Tag Archives: пица

ВИДЕО: Пица за Гинис – Ова е најголемата пица во светот, има 68.000 парчиња

Мајсторите од ресторанот за брза храна „Пица хет“ во Лос Анџелес ја направија досега најголемата пица во светот, составена од дури 68.000 парчиња.

На импровизирана даска од 16.000 квадрати во Конгресниот центар во Лос Анџелес, десетина работници ги редеа парчињата тесто, по што беше ставен кечап, кашкавал и салама. Оваа мега пица била испечена со помош на посебна машина која лебди над тестото.

Претседателот на „Пица хет“ , Дејвид Грејвис изјавил дека со оваа рекордна мега пица покажале дека предничат во работата.

-Ние први почнавме да работиме со испорака на пица, вклучително и нарачка преку интернет, а еве сега соборуваме и светски рекорд. Пицата ќе биде донирана на локалните банки за храна, изјавил Грејвис.

Со што е пицава ? – Со Пецаков :)

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков доби пица со својот лик. Специјалитетот е дело на охриѓанецот Дејан Трајанов – Чеде, во знак на благодарност до градоначалникот за изразената поддршка.

Инаку, Чеде на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освоил златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник.