Tag Archives: Пиво

Комарците сакаат пиво и џин-тоник

Ново научно истражување открива дека пивото може да ги направи луѓето „посебно попривлечни“ за комарците, но и џин-тоникот не ни прави никаква услуга.

– Пиењето алкохол генерално нè прави попривлечни за комарците, нагласува британскиот професор Џејмс Логан.

Тоа се потврдува и во напис во списанието „Журнал на Американското здружение за контрола на комарците“, според којшто вносот на алкохол значително ги привлекува комарците. Испитувајќи 12 мажи и една жена на возраст меѓу 20 и 58 години, истражувачите ја измериле содржината на алкохол во потта на учесниците кои испиле или не испиле 350 милилитри пиво. Исто така, биле набљудувани и количината пот и температурата на кожата на доброволците пред и по алкохолниот пијалак. Повеќе комарци отишле кај луѓето кои пијат пиво.

„Испитувањата потврдија дека луѓето кои пијат алкохол треба да бидат внимателни бидејќи се изложени на поголема опасност од каснување од комарец, а со тоа и од болестите коишто ги пренесуваат“, се вели во истражувањето.

Според наводите, за заштита од овие мали „крвопијци“ најдобро е да се користи делотворно средство против комарци, и тоа секогаш кога човекот е на отворено. Советот гласи – почесто мачкање, слично како крема за сончање.

Еквадорските навивачи со скандирање – САКАМЕ ПИВО, САКАМЕ ПИВО! (ВИДЕО)

На полувремето од мечот меѓу Еквадор и Катар, навивачите на селекцијата од Јужна Америка го побараа тоа што му фали на ова Светско првенство – пиво.

Катарските власти на два дена пред почетокот на Светското првенство решија да го прекршат претодниот договор и да забранат точење на пиво на стадионите.

На полувремето од мечот меѓу Катар и Еквадор, еквадорските навивачи скандираа: „Сакаме пиво, сакаме пиво“.

Добивме датум за пиво – Пиволенд 2022 од 3-ти до 7-ми септември

Поради големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го преместија датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата – Пиволенд 2022. Па така Пиволенд ќе почне трети септември (сабота), а ќе трае до седми септември (среда).

Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“.

Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.

МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ го СЕКНАА ПИВОТО во Букурешт: Еве колку испиле за само четири дена!

За времена настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕП во Букуреш, македонските навиваши „срушија“ рекорд.

Имено, Македонија од 13-ти до 17-ти јуни во Букурешт за бодреа околу 4.000 навивачи, а како што објавуват тамошните медиуми од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

Според пишувањата на медиумите, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво, односно во само пет барови, во стариот дел од градот, македонските навивачи испиле три цистерни со пиво.

Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри, а во случајот фановите на македонската репрезентација испиле речиси три цистерни пиво.

Инаку, македонската фудбалска репрезентација веќе се префрли во Амстердам каде што вчера го имаше и првиот тренинг, а во понеделник од 18:00 часот ќе го има и последниот натправар од третото коло против Холандија во рамките на групата Ц од ЕП2020.