Tag Archives: планинари

Со развеан шал „Македонија“ на 8.125 метри надморска височина, доктор Кедев на врвот Нанга Парбат (ВИДЕО)

Нашиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, изминатиот викенд го освои деветтиот највисок планински врв во светот – Нанга Парбат на масивот Каракорум во Пакистан, висок 8.125 метри.

Д-р Кедев сега објави фотографии и видео од моментите кога десетчлената експедиција, составена од петмина водичи-шерпаси од Непал и петмина алпинисти од неколку земји, се искачува на врвот.

Кедев ги има искачено седумте највисоки врвови на сите седум континенти, а со искачувањето на Нанга Парбат е поблиску до друго големо остварување – освојување на десетте највисоки светски врвови.

Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.

Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Тетовци се искачија на НАЈВИСОКИОТ ВРВ НА ПИРИН ПЛАНИНА

Група од 14 члена на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово го искачи Вихрен на 2914 метри надморска височина, највисокиот врв на Пирин планина во Бугарија. Вихрен е втор по височина врв во Бугарија, а трет најависок на Балканот, после Мусала (планина Рила, Бугарија) и Митикас (Олимп, Грција).

-Ова искачување е дел од нашата програма за искачување на врвови во странство. Претставуваше 12 часовен подвиг, захтевна и тешка тура затоа што се движевме по гребени обезбедени со сајли и ланци. За искачување на Вихрен одат само мошне искусни планинари. Целата организација беше на колегата Владимир Златковски, информираше Надир Мурсели, кој пак беше еден од водичите на оваа планинарска тура.

Претходно на 13 септември пет члена група на планинари од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција. Врвот Митикас е на 2917 метри надморска височина

Драматично спасување од провалија на две девојки од кај „Трескавец“ (Видео)

Денеска, успешно се реализираше акција на спасување на две туристки од Полска кај макастиркиот комплекс „Трескавец“,  паднати во пресек од карпа над провлија координирани преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, а во координција со РЦУК Прилеп со надлежните институции за вакови случаи од Системот за управување со кризи.  Успешната спасувачка акција конкртно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп. Недановки е познат и по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство и е држвен рекордер во спуштање во длабочина, а е и претседател на Спелолошката федерација на Македонија.

Конкретно, во 16:00 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот „Трескавец“, преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата којашто се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс.

Известени сме дека  покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) од 16.10ч. За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).

На крај на извештакот, РЦУК – Битола извести дека двете девојки – туристки од Полска кај „Трескавец“, се пронајдени и извлечени во 17:15 часот од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и дека се во добра здраствена состојба. Недановски не извести дека само на рацете имале неколку гребнатини.

Видео: https://youtu.be/ry2nksKXHXc

ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ на само четири години ГО ИСКАЧИ НАЈВИСОКИОТ ВРВ НА Балканот, МУСАЛА

Дејан Трајковски е најмалиот член на планинарската група „Festina Lente“ (Побрзај полека) од Битола, но не и мал планинар. Тој на само четири години успеа самостојно да го искачи врвот Мусала на планината Рила во Бугарија. Со своите 2.925 метри, Мусала е највисокиот врв на Балканот.

Маглата и студеното време не биле пречка Дејан да се искачи без помош до врвот. Во групата која ја „освои“ Мусала беа и неговата мајка Јасмина Трајковска, братот Бојан и сестрата Емилија.

Групата ја предводеше 74-годишната Анастасија Арасланова од Бугарија. Разликата од 70 години е само бројка кога станува збор за љубителите на планинарењето.

Оваа група има членови од четири до 74 години и секој слободен момент го користи за да посетат нови места, да се дружат и забавуваат.

Сдк.мк

Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи

Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.

Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.

-Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот  беше минус осум степени, времето облачно, изјави Попов за МИА. (МИА)

150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти

150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија се заглавени во хотелот Молика на Пелистер и не можат да тргнат за дома, затоа што велат патот на Пелистер не е исчитен од снегот кој интензивно врне.

Тие вчера се искачуваа на врвот Неолица, на маршот посветен на Февруарскиот поход, а експедицијата е во организација на друштвото за планинанрски спортови Лисец од Штип.

Иако велат утрово им било ветено од надлежните, дека патот до хотел Молика ќе биде исчистен, сепак, до попладнево патниот правец се уште е затрупан во снег.

34 планинари првото изгрејсонце во 2022 го дочекаа на врв на Пелистер (Видео)

Дури 34 планинари за Нова година се искачија на Антена на Пелистер и првото изгрејсонце во новата 2022 година го дочекаа на врвот.

Искачувањето започна по полноќ, ова беше прекрасна мирна ноќ иако целиот пат беше со снег. Упеавме до врвот да стигнеме за 4 часа и 40 минути, а горе нè дочека прекрасно изгрејсонце. Нема поубав начин да се почне Новата година отколку на Пелистер“, рече Влатко Крбалески, кој пред 11 години ја започна оваа традиција.

Покрај него, дел од групата „Олимпус Монс“ се Иванчо Тошевски, Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ и Ана Крбалеска, кои веќе неколку години со ред се искачуваат за Нова година на Пелистер. Полноќното искачување „Први на први“  годинава беше во рамките на празничната програма „Зимска приказна“ во организација на Општина Битола.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CYMBC51hjil/?utm_medium=copy_link

Македонија е и таму каде што стигнале само 16 ПЛАНИНАРИ од цел свет 👏 (ВИДЕО)

Кардиологот Сашко Кедев на “Вистинскиот врв” на Манаслу (8163м) кој е осми највискок врв на светот и еден од најтешките за искачување со себе носел и шал на кој пишува Македонија иако секој грам дополнителна тежина се чувствува како тон.

Во видеото што го објавува професорката Ганка Цветанова се гледа како по пристигнувањето професорот Кедев го развејува шалот на кој пишува Македонија.

Покрај луѓето кои живеат во овие региони односно шерпасите кои им помагаат на планинарите само 16 луѓе претходно го имаат качено овој врв кој е еден од најтешките за освојување!

Во видеото се гледа прекрасен поглед на светот но и се слуша тешко дишење на екипата поради разредениот воздух и предходниот огромен напор да се стигне до Манаслау.

Видео: