Tag Archives: Пејач

Познат пејач од Прилеп е позитива на денот (ВИДЕО)

Велат дека човек кој ги сака животните, ги сака и луѓето. Ако е така, тогаш нашиот естраден пејач Оливер Лозаноски е човек со големо срце.

Екипа на Маркукуле го начека како ги храни птиците на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп и ужива во нивното присуство.

Видеото ТУКА

БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Загина млад пејач од „Ѕвездите на Гранд“

Пејачот во „Ѕвездите на Гранд“, 22-годишниот Немања Вуковиќ вчера загина во сообраќајка на автопатот од Шид кон Белград. Медиумите пренесоа дека со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда.

По ударот излегол од автомобилот и почнал да оди по патот.

На него налетал автобус кој се движел во правец кон Бања Лука.

Очевидец му пришол и го прашал дали е добро, тој рекол дека е добар и почнал да трча. Потоа, според извори на српските медиуми, бил прегазен од автобус.

„Непосредно пред несреќата, Немања доживеал незгода кога со автомобилот излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, наводно излегол и се обидел да го премине патот и да дојде на лентата за спротивен правец, односно од Шид кон Белград“, рече извор за српските медиуми.

Американски пејач се оженил и починал истата ноќ, невестата во шок (ВИДЕО)

Причината за неговата смрт се уште не е утврдена. Неговата сопруга објави видео од нивната венчавка и напиша: „Не разбирам“.

“Како луѓето ја преживуваат оваа голема болка? Денеска требаше заедно да ги погледнеме свадбените фотографии, а наместо тоа, барам што да облечам на погребот на мојот сопруг. Срцето ми се крши, не можам да го поднесам ова”, напиша во емотивната објава на Фејсбук.

Флинт (37) живеел во Тулса, а пораснал во Холденвил. Неговиот прв албум беше I’m Not Okay од 2016 година, а оттогаш тој објави уште три албуми: Live и Not OK во Cain’s Ballroom од 2018 година, Џејк Флинт од 2020 година и Live and Socially Distanced од 2021 година во Меркјури Лоунџ. Тој беше истакнат изведувач на Future Faces Show и на доделувањето на Texas Regional Radio Music Awards 2018.

„Ова е најтажната објава што некогаш сум морала да ја објавам“ – почина познатиот пејач, неговата сопруга во солзи сподели со светот!

Ден Мекаферти, долгогодишниот пејач на шкотскиот хард – рок бенд „Назарет“, починал на 76-годишна возраст. Колегата од бендот на Мекаферти, басистот Пит Егњу, ја објавил смртта на пејачот во вторникот преку објава на „Фејсбук“ што беше споделена на страницата на групата истиот ден.

Музичарот, кој беше ко-автор на многу од песните на групата во текот на 1970-тите, е најпознат по неговите прекрасни вокали на Топ 10 хитови на Назарет, обработката темата „Love Hurt“ на „Everly Brothers“.

Почина познатиот македонски пејач кој прв ја испеа легендарната песна „Каде сте Македончиња“

Познатиот македонски пејач кој прв ја испеа легендарната песна „Каде сте Македончиња“, Александар Сарев почина вчера во Скопје на 86 годишна возраст, информира неговото семејство.

Александар Сарев е роден на 20-ти февруари 1936 година. Во богатата своја музичка кариера, најпознат беше откако во 1987 година на Фолк фест Валандово, за првпат ја изведе антологиската музичка тема „Каде сте Македончиња“.

Кинез среде Пекинг пее песни од Тоше Проески ❤ (Видео)

На социјалната мрежа Инстаграм се појави видео на кое се гледа како уличен музичар од Кина пее хит од македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

„Još uvijek sanjam da smo zajedno“ е песната на Проески која беше испеана од овој музичар.

Погледнете:

Станува збор за извесен уличен пејач кој на Инстаграм е потпишан како Wang Xiao Chong кој среде Пекинг ја пее и легендарната песна која ја пееше Проески на Беовизија, „Чија си“.

Од ЕДНА ПЕСНА купил стан и автомобил, денеска е еден од најбогатите пејачи на Балканот

Еден од најпознатите пејачи на поранешната југословенска сцена, Шериф Коњевиќ, денес поседува луксузна вила во Илиџа и иако е еден од најбогатите пејачи, не заборава од каде потекнува и како се прослави, пишуваат српските медиуми.

Тој го купи својот прв недвижен имот од големиот хит „Бела венчаница“ од 1982 година, а денес истакнува дека се бо рел за секој динар и работел до зори.

