишната лекарка утринава

Директорот на охридската болница доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ вели дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да ја дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години.

Инцидентот, за среќа, го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент.

Според доктор Балевски, ова не е ни прв ни последен пат здравствените работници во Охрид, а и во другите градови од внатрешноста, да преживуваат тешки напади кои најнапред почнуваат како вербални, а потоа прераснуваат и во физички.

-Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив пациент што не сакал да чека во ред, ја фатил за врат да ја дави. Пријавивме во полиција, лекарката е добра. Станува збор за искусна докторка на 62 години. Срамота е што ги напаѓаат лекарите, изјави доктор Балевски за Слободен печат.

Пациентката која ИЗБЕГА од прозор од болница, отишла право во БУРЕКЏИЛНИЦА

Главниот инфектолог во гостиварската болница, доктор Ратко Наумовски, за „Слободен печат“ објаснува што точно се случило со пациентката која беше снимена со камера како преку прозорец ја напушта собата за изолација каде што требало да биде сместена додека се лекувала од ковид во ова болничко одделение. Според него, таа не избегала од болницата, туку постојано лекарите мака мачеле да ја смират за да остане во собата.

-Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки откако го реновиравме инфективното одделение. Вчера ја испишав од болницата бидејќи видов на Фејсбук дека ја снимил некој како излегува од болницата. Не можам да седам и да ја вардам, ниту сестрите можат ниту ние лекарите. Излегуваше низ ходник. Ако ја потсетев, пак ќе влезеше в соба, после пет минути кога не сум тука, пак излегуваше. Ковид позитивна беше. Нејзиното лекување заврши и јас ја испишав од болницата. Не правиме веќе тестови дали е позитивна или негативна. Откако ја испишав од болницата, во бурекџилница во град влегла. Не можеме да гледаме кај одат пациентите. Им кажуваме дека кога ќе го напуштат инфективното одделение уште една недела да бидат дома. Не можеме да ги излечиме сто процентно за време на лекувањето на инфективна. Ако лекуваме така, по два месеци ќе ги држиме пациентите во болница. Имаше добра сатурација во текот на неколку последователни денови и откако видов дека ја снимиле на Фејсбук ја испишав лично, зашто не можевме да ја вардиме. Излегуваше преку прозорец, на тревникот. Со неа во соба беа две потешки пациентки вклучени на кислород. Еден ден ја најдов како ја исчистила тревата надвор. Не избегала од болница, туку само се шеташе во болницата, така му кажав и на инспекторот од полицијата кога дојде да праша, ни изјави доктор Наумоски.

“Па што не умре”: Дошла по лекови за мајка си, лекарот ја стаписал

Поранешна новинарка во повеќе медиуми открива нехумано искуство со лекар во врвна македонска здравствена установа.

Отишла да набави лекови за мајка и а добила прашање поради која и самата мора да прима лекови за смирување.

“Еден началник во ГОБ треба да и ја обнови листата на лекови на мајка ми: Колку години има, ме прашува.
-80 и кусур, му велам.
-Па што не умре? Ме стаписа! Ама докторе мајка ми е, разбирате?!
-Па што, стара се мачи и вас ве мачи,вели “хуманистов”.
Трет лексилиум ми е денес.”
– пишува новинарката која не може да се помири со искуството на член на медицинската фела која важи за најхумана и која токму поради вакви исклучоци во своите се соочува со стигма кај дел од граѓаните.