Tag Archives: пантер

Ако ПАНТЕРОТ од Србија дојде во Македонија, Максим и Куманово се подготвени да се соочат со него

Откако вчера во Србија се објавија нови снимки од пантерот кој за кратко време пристигнал од Апатин, на унгарско-српската граница, до Фекетиќ оддалечен осумдесетина километри, загрижени граѓани на страниците на српските портали прашуваат која ќе биде неговата следна дестинација. Многумина се уверени дека животното ги следи своите инстинкти и самото ќе си го најде патот до потоплите краишта.

Србија, Македонија, па Грција? Во природата му е да се движи кон југ – коментираат граѓани на социјалните мрежи.

Ненад Тешиќ од еколошкото здружение „Движење за сите нас“ за српските медиуми изјави дека е очигледно како животното се движи на југ, односно од Војводина кон Централна Србија и апелираше луѓето да ја сфатат сериозноста на ситуацијата.

Ситуацијата сериозно е сфатена во општината Врбас. Откако опасниот црн пантер, по кого во Србија се трага веќе 17 дена, повторно е забележан во Срборбан кај Врбас, Општинскиот штаб на Врбас за вонредни ситуации одржа специјална седница.

По вестите дека пантерот за само неколку дена поминал 80 километри и се движи кон потоплите краишта, при што следната дестинација можеби е Македонија, вечерва седница одржа и Кризниот штаб на општина Куманово. Како што објави Плусинфо на седницата присуствуваа сите надлежни служби, вклучувајќи и претставници на Здружението на ловџиите.

По седницата, градоначалникот Максим Димитриевски даде куса изјава за медиумите:

Во рамките на проектот „Отворен Балкан“, ние сме постојаната комуникација со нашите колеги од Врбас. Од Ветеринарниот факултет во Скопје добивме известување дека црниот пантер навистина во принцип се движи кон потоплите краишта. Очекуваме Србија, како и за време на пандемијата и во енергетската криза, да ни пружи помош, на тој начин што братските српски општини ќе се фатат во костец со опасниот пантер пред тој да стаса на нашата северна граница. Но, дури и да стаса, нема простор за паника. Иако централната власт на чело со СДСМ веќе подолго време покажува неспособност да се справи со вакви кризни ситуации, ве уверувам дека Куманово и јас сме спремни да се соочиме со големиот предизвик – рече тој.

Црн пантер и ротвајлер кои живеат заедно се хит на нет

Луѓето се сведоци на едно чудно пријателство кое збунува илјадници следачи ширум светот: Венса, ротвајлерка и нејзината „сестра“ – црна пантерка по име Луна, животот ги спојува во мигот кога втората се родила и била одбиена од нејзината мајка…

Одговорните за Сибирската зоолошката градина, каде што се родила Луна, биле принудени да бараат дом за пантерот. На сцена стапува Викторија – стручњак за размножување кај мачки. Викторија ја посвојува Луна и ја носи дома. Така, Луна и Венса стануваат неразделни – токму како сестри.

Инаку, кучето и мачето, сега доволно потпораснати, се појавија и на платформата Тик-ток. Викторија уверува дека „Луна е многу добар пантер, рика само кога се плаши“ и никогаш не напаѓа мали животни.

Необичниот тандем, само на Тик-ток има повеќе од четири милиони следачи, на кои треба да се додадат и над 350.000 Инстаграм-следачи.

А на јутуб каналот Луна и Венза има 115 илјади следачи, погледнете го: