Tag Archives: пат

Струшко село само си направило пат со помош од иселениците

Жителите на струшкото село Мислодежда со сопствени средства и со донации од печалбарите во странство го направија патот кој води кон нивното село. На иницијатива на месната заедница се реализира целата работа за отворањето на патот, почнувајќи од расчистување на местото до тампонирање. Државата им помогнала само за асфалтот.

„…Целата работа ја работеа печалбарите, уривање, тампонирање, учествуваа сите печалбари од селото. Собрани се околу 30.000 евра“, рече Идриз Мена-претседател на месна заедница во Мислодежда.

Неколку поединци ги отстапиле и своите приватни имоти за оваа намена. Таков е примерот со Авди Мена, кој отстапил цел хектар приватно земјиште.

„…За честа на селото, ви даваме земја, ги честиме и им благодариме на нашите поранешни соселани, бидејќи сега се преселивме во Ливада“, рече Авди Мена- сопственик на земјиштето каде што се гради патот.

Иако Миследежда е планинско село, располага со добра инфраструктура, но имаат друга мака.

„…Ако зборуваме за она што го засега селото, тоа е масовната миграција. Тоа е рана која го зафати општеството на нашата земја, но таа рана нè погодува и нас и ни остава очигледни последици“, рече Агим Мета-жител на Мислодежда.

Дека овде помошта од иселениците не е само преку летото, зборува и фактот што пензионерот од Швајцарија, Љуљзим Мена, секоја зима со свои средства и машини ги чисти патиштата низ струшките села од снег. Додека надлежните од државата стигнат до селата, тој веќе ги има исчистено патиштата.

Во Германија се гради ПРВИОТ ПАТ за безжично полнење на електрични возила (Видео)

Германија започна со реализација на проектот на првиот јавен пат опремен со технологија за безжично полнење на електрични возила, вклучувајќи комерцијални и патнички автомобили. Првата цел е да се полни електричниот автобус кој сообраќа на релација до градот Балинген.

За снабдувач е избрана големата компанија Electreon, која развива решенија за безжично полнење на електрични возила. Индуктивната технологија на Electreon веќе освои награди и е еден од најеколошките, најскалабилните и најпривлечните методи за полнење.

Оваа технологија ги полни батериите на возилата динамично и статички, односно кога се движат и кога стојат во место. Ова, исто така, ја намалува потребата за капацитет на батеријата, ги елиминира грижите за опсегот, ги намалува вкупните трошоци на сопственост и електричните возила се полнат брзо и безбедно. Electreon работи со комунални претпријатија и оператори на возниот парк за да им овозможи на јавните, комерцијалните и самоуправувачките флоти да се претворат во електрични по ниска цена и без пречки.

Во соработка со водечкиот германски снабдувач на инфраструктура за полнење електрични возила наречена EnBW, Electreon ќе инсталира Electric Road System (ERS) на должина од еден километар од патот. Имајќи ги предвид автобуските постојки, ќе се одлучи и каде ќе бидат поставени двете статички станици за полнење.

Технологијата ќе биде воведена во две фази, првата вклучува патека долга 400 метри со две статични станици за полнење, а втората фаза ќе додаде уште 600 метри должина на „електричен пат“.

Овој план доаѓа по успешното тестирање на технологијата на Electreon во Карлсруе, кое беше спроведено во партнерство со EnBW. Електрификуваниот пат е изграден во објектот за тестирање на EnBW, кој напојува јавен автобус во близина за време на шпицот. Како дел од договорот, Electreon ќе добие до 3,2 милиони евра за овој проект во Балинген за поставување инфраструктура за статичко и динамично безжично полнење.

Камион излетал од патот Гостивар-Кичево и се запалил

Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

Мечка истрча на патот и го запре сообраќајот! (ВИДЕО)

На еден од патиштата во Црна Гора возачи доживеале необично искуство во итна контрола на сообраќајот, објави rs.n1info.com.

Мечка го контролираше сообраќајот.

Мечката која станала и одела на две нозе им се приближила на автомобилите во кои патниците биле изненадени и исплашени.

Иако однесувањето на мечката покажа дека е добронамерно, искуството е невообичаено, како што може да се слушне во коментарите на видеото на YouTube.

Фото и Видео: Youtube 

Цела пештера-Огромна ДУПКА од 20 МЕТРИ се отвори на патот Маврово-Дебар (Видео)

Порталот А1он пренесува видео снимка од огромната дупка која се отворила на патот Маврово-Дебар.

Дупката е на сред лентата за возење, а е длабока дури 20 метри, изгледа страшно.

Погледнете видео:

Во Скопје ги бетонираа, а во Охрид ги АСФАЛТИРАА дрвата❗ (Фото)

Во Охрид кај Горна порта очигледно се става асфалт на улиците или тротоарите, па асфалтираа заедно се со дрвата. Веројатно било по исплатливо отколку да се сечат, не дај Боже да се зачуваат на некаков начин.

Можете да ги погледнете фотографиите кои ни беа испратени од загрижени граѓани 👇