Tag Archives: Пијан

Велешанецот кој прегази девојче бил пијан, еве за КОИ ДЕЛА ќе одговара!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Јавното обвинителство на Македонија.

Осомниченото лице денеска беше лишено од слобода, а надлежниот јавен обвинител вечерва до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор со цел да се обезбеди неговото присуство и непреченото одвивање на кривичната постапка.​

-Како учесник во сообраќајот, осомничениот на 17 декември под дејство на алкохол управувал автомобил „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. На улицата „Борис Трајковски“ во Велес, приоѓајќи на обележан пешачки премин, тој не го управувал возилото со соодветна брзина која дозволува да запре во случај на потреба и не обрнал внимание на пешаците – мајка и ќерка кои во тој момент поминувале на пешачкиот премин. Со автомобилот тој удрил во мајката која паднала на земја и се здобила со телесна повреда – отворена рана на челото и во 11-годишното девојче кое од ударот било исфрлено десетина метри напред кон следниот пешачки премин, паднало и се здобило со тешки телесни повреди од кои починало на лице место. По несреќата, осомничениот не застанал да им укаже помош, туку продолжил со несмалена брзина да се движи кон населбата Превалец, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Му ја одзеле возачката зашто се возел пијан НА ТРОТИНЕТ

Се возел пи јан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола.

Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алко холизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот.

Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес.

Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохо лизирана состојба далеку над дозволената граница.

Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот.

Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

Пијан човек учествувал во ПОТРАГА по ИСЧЕЗНАТА личност и сфатил дека се бара СЕБЕ (Видео)

Турчин кој исчезна во близина на Бурса, доброволно се вклучил во сопствена потрага, објави Дејли Сабах.

Бејхан Мутлу, жител на градот Инегол, во областа Бурса, бил пријавен како исчезнат во вторникот, бидејќи неговите роднини не можеле да стапат во контакт со него неколку часа.

Човекот излегол со пријателите, се опил, потоа отишол кон шумата и алкохолизиран, се приклучил на група спасувачи во операција за потрага по исчезнато лице.

Многу подоцна, откако ги испрашал другите доброволци, Мутлу сфати дека тој е бараниот. Мажот бил одведен дома од властите откако дал исказ во полиција.