Tag Archives: парно

Викторија Лоба реагира: Од 4500 до 5000 денари плаќаме парно секој месец, а парно нема!!??

За снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, реагираше и популарната пејачка Викторија Лоба.

Таа на социјалната мрежа „Твитер“, остро реагира за парно греењето во Скопје, велејќи дека секоја зима парно греењето во Центар е слабо. „Ова е срамота“, пишува Лоба. 

Целиот твит на Викторија Лоба, во продолжение:

ПАРНОТО за СКОПЈАНИ траеше само ТРИ СААТИ

Владата најави дека од 15 октомври скопјани ќе имаат парно греење но, од најавата малку се случи. Поточно, греење имаше само три шаса вод енот, и тоа не насекаде каде што има инсталација.

Најголем дел од Скопјани денеска добија парно греење, но само 3 часа. Топлинската енергија била исклучена по 9 часот, бидејќи потребната температура од 12 степени била достигната – вели првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Дел од граѓаните од населбите Железара, Кисела Вода и Карпош утринава се пожалија дека немале греење или на млаки радијатори. 85 згради во главниот град останаа незатоплени – потврдуваат од ЕСМ. Директорот Ковачевски вели дека станарите самите биле виновни – или немале струја во потстаниците или пак не ги направиле потребните подготовки навреме.

– „Не е точно дека има повеќе граѓани, бидејќи ќе имаше реакции од граѓаните. Можно е самата станбена заедница да не била доволно подготвена да ја прими топлинската енергија во делот на топлинските пумпи, во делот на потстаниците, во делот на електричната енергија и во делот на поправка на системот. Значи ако во радијаторите претходно постоел воздух, оној воздух којшто треба да се испушти, не може топлината да го истисне воздухот. Значи самите заедници, самите граѓани мора да се подготват за да ја примат топлинската енергија“ – вели Васко Ковачевски – директор на АД ЕСМ.

ЕСМ засега обезбеди гас за работа на скопските топлани за само две седмици, односно до први ноември. Со приватникот ТЕ-ТО се уште нема договор и неизвесно е дали и кога ќе се вклучи во системот на топлинска енергија. Ковачевски вели дека поради нестабилните цени на гасот на светскиот пазар ќе набавуваат месец за месец, а истовремено преговарале за купување гас за до крајот на грејната сезона.

– „Да направиме кратки интервали на набавка на природен гас, затоа што цените на гасот на берзите и фиксните цени што се даваатсе во опаѓачки тренд. Имаат надолна линија и тоа значи дека ние после 20-ти, 25-ти октомври ќе се обидеме да набавиме енергенси за ноември месец, но исто така сме во разговори да набавиме 6-месечна испорака на природен гас со фиксна цена која ќе биде пониска од сегашната“ – рече Васко Ковачевски – директор на АД ЕСМ.

– „Цената по која ние сме го набавиле природниот гас за овие две недели е повисока од она што го имаме сега како понуда за месец ноември“ – вели Крешник Бектеши – министер за економија.

Ако на светскиот пазар нема гас или не може да се купи по поволни цени, топланите во Скопје ќе работат на дизел кој во моментов е прескап. Ковачевски се одлучил за таа опција бидејќи мазутот многу загадувал. Инаку 500 потрошувачи приклучени на Скопје Север исто така немаат парно, бидејќи компанијата во стечај има неподмирени долгови кон ЕСМ и од таму нема иницијатива да се најде начин да работи зимава. И покрај тоа што се растрчаа во „5 до 12“ да бараат ефтин гас, сега надлежните уверуваат дека Македонија не зависи од околните држави и дека парно греење ќе има во текот на цела грејна сезона.

БЕГ ГИ ОЛАДИ СКОПЈАНИ: Наместо 14%, сметките повисоки за 100%

За над 100 отсто повисоки сметки за парно добија скопјани за месец август. Граѓаните кои се јавија во редакцијата на СДК се пожалија дека од БЕГ им стигнале сметките за парно, иако месецот не е завршен.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 29 јули донесе одлука цената на парното да се зголеми за 14 отсто, што е многу помалку од зголемувањето на сметките кои сега ги добиваат граѓаните.

-Првпат се случува да добиеме сметки пред да заврши месецот. Ај што стигнаа порано, туку се повисоки за 100 отсто. Зошто стигаат олку високи сметки, кога поскапувањето требаше да биде само 14 проценти, прашува еден од граѓаните.

Викендов нема да има парно во Скопје: Гас за греење има уште за утре!

