Tag Archives: Пијанистка

Анacтacиja Петpecка од Прилеп ocвои пpва нагpaда помеѓу пијанисти од 19 земји, слушнете го нејзиниот настап (Видео)

Oд 07. До 10. Мај 2021 на “Слобомир П Универзитетот”, во Бјелина, Босна и Херцеговина, се одржа седмиот (онлајн) интернационален музички натпревар SIMC ( Slobomir International music competition).

На натпреварот учество зедоја повеќе од 180 пијанисти, од 78 музички училишта и академии од 19 земји од светот (Тајланд, Шпанија, Франција, Тајван, Индонезија, Германија, Португалија, Италија, Полска, САД, Англија, Израел, Абу Даби, Австрија, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина).

Прилепчанката АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА, ученик при ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, освои ПРВА НАГРАДА во својата категорија.

Во продолжение слушнете и уживајте во нејзиниот настап:

https://youtu.be/PRGaBrAlqZ8

Талентираните млади музички амбасадори на Македонија – со нови меѓународни успеси

Младите музички амбасадори, Софија и Ада кои се ученички во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во текот на минатата недела освоија нови награди и остварија нови меѓународни успеси.

Деветгодишната Софија Петковска која свири на пијано, под менторство на професорката Марија Диманин Богоевска освои првото место на Меѓународниот натпревар „International youth music competitions“,  прво место на Меѓународниот натпрвар „Polihimnia“ и второ место на Меѓународниот натпевар „Angel Voice classic Srbija“.

Додека, десетгодишната Ада Богевска која свири виолончало под менторство на професорката Александра Јаневска освои прво место на Меѓународниот натпрвар „Polihimnia“, прво место на Меѓународен натпевар во Словенија и награда – Лауреат „Angel Voice classic Srbija“.

Освоените награди се уште една потврда за талентот, амбиција и посветеноста на младите македонски музички таленти.

Скопје инфо

Пијанистката Лола веројатно е најзгодната жена што сте ја виделе (ФОТО)

Лола Астанова привлече големо внимание кога настапи на отворањето на „Адриа турнејата“ во Белград.

Убавата пијанистка уживаше во Белград во друштво на Новак Ѓоковиќ.

Сега таа објави видео од една убава, тропска дестинација, каде сними ново видео, но и нов „стајлинг“.