Tag Archives: Папа

ПАПАТА: Хомосексуалноста не е криминална, но е грев ….

Папата Фрањо ги критикуваше законите кои ја забрануваат хомосексуалноста, додавајќи дека Господ ги сака сите свои деца такви какви што се. Тој исто така ги повика католичките свештеници кои ги поддржуваат ваквите закони да примаат ЛГБТ луѓето во црквата – пренесува ЕлЏезеира.

„Да се биде хомосексуалец не е злосторство“, кажа папата во интервјуто за агенцијата АП.

Тој призна дека католичките свештеници во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата. Таквите ставови ги припиша на културните средини и рече дека свештениците треба да поминат низ процес на промена за да се признае сечие достоинство.

„Тие свештеници треба да поминат низ процес на преобраќање. Треба да применуваат нежност, каков што е Господ кон сите нас“, кажа папата.

Истополовите сексуални активности се сметаат за кривично дело во 67 држави низ светот, а во 11 се казнуваат со смртна казна.

„Таквите закони се неправедни и Католичката црква може и би требала да работи на нивното укинување. Тоа мора да се направи. Сите сме деца на Господ и Господ сите ги сака такви какви што се“, кажа Фрањо.

Тој додаде дека мора да се направи разлика помеѓу злосторство и грев кога се зборува за хомосексуалноста.

„Таа не е злосторство, но е грев. Добро, но прво мора да направиме разлика помеѓу злосторство и грев. Грев е и да немате милосрдие еден со друг“.

(Видео) Папата плачеше на молитва кога ја спомна Украина

Папата Франциско плачеше додека зборуваше за страдањата на украинскиот народ за време на молитвата на Шпанските скали во Рим, објави „Ројтерс“.

Во моментот кога зборуваше за Украинците, гласот на папата затрепери и мораше да застане околу 30 секунди, наведува британската агенција.

Кога неколку илјади собрани, меѓу кои и претставници на црквата и обични верници, сфатија дека папата го совладаа емоциите, почнаа да му аплаудираат, охрабрувајќи го да продолжи со говорот.

По долга пауза, поглаварот на Римокатоличката црква ја продолжи молитвата, пренесе „АП“.

„Денес сакав да ја споделам со вас благодарноста на украинскиот народ“, рече папата пред да го прекине својот говор обземен од емоции, по што продолжи:

„Наместо тоа, уште еднаш морам да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите од оваа напатена земја, која толку многу страда“.

Папата Франциск: Луѓето кои чуваат домашни миленичиња наместо деца, се себични

Зборувајќи за родителството за време на општата аудиенција во Ватикан, Папата изразил жалење што миленичињата понекогаш го заземаат местото на децата во општеството.

„Денес гледаме форма на себичност. Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат дете. Понекогаш имаат и тоа е тоа, но имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Ова може да ги насмее луѓето, но тоа е реалноста“, рече папата.

Практиката, рече шефот на католичката заедница од 1,3 милијарди луѓе во светот, „ги негира татковството и мајчинството и нè намалува, ни ја одзема хуманоста“. Значи, цивилизацијата старее без човештвото затоа што го губиме богатството на татковството и мајчинството, а земјата е таа која страда, додаде Папата.

Тој е фотографиран како гали кучиња, дозволувајќи да му го закачат јагнето преку рамо за време на Богојавление 2014 година, па дури и гали тигар и младенче пантер. Но, додека неговиот претходник Бенедикт XVI. бил љубител на мачки, не е познато дали Франциск има домашно милениче во неговата резиденција во Ватикан.

Во 2014 година, Франциск за дневниот весник Il Messaggero изјавил дека имањето миленичиња наместо деца е уште еден феномен на културната деградација и дека емотивниот однос со миленичињата е полесен од сложениот однос помеѓу родителите и децата. Денеска, повикувајќи ги паровите кои не можат да имаат деца од биолошки причини да размислуваат за посвојување, тој ги повика потенцијалните родители да не се плашат.

„Да се ​​има дете секогаш е ризик, но поголем ризик е немањето дете, во негирањето на татковството“, рече тој.

Аргентинскиот понтиф во минатото ја осудуваше демографската зима или падот на наталитетот во развиениот свет. На почетокот на оваа година тој го критикуваше модерното општество во кое кариерата и заработката за многумина се адут во градењето семејство, нарекувајќи го таквиот менталитет „гангрена за општеството“.

Папата Франциск : Христијанството во Европа дојде од Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск посвети цела проповед за Македонија, прикажувајќи ја како врата преку која дошло Христијанството во Европа.

На ауденцијата во четвртокот на 30 октомври 2019 година во Ватикан, Папата Франциск зборуваше за моќта на евенгелизацијата, опишувајќи го примерот со покрстувањето на Лидија од Македонија и мисијата на Апостол Павле.

Опишувајќи го настанот, Папата потсети на неговата посета на Македонија и дека Македонците се многу горди на тоа.

Грчки поп во Атина му се дереше на папата: „Ти си еретик!“ (ВИДЕО)

Постар православен свештеник во Атина му се дереше на папата Франциско додека овој влегуваше во православен храм.

„Папа, ти си еретик“, викаше тој.

На снимката се гледа како маж со долга бела брада, облечен во црна мантија и црна капа, извикува зборови на грчки пред зградата, пред полицијата да го одведе.

Сведоците рекоа дека тој викал доволно гласно за папата да го слушне метежот. Изгледа дека старецот паднал додека го одведувале, а полицајците го кренале.

Папата Франциско вчера од поглаварот на Грчката православна црква Јероним II побара прошка за злосторствата извршени од Католичката црква.

„Историјата има своја тежина и денес имам потреба да побарам од Бога и од моите браќа и сестри прошка за грешките што ги направија многу католици“, рече папата за време на посетата на Атина.

Православните христијани сметаат дека неговите зборови се однесуваат на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Првичната цел на походот бил Египет, но како жртва на крстоносците паднале, со масакри и грабежи, прво Задар, па Цариград. Резултатот од таа војна било основањето на Латинското Царство во Цариград. Крстоносците не ни стигнале до Светата земја затоа што сечилото на војната се свртело против ослабената Византија.

Извинувањето на папата Франциско не е прво од името на Католичката црква. Папата Јован Павле Втори прв пат пред 20 години побара прошка од атинскиот архиепископ во врска со инцидентите од 1204 година.

Вакцинацијата е ЧИН НА ЉУБОВ, вели папата Франциско (Видео)

„Вакцините даваат надеж дека ќе заврши пандемијата, но само ако вакцините се достапни за сите и ако работиме заедно“, изјави денска Папата Франциско.

Поглаварот на Римокатоличката црква преку видео порака ја поддржа кампањата за вакцинација во САД и во други амерички држави.

„Да се биде вакциниран… е чин на љубов и придонес во тоа мнозинството луѓе да бидат вакцинирани е чин на љубов. Љубов кон себе, љубов кон семејството и пријателите, љубов кон сите“, потенцира папата Франциско, пренесе Ватикан њуз.

Пендаровски му подари дрес од Македонија за ЕП на папата Франциск (Фото)

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Македонија.

– Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното дело на Светите Кирил и Методиј, со заштитниците на Европа и понатаму ревносно да градиме заедничка просперитетна иднина, напиша Пендаровски по средбата со папата Франциски.Тој му заблагодарил на папата за историската посета на земјава, што претставува огромно признание за нас.На аудиенција кај папата Франциск, претседателот Пендаровски му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име.

– Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство, наведува Пендаровски на ФБ