Tag Archives: Пивофест

(ВИДЕО) Џамбазов со важна порака до целата нација

Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, го најави двесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2023”, кое ќе се одржи од 13-16 јули.

Видео:

https://fb.watch/l8ejiPeGYu/?mibextid=Nif5oz

„Меморија”, Ристо Самарџиев и антологиската „Дирлада” пред илјадна публика во Прилеп (Видео)

Финалето на 18-то издание на “Пиво Фест” не можеше да помиме подобро.

Легендарните “Меморија” заедно со Ристо Самарџиев и антологиската “Дирлада”, моменти кои ќе останат во вечно сеќавање.

Уживајте во продолжение:

Извор: Маркукуле.мк

Организаторот на „Пиво Фест”: Срамота е наши музичари да бараат по 10.000 евра за настап, кога народот живее со 300 евра месечно !

Едноставно, нема логика наши музичари да бараат по 10.000 евра за еден час настап на Пивофест во Прилеп, кога знаеме дека во нашата земја најголемиот дел од народот живее со месечна плата од 300 евра – за ,,Фокус” вели Пеце Стоикоски од Арт 10 продукција, кој е организатор на настанот годинава.

Организаторот ова го истакна откако вчера светски познатиот музичар Владимир Четкар на Фејбук напиша дека организаторот се соочува со финансиски проблеми и затоа е откажан неговиот настап на фестивалот.

-Не би сакал да ја коментирам објавата на музичарот Владимир Василевски – Четкар, кој вчера напишал дека поради финансиски проблеми на фестивалот неговиот настап е откажан. Деталите за тоа што се случило и зошто не бил постигнат договор со него ги имаат лицата од организација задолжени за финансискиот дел. Но, имавме случаи кога наши музичари бараат навистина големи суми, се нема разбирање за актуелната ситуација, и на крај не се нашол заеднички јазик. Од друга страна пак, имавме и многу наши пејачи кои се согласија да настапат за навистина симболични суми, бидејќи чест им е да бидат дел од манифестацијата, да го расположат народот – вели Стоикоски за “ФОКУС”.

Па, дури и легендарниот Мајкл Џексон во тек на својот живот има одржано бесплатни концерти! Не е ова бунар без дно, треба да се биде реален во барањата, без оглед на популарноста.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Џамбазов ќе биде домаќин – ги повика сите на ладно пиво и најдобара скара во Прилеп (Видео)

После две години пауза во Прилеп се враќа најголемата фестивалска манифестација во Македонија. Фестивалот на скарата и пивото оваа година ќе се одржи од 14-17 јули, а водител ќе биде најдобриот македонски шоумен Игор Џамбазов.

Џамбазов преку видео порака ги покани сите на ладно пиво и најдобра скара да уживаат во богатата програма на најновото издание на “Пиво Фест”.

https://fb.watch/dWRrghA_Ki/