Tag Archives: покрив

(Видео) Ја вpзaл свojата дeвojка на пoкривoт од автoмoбилoт и вoзел со една рака во лисици

Сергеј Косенко, руски инфлуенсер, ги оставил вчудоневидени другите возачи и минувачи кои биле присутни на улиците во Москва во моментот кога тој „ја тестира својата врска“.

Тој го возел својот скап автомобил „Бентли“ во Москва додека неговата девојка Илона била на покривот на автомобилот со нозете врзани со јажиња.

Бидејќи тоа не било доволно, инфлуенсерот одлучил да не ги користи двете раце додека вози, па така едната рака со лисици решил да ја врзе за раката на својата девојка.

Косенко и неговата девојка возеле низ улиците на Москва поради најновиот предизвик на социјалните мрежи наречен „тест за доверба“.

Укpaден бpoнзен покpив од манастир (Фото)

Граѓаните се во неверување, а коментарите на социјалните мрежи се жестоки откако на социјалните мрежи вирално започна да се шират фотографии од покривот на манастирот во Бучин Св. Горгиј.

Имено на фотографиите се гледа како недостасува половина од покривот на манастирот кој бил украден во текот на ноќта од засега непознати сторители.

Можеме слободно да кажеме дека Македонија го допре дното кога сиромаштијата ги тера луѓето да ја погазат сопствената вера за некој денар повеќе.

Бучин се наоѓа во Прилепско Поле, како најјужно село во Општина Крушево и претставува раскрсница помеѓу градовите Крушев Демир Хисар, Битола и Прилеп.

Кај селото Бучин на желеничката пруга има два тунела, а во месноста помеѓу тунелите се наоѓа манастирот Св. вмч. Георгиј – Ѓурѓовден.

Зголемената побарувачка и дефицитот на понудата може да доведе до глобален недостиг на бакар, што ќе предизвика скок на цената на 20.000 долари по тон за највеќе четири години.

Залихите на бакар мерени во тони се во моментов на ниво забележано пред 15 години и доволни се за покривање на само три недели побарувачка, наведува Мајкл Видмер, стратег за трговски пазари во втората најголема американска банка – Банк оф Америка, во анализата која ја пренесе Си-Ен-Ен.

„Во врска со тоа, предвидуваме дефицит на пазарот на бакар и понатамошен пад на залихата оваа и наредната година“, вели аналитичарот.

Растот на волатилноста на цената како резултат на падот на залихата не е без преседан, истакнува Видмер, наведувајќи дека недостигот прв пат се појави во складиштата на Лондонската берза на метали во текот на 2006/07. година и предизвика скок на цената на никелот за повеќе од 300%.