Tag Archives: пијалок

Средношколец почина во Скопје, неофицијално – причината за смртта е дрога во пијалок

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. 

 Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер. 

Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

Пијалоk што kралицата го конcумира cекојдневно на 95 години, потребни ви cе две cоcтојки…

Кралицата Елизабета ќе го прослави својот 95-ти роденден на 21-ви април, и сè уште е исклучително витална. Според некои експерти, кралицата ја должи оваа виталност на едноставниот коктел што го пие со години.

Одамна е познато дека џинот е еден од нејзините омилени алкохолни пијалоци, а коктелот, за кој велат дека го консумира секојдневно, наводно се прави со џин. Тоа е комбинација од џин и слатко ароматизирано вино, а точната количина за правење на овој коктел, како што пишува магазинот „Пипл“, ја открил батлерот Пол Вaјбрев, кој секој ден го подготвува овој пијалок за кралицата.

– За една чаша коктел ви требаат 50 мл вино и 25 мл џин. Во мешалка за коктели се мешаат алкохолот и неколку коцки мраз, добро се мешаат додека течностите не се соединат. На крај, пијалокот се сервира во чаша за мартини во која се додава кришка лимон, а пијалокот се послужува ладен – опиша Пол.

Извор: magazin.novosti.rs