Tag Archives: пијалоци

Вештачкиот засладувач аспартам можен ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА РАК- СЗО ќе го прогласи за опасен

Светската здравствена организација (СЗО) во јули ќе го прогласи вештачкиот засладувач аспартам како можна причина за рак, јавија западни медиуми повикувајќи се на два неименувани извора запознати со процесот.

Според изворите, Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), група за истражување на ракот на СЗО, следниот месец за првпат ќе го означи аспартамот, кој се користи во низа производи како што се диеталните газирани пијалаци на Кока-Кола и Марс „Екстра“ гуми за џвакање, како „можен предизвикувач на канцер кај луѓето“.

Заклучокот на Агенцијата, финализиран претходно месецов по состанокот на надворешните експерти на групата, има за цел да процени дали е нешто потенцијална опасност или не врз основа на објавените докази, но не се занимава со тоа колкаво количество производи е безбедно за консумација.

Засладувачот, за кој со децении имаше шпекулации дека е штетен по здравјето, сега масовно се користи во огромен број слатки производи без шеќер, како „диеталните“ газирани пијалаци и производите наменети за дијабетичари.

(Видео) 90000 денари за скапи пијалоци: Што пиел Петре Шилегов на забавите организирани од парите на скопјани?

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска објавија податоци за трошоци кои Шилегов ги правел во време на неговиот мандат, а се однесува пред се на средства потрошени во кафани и на скапи пијалоци.

Ова е текстот од прес конференцијата:

Во предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани.
Дополнително, одговорната администрација во Град Скопје при секторот за Финансии за оваа фактура се обидела да се спротивстави и да укаже дека е спротивно на Закон да се доставува фактура за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Односно, во повеќе наврати на надлежните сектори им било посочено дека доставата на фактура со дата и архивски број, а без склучен договор од претходната година е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола. За таа намена, Секторот за финансиски прашања доставил службена белешка за ова до Шилегов и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ.
Ова е брутално кршење на законите од страна на функционерите на СДСМ кои спротивно на укажувањата на стручните лица, сепак одлучиле да потпишуваат сметки за реализирани средства за репрезентација.

Од документот со потписот на Јанчева oд кој се гледа дека на два дена пред Нова Година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафана потрошиле 6 минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот.

Од фискалната сметка се гледа што нарачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски Џони Вокер барикирано 12 години, виски Џејмисон и Џeк Дениелс, но и Чивас Ригал.

Ова специјално друштво имало и специјална нарачка од кујна во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа нарачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој нарачувал бифтек на путер од 2.400 денари една порција.

Внимавајте само за една порција Шилегов потрошил 1/5 од минималната плата на голем број работници низ државата. Тоа се пари со кои голем број на граѓани треба да живеат неколку дена, а Шилегов од градскиот буџет ги троши за едно јадење.
Почитувани,
Ова се причините за нервозата во СДСМ, кај Љубица Јанчева, Петре Шилегов, и другите поранешни градоначалници и локални функционери кои не можат повеќе да ги злоупотребуваат привилегиите на нивната функција.
СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што им е нарушен комодитетот и луксузот.”

Наместо дипломатска пошта на МНР со камиони се носеле цигари и пијалаци?

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци, дознава МКД.мк.

Според порталот возачот при рутинските гранични формалности покажал документи кои потврдувале дека се превезува дипломатска пошта. Но, се чини дека нешто не се совпаѓало во документацијата па поради сомнеж бил активиран скенерот на граничниот премин и потоа бил извршен претрес, што вообичаено не се прави кога станува збор за дипломатска пошта. И, имало што да се види. Сличен случај имало и летово…

Целиот текст овде.