“Ова го заработив чесно и се бо рев за тоа цел живот и успеав. Јас сум човек -домаќин, сакам да сум убав, чист и пријатен.

Работам многу и тогаш мојот дом мора да биде таков”, рече пејачот во една емисија , пренесуваат медиумите, а потоа се сети на својата прва заработена недвижност, од периодот кога се уште не стекнал голема популарност.

“Заработив многу пари поради песната” Бела венчаница “, која се продаде во околу 850.000 примероци. Тоа ми беше несфатливо. Но, преку тој успех, ги добив и финансиите, па купив стан и автомобил”.

Тој додаде дека насликал мурал на ѕидот од неговата вила, кој ја претставува неговата семејна куќа во малиот град Саница кај Кjуч, каде што е роден во 1958 година и каде што израснал.

“Ова е влезот во мојот роден град и бројот 12 во кој живеев. Не сакав да ја напишам улицата, но ова е сосема доволно”.

Тој во медиумите беше актуелен пред некој период поради забавата, која се одржа во Сараево, и покрај пропишаните мерки, се огласи пејачот Шериф Коњевиќ, кој беше меѓу пејачите кои присуствуваа на забавата.

Околу 20 луѓе, меѓу кои и пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Слаѓана Мандиќ и други, се собраа во ресторан во Сараево за да организираат приватна забава организирана од сараевскиот хирург Јусуф Шабановиќ на неговиот роденден. Полицијата реагираше и сите актери беа каз нети.

“Само отидов на лекарот да дадам подарок, бидејќи Јусуф е мој голем пријател. Немаше многу луѓе, почнав да пеам, седнав, му го дадов подарокот.

Пеев, а не цели две песни Кога ја пеев „Мојот живот“, што е желба на докторот, го поздравив и си заминав “, вели Шериф Коњевиќ.

Тој додаде дека се срами од целата ситуација тогаш.

“Се срамам од државата поради синоќешната ситуација, затоа што ја сакам оваа земја и сите луѓе што живеат во неа. Не се срамам од поединци.

Кога видов алко хол, не сакав ниту да пеам “Мојата сопруга е верник и нема да си дозволам да бидам дел од нечие пи јанство. Се разлутија синоќа кога заминав. Оние што снимаа, нека бидат почестени “, вели пејачот.

Кластер Мк.

Натпреварувач од Ѕвездите на Гранд, 24 годишно момче се самоубил со пиштол

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во најпопуларното и најгледано регионално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, ненадејно починал под неразјаснети околности. Здружението на  естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се огласија и се простија од младиот пејач, а наводно се самоубил со пиштол во својот стан каде живеел со девојка му.

Момир Луковац инаку е млад пејач од Бања Лука, кој живеел во Подгорица, а последен пат пееше на сцената на натпреварот „ Ѕвездите на Гранд“ пред два месеци, кон крајот на јануари, кога ги отпеа песните: „Проклета е виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“, од Аца Лукас. Луковац стигна до третото коло во тековната сезона.

Многу сум потресен од веста за заминувањето на младиот Момир Луковац. Ова се времиња кога трагедиите доаѓаат наеднаш, една по една, болно, неправедно и само два дена откако нè напушти нашиот директор на фотографија, Неша Мишковиќ. Во свое лично име и во име на сите вработени во Гранд,  најискрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, изјави Мили за српските медиуми.

Почивај во мир, драг колега. Шок!, напиша Слажа Зубчевиќ.

Јапонскиот пејач растури со македонските песни „Земјо македонска“ (Видео)

Врвниот јапоснки оперски пејач, Казухиро Котецу е вљубеник во Македонија и македонската песна.

Тој на својот Јутуб канал редовно изведува македонска народна музика, а има илјадници прегледи од нашинци кои се воодушевени од неговите изведби.

Последната преработка на македонска песна е на познатата „Земјо македонска“ кој тој ја изведува брилијатно.

Убаво е кога ќе добиете потврда за прекрасната култура на сопствената земја од некој друг.

Погледнете:

(Видео) Познат јапонски оперски пејач испеа песна за Јане Сандански

Јапонскиот оперски пејач, Казухиро Котецу, кој последниве месеци испеа неколку македонски песни, ја препеа и „Кога падна на Пирина“, песна посветена на револуционерот Јане Сандански. И овојпат тој доби пофалби за пеењето, но и за изборот на песната.

Слушнете: https://youtu.be/6E71egWZZG0