Tag Archives: пасош

Ни МАШКО, ни ЖЕНСКО, САД го издадоа првиот „X“ пасош

Соединетите Американски Држави го издадоа првиот пасош што содржи категорија „икс“ за сите оние што не сакаат да се изјаснат дали се мажи или жени, објави Стејт департментот.

Следната година се очекува да бидат воведени и категории за небинарност, интерсексуалност и родова неусогласеност.

Специјалната претставничка на САД за правата на ЛГБТК Џесика Стерн го нарече овој потег историски, нагласувајќи дека документите треба да се усогласат со реалноста.

„Кога некое лице ќе има документи што го одразуваат неговиот вистински идентитет, ќе живее со повеќе достоинство и почит“, рече таа.

Не е соопштено кому му е издаден првиот таков пасош.

Едвај чекам да дојде понеделник, па уште рано сабајле да аплицирам за пасош со Северна

Зоран Заев во интервју за ТВ21 истакна дека од 5-ти јули, понеделник ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.

-Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите.

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош, објави МКД. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“.

(илустрација МКД)

Албанецот Марку Герти (38) Е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји.

Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави.

Бразилката Карине Де Оливеира Кампос, пак од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин.

Целата анализа на МКД.мк

Одземен пасошот на 18-годишникот што ја прегази Верица

Од Основното јавно обвинителство за „Слободен печат“ велат на 18-годишникот кој на 7. април ја прегази Верица Белчовска на пешачки премин во Струмица му е одземен пасошот како мерка за претпазливост дека нема да ја напушти државата.

„До несреќата дошло кога автомобил нисан удрил во пешак кој преминувал на пешачки премин, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Јавниот обвинител веднаш по несреќата издаде наредба за обезбедување на сите докази и траги на лице место и даде насоки за откривање на сторителот. Подоцна истиот ден, возачот на автомобилот, на возраст од 18 години, самиот се пријавил во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Струмица за осомничениот определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и тој веќе даде свој исказ пред јавниот обвинител во кој не негира дека го сторил делото”, информираат од обвинителството за „Слободен печат“.

По смртта на Верица, нејзините органи беа донирани и трансплантирани.

Нејзиното срце продолжи да работи во градите на 22-годишниот Иле Стрезоски од тетовското село Брвеница, кој имаше срцева болест и се наоѓаше во животозагрозувачка состојба. Освен тоа, нејзините бубрези и коскени ткива беа донирани, спасувајќи животи на повеќе пациенти.