Tag Archives: Победник

Со својот прекрасен настап и моќен вокал го освои жирито: Александра Трајческа од Прилеп е победик на талент шоуто “Заблескај” (ВИДЕО)

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата составени од членовите: Композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, но само Александра со својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ брилијираше и заслужено го освои првото место.

Одлични беа и останатите натпреварувачи, но за жал мора да победи само еден…
Инаку Александра како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Погледнете го како изгледаше финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“. Настапот на Александра е од 36-та минута.

Италијанците го замолкнаа Вембли, Италија е новиот фудбалски првак на Европа 🏆

По продолжетоците и пеналите , во исклучително напната атмосфера и финале за паметење, Италија ја совлада Англија на свој терен.

Фото: Матео Салвини

Ова е втора европска титула за Италија. Во регуларниот дел од натпреварот беше изедначени 1: 1 со головите на Шо во втората на Бонучи во 65 минута.

По големата трагедија во семејството сакал да се откаже од „Ѕвездите на гранд“, а вчера победи! Ова е тешката судбина на Махир од БиХ

Од 10 илјади кандидати и 600 учесници во „Ѕвездите на гранд“ на крајот останаа само тие двајца – Исак Шабановиќ од Црна Гора и Махир Мулалиќ од Босна и Херцеговина.

Само неколку стотина гласови ги делеше овие двајца млади пејачи до крајот на третиот круг во финалето на ова шоу, за да на крајот нивната разлика во гласови биде само три илјади.

Но, сепак малку фалеше победникот пред неколку месеци да се откаже од целото натпреварување.

Кандидатот од тимот на Марија Шерифовиќ од почетокот беше фаворит за победа, но во април се откажал од шоуто поради смрт во неговото семејство.

Имено на Махир му починала мајката, а тој не најде сила да продолжи со натпреварувањето. Тој тогаш на Инстаграм се прости од мајка му со потресни зборови, а поддршка доби и до Марија Шерифовиќ.

Сепак, на крајот по разговор со Марија тој одлучил да се врати во шоуто за да на крајот вчера биде прогласен за победник.