Енергетската криза кулминира, БЕГ има гас за греење уште за утре, бара Владата да ја преземе компанијата до крајот на грејната сезона.

-За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.Енергетската криза во Македонија доведе до покачување на цената на парното доведе до проблеми кај самите граѓани, но и кај компанијата која го снабдува Скопје со парно греење, порачуваат од БЕГ.

Иако најави дека доаѓа голема енргетска криза имаше подолго време, Владата речиси половина година не презеде ништо на ова, па дојде до ситуација граѓаните да плаќаат повисоки сметки, за греење кое можеби и ќе го немаат.

Централната власт последниов период се обиде одговорноста да ја префрли кон локалната власт, која нема законски ингеренции да финансира приватни компании. Таква законска можност во Македонија има само Владата, па јасно е зошто БЕГ во оваа криза бара помош токму од Илинденска.

Парното поскапи, а скопјани се мрзнат во сред зима

Цената на парното греење што важи од 1 јануари е зголемување за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, по одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Но Скопјани и денеска се жалат на проблеми со греењето.  Велат дека парното се вклучува многу доцна, но и дека е слабо. Сметаат дека е  недозволиво во ек на зима, со вакви темепратури, нивните домови да бидат ладни.

Од БЕГ, пак, тврдат дека системот за централно греење е стабилен и се испорачува топлинска енергија до потрошувачите.

Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел темепратурите до домовите да се одржуваат на 20 степени. Рекламациите кои досега се евидентирани во центарот за грижа на  потрошувачи се однесуваат на поединечни станови или објекти каде екипите веднаш излегле на терен, се вели во дописот од компанијата.

Од РКЕ им соопштија на граѓаните, кои не добиле соодветна услуга од страна на снабдувачот со топлинска енергија, да поднесат приговор до нив. Дополнително, од Комисијата објаснуваат дека снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимум 20+1 степени во времетрање од 6 наутро до 22 часот во текот на денот.

И вчера граѓани од Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода се пожалија дека имаат проблеми со греењето. А веќе неколку дена без парно се и околу 500-тини домаќинства од Бутел и Чаир. Велат цела година плаќаат сметки за парно, а  сега  со греалки се обидуваат да ги стоплат домовите.

Од Топлификација Скопје Север се надеваат дека Општина Чаир од понеделник ќе го плати долгот за да може да купат гас и да го вклучат греењето. Сепак, од таму потенцираа дека тоа не е решение за нивните проблеми затоа што Скопје Север АД се соочува со сериозни финансиски пролеми поради сериозниот раст на цената на гасот.

Граѓаните се мачат дека дома децата им смрзнуваат, и најавуваат приговори, а прашуваат како е возможно да плаќаат поскапо парно а радијаторите да се млаки, топлина од нив речиси и да нема, оббинуваат дека се вршат рестрикции во сред зима.

Од денеска поскапува струјата, но и парното

Сметките за парно во јануари во Скопје ќе бидат повисоки за 14 отсто поради зголемената цена на природен гас на пазарот. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовки кажа дека 13,8 милиони евра се потребни за набавка на природен гас за топланите, но тој трошок не можат да го платат само граѓаните и затоа побара разликата да ја покријат Владата, Град Скопје и скопските општини. 

„Цената за парното ќе се зголеми за 14 проценти. Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018,  имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија.“ – изјави Марко Бислимоски – Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Бислимоски додаде дека засега не се размислува за префрлање на БЕГ да работи на мазут, иако неговите котли тоа го овозможуваат. Сепак, доколку се дојде до ситуација да нема природен гас, или неговата цена да биде екстремно висока, Бислимоски вели тогаш – таквата опција стои како отворена. 

„Доколку БЕГ почне да работи на мазут, тогаш до крајот на грејната сезона ќе треба да работи на мазут. Јас тоа не го препорачувам, но ако нема природен гас и цената е многу висока може и тоа да се разгледува како крајна опција. Топланите се во подрчја каде живеат луѓе и тоа ќе се одрази врз загадувањето и здравјето на граѓаните.“ – изјави Марко Бислимоски – Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика објави дека струјата ќе поскапи за 9.48% од јануари, и дека ќе се укине дневната евтина тарифа од 14-16 часот, а соопшти дека поскапува и парното греење за 14,05% за сите корисници во Градот Скопје.

БЕГ бара поскапување на парното од 300 отсто

Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје.

Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава и пренесува порталот „Фактор“.

Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно токму за 300 проценти, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија.

Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.  

Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот.