Tag Archives: песна

Пејачка позира пред огледало галејќи го полу голото стомаче – Гиговска не ја симнува насмевката (ФОТО)

Македонската пејачка Антониа Гиговска пред две недели откри дека е бремена од своето ново момче и дека го чекаат нивното прво дете.

Во меѓувреме таа го издаде и својот дует со Пајак кој буквално руши рекорди во гледаност, а додека слободното време го користи да се одмори во својот дом од таму споделува и видеа и фотографии.

По видеото и препеаната песна од Марија Шерифовиќ, таа позираше пред огледалото во својата детска соба каде го гали својот труднички стомак.

Речиси стомакот веќе и се забележува, а насмевката на лицето пејачката не може да ја сокрие.

Додека пак новата песна стана неверојатен хит за неколку дена:

„Македонско девојче“ на саксофон за лудило во АВИОН (ВИДЕО)

 Патник на летот на компанијата „Визер“ од Скопје за да ги развесели патниците и да го отстрани загрижениот израз од нивните лица за време на летот, го зел својот саксофон и почнал…

Прво свиреше чочек, а потоа песната „Македонско девојче“. Овој рецепт за отстранување на стравот се покажал како ефикасен.

Погледнете го видеото од Камај кое иако е постаро, сепак вреди да се погледа:

Апасиев им напиша песна на вработените во државна администрација – „Како овца си братче…“

(*посветено на оние: „Супер сте дечки, ама ја у државно работам…“)

Како шкорпија си бе братче,
Во темнина уплашен и чмаеш.
Како врапче си бе брат,
Целиот во трепет ко врабец.
Како школка си брат,
Како школка затворен и раат!
И како уста на згаснат вулкан си, бе брат.
А не си еден ил двајца,
Стотици милиони сте, за жал.
Како овца си братче,
Кога овчар стап ќе ти крене,
Ти одма кон стадото се приклучуваш
И речиси горделив втрчуваш.

#НазимХикмет

Шакира урива рекорди со песната за Пике – 63 милиони прегледи за еден ден (ВИДЕО)

Шакира во четвртокот објави песна за поранешниот сопруг Жерар Пике, која го собори рекордот за само два дена.

Песната во која зборува за измамата на Пике за два дена собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и собори важен рекорд.

Новата песна на Шакира беше преслушана 63 милиони пати во само еден ден, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб во тој период.

Со оваа песна Шакира се најде на листата на најслушани латиноамерикански артисти кои исто така соборија рекорди на Јутјуб, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки.

„Ме остави како сосетка на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во трезорот. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи уште посилна. Жените не плачат, жените плаќаат“, е текстот на новата песна на Шакира упатена до Пике.

Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг, кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чиа: „Бејби, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио…“

Да потсетиме, Пике реагираше на новата песна на Шакира на Твитер, а на неговата мајка ѝ се допадна песната во која пејачката го клевети нејзиниот син.

Блуз верзијата на „Заветна“ од Игор и Гуру Харе стана вирална

За само еден ден од објавувањето на јутјуб, блуз верзијата на „Заветна“ во изведба на Игор Џамбазов и Гуру Харе стана вирална на социјалните мрежи.

Македонскиот непребол преточен низ гитарата на Харе и гласот на Игор. Блуз на стероиди. Браво!, гласи еден од коментарите под видеото.

Масимо Савиќ си ја опишал смртта во песната со наслов „23 декември“ – денот кога почина! (Видео)

Масимо почина во болницата Виноград во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови, а зад себе остави бројни хитови и кариера вредна за спомен.

„Дваесет и трети декември, два часа по полноќ, ѕвони телефонот. Повик од болница. Сè ми беше јасно. Не! Има само надеж дека времето сега ги лекува сите рани и оти Господ сега ќе ми даде сила да ги преживеам тие денови“.

Ова се стиховите од песната „23 декември“ што ја испеа Масимо Савиќ во 1995 година, а ништо немаше да биде толку чудно ако самиот тој не починеше токму на тој датум како насловот на песната.

Песната беше популарна, па во 2018 година Масимо и Тони во придружба на Петар Грашo ја изведоа во живо на ХРТ.

Масимо почина во болницата Виноград во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови, а зад себе остави бројни хитови и кариера вредна за спомен.

И по 100 години ќе биде ХИТ – Дедо Мраз од Коњари (Видео)

Легендарната песна на дуо трио К-15 која беше популарна во 90тите години сеуште може да се најде на социјалните мрежи и сеуште е слушана иако повеќе од 25 години поминаа од која продукцијата ја извади во етер.

Легендите живеат вечно велат па така и овој евергрин на К-15.

Текст:

Наташа од 3А
уствари не
Абе како беше

Дедо мраз од Коњари
има долги бркови
уши као радари
торба полна дарови
Дедо мраз од Коњари

Носи рејбан цвикери
шитка јакни ефтини
може и со чекови
Батка види сеа

Дедо мраз од Коњари
ич не плаќа царини
не се проблем дозволи
нуди цели шлепери
мисирки и батаци

хееј Дедо мраз од Коњари

Дедо мраз злато мое љубов неверна
неможе без тебе јас за нова година
Дедо мраз злато мое жива превара
сал не моташ како сакаш пак не заеба

Земјата ја вртат чудни шлепери
пиљари и бизнисмени шалабајзери
тревата ја пасат само волови
рогови им наби Дедо мраз од коњари

Бојс фала ти многу а сат и ти извини

Пх да го ебам нај шо мразам
ка не мојш да пејш на мајчин јазик

Дедо мраз од Коњари
ај не се изкурнази
прима само долари
кога дели дарови
Дедо мраз од Коњари

хееј Дедо мраз од Коњари

Дедо мраз злато мое љубов неверна
неможе без тебе јас за нова година
Дедо мраз злато мое жива превара
сал не моташ како сакаш пак не заеба

Земјата ја вртат чудни шлепери
пиљари и бизнисмени шалабајзери
тревата ја пасат само волови
рогови им наби Дедо мраз од коњари

Земјата ја вртат чудни шлепери
пиљари и бизнисмени шалабајзери
тревата ја пасат само волови
рогови им наби Дедо мраз од коњари

и то…

Видео:

https://youtu.be/NQjsY5nobjc

Врчак се враќа на сцената со нова песна: „Да ме лижнеш“ (ВИДЕО)

Раде Врчаковски Врчак по долго време се враќа на македонската музичка сцена, но оние што очекуваа да слушнат музика во неговиот вообичаен стил како од минатото можеби останаа збунети заради долгиот вовед. Видеото не е само долга лекција, туку песната започнува на 1:55 и е во контекст на сите сериозни теми за кои што претходно зборувал. Ви се допаѓа ли?

Во новото видео од речиси два часа Врчак ќе ви одржи лекција за тоа како изгледа нашиот живот денес, а ќе ги слушнете и темите за кои се опседнуваат луѓето – начин на исхрана, борба против ропство на животинчиња и секако, за сето тоа имаше провокативна најава на песната во стил на ТикТок видео на кое се смее и ја заведува публиката.

Очигледно ќе има уште нови песни во кои ќе имаме можност да откриеме дополнително што сака да ни каже Врчак.

„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Манастирски сон“ се само некои од песните по кои го помниме, а сега за да ја слушнете новата песна ќе треба прво внимателно да го ислушате најдолгиот вовед на сите времиња.

Во новиот видео спот кој трае околу 2 часа, можеме да го проследиме научниот труд на Врчак за тоа како да си го подобрите здравјето со консумација на растителна храна… Сето тоа базирано на неговите долгогодишни истражувања, собирања информации и забележани искуства. Како што вели и сам, студирал медицина и има диплома од „Беркли“.

Сите откритија се сумирани во воведот на неговата нова песна насловена „Да ме лижнеш“, каде говори против „ропството на животинчиња“. Тој на Фејсбук сподели линк од новиот спот, а над него напиша:

„Во видеото има и официјална НАЈАВА НА АЛБУМОТ КОЈ ГО СНИМАВМЕ ВО АМЕРИКА (во PARAMOUNT, Калифорнија) со на Бруно Марс инженерот и одлични артисти од Лос Анџелес.

Амерички албум е, врв е албумот, велат самите Американци, меѓу кои се и искусни мегахит мејкери (соработници на светски познати ѕвезди со песни со милијарди гледаност на YouТube). Велат одлично ќе помине албумот во Америка. Албумот е веќе и со ISRC кодови на продуцентска куќа на Will I AM (ќе излезе во Америка пред лето 2024, а да се надеваме сите дека ќе е и порано).

Во видеото има подетални информации за сѐ ова (и како се случи сѐ), како и за научните откритија кои ни се случија во државата (а се поврзани со научните откритија, нешто поголемо од што може човек да сонува, ќе види и ќе чуе секој човек сè во видеото, за повеќе Нобелови награди да ни стигнат во државата се научните откритија велат професори), а во видеото има и информации до Светската Здравствена Организација за кој мора секој човек да чуе барем еднаш во животот, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без ропство на планетата Земја. Држете ни среќа“.

Ако сакате да го скокнете воведот и директно да ја слушнете песната кликнете на 1 час и 55 минути.

Претходно Раде објави кратко видео во кое ја најави новата песна во Македонија, а многумина коментираат за неговиот нов изглед. Раде изгледа како да се подмладил, а во видео спотот ни откри која е неговата „фонтана на младоста“.

Бојана, Маријана, Ведрана – сите три во еден видео спот (ВИДЕО)

Нова весела песна која е во изведба на Бојана Скендеровски е комбинација од поп и фолк се вика ,,Ми треба”.

Автор на музиката и текстот е еден од водечките српски композитори Саша Милошевиќ – Маре. Препевот од српската верзија го направил Огнен Неделковски.

Видео спотот за песната го режира Александар Ристовски – Принц, а сценариото е на Васко Скендеровски.

Покрај Бојана во видеото се појавуваат многу јавни личности и нејзини драги пријатели.

Главните улоги во спотот ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, кои глумат заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива, Вики…

Ги расплака сите во студиото: Натпреварувачка во „Се или нешто“ посвети песна за нејзината слепа мајка

Лила Стојановска или Лила Филиповска е бренд. Лила веќе 11 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави:

– Во овие сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

Мојот проект на животот” “СЕ ИЛИ НЕШТО” уште една нова сезона на Сител Тв.. Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и

драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа. Бидете со нас и сега нема да ве разочараме“, најави Лила неодамна.

– Овој квиз ми дојде како една убава промена, затоа што е едно вистинско реално шоу, учествуваат луѓе кои не биле пред камера. Па, им годи популарноста која им ја донел квизот.

Извор: Директно.мк